Цвикау () — поранешен округ во југозападниот дел на сојузната покраина Саксонија, Германија. Соседни окрузи биле (од североисток надесно) Кемниц, Штолберг, Ауе-Шварценберг, Фогтланд и окрузите Грајц и Алтенбург во Тирингија. Слободниот град Цвикау се наоѓал во средината на округот и речиси бил окружен од него.

Историја

Со реформата на окрузите на 1 август 1994 година, руралниот округ Цвикау бил создаден со седиште во Вердау. Со реорганизацијата на одредени заедници на општини на 1 јануари 1999 година, округот повторно ги променил границите. Местата Кајнсдорф, Мозел, Оберотенбах и Шлунциг биле припоени кон Цвикау, против волјата на луѓето кои живееле таму.

Во август 2008 година, како дел од реформата на окрузите во Саксонија, окрузите Цвикау, Кемниц и урбаниот округ Цвикау биле споени во новиот округ Цвикау.

Географија

Округот се наоѓа во Рудните Планини (Erzgebirge), додека главна река е Цвикауер Мулде и Плајсе.

Градови и општини

ГрадовиОпштиниКримичау Хартенштајн Кирхберг Вердау Вилденфелс Вилкау-ХаслауКриницберг Денхериц Фрауројт Хартмансдорф кај Кирхберг Хиршфелд Лангенбернсдорф Лангенвајсбах Лихтентане Милзен Нојкирхен Рајнсдорф

Надворешни врски Официјална страница