Брест — село во Општина Чучер-Сандево, во околината на градот Скопје.
Географија и местоположба Селото се наоѓа во северните предели на Скопска Црна Гора.
Историја
Археолошки наоѓалишта Кале — доцноантички кастел спекула и збег;
Во век, селото е дел од нахијата Кара Даг во Скопската Каза во Отоманското Царство. Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 39 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 192 мажи муслимани, со 1 новороденче. Се проценува дека селото во тој период имало 386 жители.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Брест живееле 240 жители, сите Арнаути муслимани.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 206.
Во 1913 година, селото имало 1014 жители. Било дел од Општина Бродец.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 1250 Албанци.
Население
На пописот од 2002 година, селото имало 569 жители, од кои 564 Албанци, 1 Ром и 4 останати.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 278 жители, од кои 230 Албанци и 48 лица без податоци.
Родови
Брест е албанско село.
Според истражувањата од 1941 година, родови во селото се.
Доселеници: Муриз (60 к.) доселени се кон крајот на XVIII век од северна Албанија. Припаѓале на фисот Бериша; Тенџер (55 к.) доселени се од северна Албанија кога и претходниот род. Исто така се од фисот Бериша; Мулија (42 к.) доселени се од северна Албанија. Припаѓале на фисот Красниќи; Малина (24 к.) доселени се од северна Албанија. Овде се доселиле преку Косово. Припаѓаат на фисот Шаља; Маслан (14 к.) доселени се во првата половина на XIX век. Припаѓале на фисот Бериша.
Иселеништво Ова село пред да стане албанско, било православно македонско. Стари иселеници од селото има во Трпеза кај Гнилане (Љубисав), Бинча во Горна Морава (Шорлиќи, Ѓуриќи, Илиќи, Милкиќи, Џојкини и Цајчиќи). Могила во Горна Морава (Пржиќи). Кучевиште (Рајчиниќи, Шегменовиќи, Црничани, Белинци и Шејкови). Како и во градот Куманово (Вацеве).
Поврзано Скопска Црна Гора Општина Чучер-Сандево Чучер-Сандево
Наводи
Надворешни врски Сателитска снимка на Брест на Карти на Гугл