мини|400п|Ширењето на црната смрт во Европа од 1346 до 1353 г. мини|десно|Црната Чума во окови на фреска во црквата „Св. Петар и Павле“ во реканското село Тресонче. Црната смрт или црна чума — една од најголемите пандемии во историјата на човештвото, која го достигнала својот врв во Европа во периодот од 1346–53 г. и резултира со смрт на 75 до 200 милиони луѓе. Иако, постојат повеќе теории за етиологијата на црната смрт, анализите на ДНК од жртвите од северна и јужна Европа во 2010 и 2011 година покажале дека причинителот бил бактеријата Yersinia pestis, најверојатно предизвикувајќи различни облици на чума.
Потекло на чумата Црната смрт избила во пустината Гоби во доцните 1320-ти години. Никој не знае зошто. Чумата Bacillus била активна долго пред тоа; всушност самата Европа претрпела епидемија во VI век. Но болеста била релативно прикриена во наредните векови. Знаеме дека климата на Земјата почнала да се лади во XIV век, а можеби и ова т.н мало ледено доба имало некаква врска со тоа.
Без оглед на причината, епидемијата почнала таму и се проширила кон надвор. Додека одела кон запад, се ширела во сите правци, а азиските народи страдале толку сурово, како никогаш порано. Во Кина, населението се намалило од 125 милиони на 90 милиони луѓе, во текот на XIV век. Чумата доаѓа во Европа Чумата се движела по караванските патеки кон запад. Од 1345 г. била на долниот дел на реката Волга. Од 1346 г. стигнала до Кавказ и Крим. Од 1347 година била во Цариград. Ја погодила Александрија во есента, таа година и од пролетта 1348 година, умирале илјадници луѓе дневно. Во Каиро бројот бил седум пати поголем.
Болеста патувала со брод, толку лесно како и по копно. Пристигнала толку брзо на источното Средоземје исто како и во западниот дел.
Пристигнување на Запад Чумата стигнала до Кипар во летото 1347 година. До зимата била во Италија. Од јануари 1348 г. чумата ја имало во Марсеј. Сигнала во Париз во пролетта 1348 г., а во Англија во септември истата година. Движејќи се по трговските патишта на Рајна, чумата пристигнала во Германија во 1348 г. и во Ниските Земји во истата година. Годината 1348 била најлошата од годините на чумата.
Стигнувањето на болеста до периферијата на Европа траело подолго. Во Норвешка пристигнала во мај 1349 година. Во источните Европски земји стигнала во 1350 г., а во Русија во 1351 година.
Бидејќи болеста имала тенденција да ги следи трговските патишта и да се концентрира во градовите, стигнувала по индиректен пат: на Блискиот Исток, на западното Средоземје, а потоа во северна Европа, па во Русија. Напредокот на чумата ја опишува географијата на средновековната трговија. За болеста Бубонската чума е медицински термин. Тоа е Bacillus, организам најчесто носен од глодачи. Стаорците, но и други глодачи исто така, а кои постојано биле во контакт со кучињата, ги носеле овие болви и ги заразиле другите животни. Луѓето насекаде патувале, а со нив и овие животни, кои биле во нивен постојан физички допир. За разлика од мачките, кои постојано го чистат сопственото крзно, кучињата ја немаат таа особина, па тие постојано се валкани и лесно заразни. Така, стаорците и другите слични глодачи, лесно ги пренесувале болвите и заразните болести, а преку кучињата се заразиле и мачките, сè до царските дворови, каде жените, принцезите и кралиците ги чувале овие животни, па дури и спиеле со нив, а болвите слободно се движеле низ човекот-домаќин. Потоа болвата ја пренесува крвта од стаорецот во човекот, заразувајќи го. „Стомакот на заразениот станува блокиран и умира од глад. Тоа е грозна болест за секого“.
Симптомите вклучуваат висока температура, болки во екстремитетите и повраќање на крв. Најкрактеристичен симптом е отекување на лимфните жлезди. Овие жлезди можат да се најдат во вратот, пазувите и препоните. Отокот е испакнат и лесно видлив; неговата темна боја го дава името на болеста – црна смрт.
