ФК Данди јунајтед () е шкотски професионален фудбалски клуб од Данди. Основан е 1909 како Данди Хибернијан, па така во 2009 година е прославена стогодишницата од постоењето на клубот. Сегашното име клубот го носи од 1923. Прекарот на Данди Јунајтед е Тероритите, а навивачите се нарекуваат Арапи.

Клуб игра во портокалова опрема од 1960-тите, а на моменталниот стадион, Танадајс парк, играат уште од основањето. Данди Јунајтед моментално се натпреварува во Премиер лига а од 2009. е под водство на менаџерот Питер Хјустон. Тие имаат една титула првак на Шкотска, една титула во Купот на Шкотска и двапати биле победници на шкотскиот лига куп. Во Европските натпреварувања најголеми успеси на клубот се финале на Куп на УЕФА во сезоната 1986-87 и полуфинале на Европскиот куп во сезоната 1983-84.

Титули Шампион на Шкотска: Победник (1):1982-83 Вицешампин (2): 1931-32, 1959-60 Шкотски куп: Победник (1): 1993-94 Финалист (7): 1973–74, 1980-81, 1984-85, 1986-87, 1987-88, 1990-91, 2004-05 Шкотски Лига куп: Победник (2): 1979-80, 1980-81 Финалист (4): 1981-82, 1984-85, 1997-98, 2007-08 Шкотски Челенџ куп: Финалист (1): 1995-96

Надворешни врски

Официјално мрежно место на клубот Данди Јунајтед Поранешен мрежно место на Данди Јунајтеда

Данди Јунајтед