Отоците продолжуваат да се зголемуваат за на крајот да пукнат. Кратко потоа следи смртта. Целиот процес, од првите симптоми на треска и болки, до крајниот стадиум, трае само три до четири дена. Брзината на болеста, ужасната болка, морничавиот изглед на жртвите, придонеле чумата да биде особено застрашувачка.
Облици на болеста Епидемијата од чума е обично фатална, иако не е неизбежно тоа. Денес имаме лекови со кои може да се излечи, ако се интервенира на време. Но, ако жртвата веќе е изложена на ризик, преку недоволна исхранетост или друга болест, таа е посмртоносна. Имало многумина во 1340 година кои биле изложени на таков ризик.
Историчарите се под тежок притисок да ја објаснат значителната смртност во 1348 година. Најдобра претпоставка е дека имало повеќе од еден вид на чума во Европа.
Постојат два други вида на болеста: септикемична чума, која ја напаѓа крвта и пневномична чума, која ги напаѓа белите дробови. Втората е особено опасна, бидејќи може да се пренесе преку воздухот. И двете се речиси 100% фатални.
Веројатно е дека некоја форма на пневномична чума дејствувала заедно со бубонската чума во тие страшни години.
Опис на болеста На почетокот на октомври 1347 година, дванаесет џеновски галии, влегле во пристаништето Месина, Сицилија.Michael of Piazza (Platiensis) Bibliotheca scriptorum qui res in Sicilia gestas retulere Vol 1, p. 562, cited in Ziegler, 1998, p. 40. Во нив имало толку опасна болест, така што секој кој само ќе зборувал со нив бил заразен од смртоносната болест. Инфекцијата се ширела на сите кои имале каков било контакт со заболените. Заразените чувствувале болка низ целото тело, или може да се каже биле со нарушено здравје. Потоа се проширила на бутовите или на надлактицата како чир со големина на леќа. Заразено било целото тело, а пациентот повраќал многу крв. Ова повраќање на крв продолжувало без престан три дена.
Не само што починале сите оние кои разговарале со нив, туку исто така и оние кои допреле или користеле некои од нивните работи. Кога жителите на Месина дознале дека оваа ненадејна смрт произлегла од џеновските бродови, тие веднаш ги отстраниле од пристаништето и градот. Но болеста останала и предизвикувала ужасна смрт. Умирале сите кои живееле во иста куќа со заразен, дури и мачките и другите домашни животни. Како што бројот на смртни случаи се зголемил во Месина, многумина сакале да ги исповедаат своите гревови на свештениците и да ја подготват последната желба и тестамент. Но Проповедниците, адвокатите и нотарите одбиваа да влезат во домот на заболениот. Наскоро, труповите лежеа оставени во куќите. Ниту еден Проповедник, син, татко, ниту една врска не се осмели да влезе, туку ангажирале слуги, високо платени, да ги погребаат сите загинати. Куќите на починатите остануваат отворени со сите свои вредности, злато и скапоцени камења. Кога катастрофата го достигна својот врв, Месенијанците решија да емигрираат. Еден дел од нив се населиле во виноградите и полињата, но поголем дел побарале засолниште во градот Катанија. Но болеста се залепи за бегалците и ги придружуваше секаде каде што ќе се обратеа за помош. Оние кои стигнаа до Катанија го земаа нивниот последен здив во Катанските болници. Преплашените граѓани не дозволија закопување на бегалците од Месина во рамките на нивниот град, па така сите тие беа фрлени во ровови ископани надвор од зидините. Луѓето од Месина беа дисперзирани преку целиот остров Сицилија, а со нив и болеста, така што без број луѓе загинаа. Градот Катанија остана без своите жители и на крајот потона во целосен заборав. Тука, не само што се појавија “изгорените пликови“, но исто така и отечени жлезди на препоните, рацете или на вратот. На почетокот биле во форма на лешник, и биле проследени со страшни трески кои за кратко време придонесувале болните да се чувствуваат толку омалаксани така што не можеле да станат од кревет, биле приморани да лежат со страшна треска. Наскоро отокот се зголеми со големина на орев, потоа на онаа на јајце од кокошка или од гуска, и била претерано болно, го иритираше телото, предизвикувајќи заразеност да повраќа крв. Болеста траеше три дена, а четвртиот најкасно, пациентот подлегнуваше. Штом некој во Катанија била заробен од главоболка и треска, знаеше дека тој е обврзан да почине во рамките на одредено време. Кога чумата го достигна својот врв во Катанија, патријархот ги назначи сите проповедници, дури и најмладите со сите свештенички овластувања за разрешување на гревовите кој тој самиот ги поседува како епископ и патријарх. Но чумата беснееше од октомври 1347 до април 1348 година. Самиот патријарх била еден од последните кои беа однесени. Тој почина исполнувајќи ја својата должност. Во исто време и грофот Џовани кој внимателно го избегнуваше секој заразен дом и секој пациент, почина.
Друг опис на болеста Од Анголо ди Тура, од Сиена: „Морталитетот во Сиена значително се зголеми во мај. Тоа била сурова и ужасна работа. Сите изгледаа како шокорирани гледајќи ја болката. Невозможно е со зборови да се опише ужасната вистина .Впрочем, оној кој не го гледаше таквиот хорор, може се рече дека е благословен. Жртвите умираа речиси веднаш. Тие отекуваа под пазувите и препоните и губеа свест додека зборуваа. Татковците ги напуштаа децата, жените своите мажи, брат со брат; оваа болест зела замав по сите страни. И така умираа. Никој не се наоѓаше да го закопа мртвиот за пари или од пријателство. Членовите на едно домаќинство ги донесоа своите мртви во ровот, како најдобро што можеа да направат, без свештеник. Во многу места во Сиена големи ровови биле ископани и во нив длабоко наредени мртвите. И илјадници умираа, дење и ноќе, и сите беа фрлени во тие ровови покриени со земја. Штом тие ровови ќе се пополнеа, нови беа ископувани. Јас, Анголо ди Тура ги погребав моите пет деца со сопствените раце. И толку многу умираа, што сите мислеа дека е крај на светот.“ Официјални реакции Спротивно на она за што би можело да се помисли, реакцијата од јавните службеници, и од многу црковни, била дека оваа катастрофа не била одмазда на Бог врз грешниот свет, туку била зараза. Властите преземаа чекори за да се справат со заразата, но се разбира нивната делотворност била ограничена. Градовите беа најтешко погодени и се обидуваа да преземат мерки за контрола на епидемијата што никој не можеше да ја сфати. Во Милано, како еден од најуспешните примери, градските власти веднаш ги заѕидале куќите во кои сметале дека е присутна болеста, изолирајќи ги здравите во нив заедно со болните. Венеција презеде софистицирани и строги здравствени мерки, вклучувајќи и изолирање на сите дојдовни бродови на посебен остров. Но посекако, луѓето умираа, иако помалку во Милано и Венеција, отколку во другите градови што немаа такви мерки. Медицински мерки Бидејќи Владата дејствува за да се спречи или контролира катастрофата, но несреќата продолжува, луѓето се надеваат на други лекови. Многу веруваа дека болеста се пренесува по воздушен пат, веројатно затоа што мирисот од мртвите и смртта беа толку страшни. Луѓето гореа секаков вид на темјан: смрека, ловор, бука, бор, листови лимон, рузмарин, камфор и други. Марамчиња беа потопувани во ароматични масла, за да се покрие лицето кога се излегува надвор. Лекот од звукот била друг лек. Во градовите звонеа црковните звона со цел да ја уништат чумата, за секаков вид на криза звонеле градските звона. И немаше крај на талисманите, амајлиите и магиите кои можеа да се купат од локалните „мудреци“ и аптеки. Луѓето беа очајни за лек и би направиле се, безразлика колку е тоа необично или чудно. Научно мислење Причината за болеста била прашање од интерес за многу луѓе. Луѓето ја гледале чумата како казна од Господ поради времињата кога биле одвоени. Ова било сосема вулгарно мислење, како и да е учените го разбирале тоа подобро отколку што верувале. Но што е тогаш изворот на чумата?