Бучим — село во Општина Радовиш, во околината на градот Радовиш.
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 320 жители, со што селото се вбројува во средни села во областа на Конче и Радовиш.
Потекло и значење на името
мини|300п|лево|Поглед на селото
Името на селото првпат се сретнува во историските документи како Бучим во век (1573 г.). Се претпоставува дека доаѓа „бучин“ што означува долг рид или пак од бука (придавско образување бучје).
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на крајната западна страна на територијата на Општина Радовиш, сместено во областа Јуруклак, а во истоименото рударско подрачје за експлоатација на бакар. Селото е ридско, сместено на надморска височина од 670 метри. Од градот Радовиш е оддалечено 15 километри.
До селото води асфалтен пат.
Клима
Овој регион се одликува со високи температури, како одлика на изменетосредоземна клима. Според податоците од мрежата на метеоролошки станици на Управата за хидрометеоролошки работи, просечната годишна температура во подрачјето изнесува 12,8°С.
Историја
Според бројните археолошки наоѓалишта во близина на селото, може да се потврди дека во атарот на селото постоел живот уште во дамнина.
Стопанство
Атарот на селото зафаќа простор од 18,3 км2, при што преовладуваат пасиштата со површина од 1.147,6 хектари, на шумите отпаѓаат 363,3 хектари, а на обработливото земјиште 231,3 хектари.
Во основа, селото има полјоделско-сточарска функција. Во селото работи продавница.
Рудник „Бучим“
Истоимениот рудник за бакар се наоѓа во непосредна околина на селото Бучим, на јужниот обод на планината Плачковица. Територијално и административно, рудникот припаѓа на општина Радовиш и се наоѓа на 12 километри од градот Радовиш. Рудникот Бучим се наоѓа во централно–источна Македонија, на средна надморска височина од 620 метри.
За самиот рудник а и за околината околу рудникот се направени многубројни истражувања. Едно од тие истражувања е направено за влијанието на рудникот врз почвите во неговата околина, при што одредена е погуста мрежа на мерни места. Земени се примероци од површински почви од 25 лежишта во пошироката околина на рудникот и флотацијата за бакар „Бучим“. Целта на ова истражување е анализите на тешки метали во примероци од почви, односно следење на влијанието на работата на рудникот Бучим врз почвите во околината. Анализата е извршена на 20 елементи (Ag, Al, As, Ba, Ca, Cd, Co, Cr, Cu, Fe, K, Li, Mg, Mn, Na, Ni,Pb, Se, Sr и Zn), при што определувањето на овие елементи е извршено со примена на атомската впивна и оддавна спектрометрија.
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Бучим живееле 200 жители, сите Турци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 230.
Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Бучим живееле 128 жители, сите Турци.Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 240.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Турци.
Во селото живеат Турци, од групата Јуруци. Селото во 1961 година броело 192 жители, а во 1994 година бројот се зголемил на 337 жители, турско население.
Според пописот од 2002 година, во селото Бучим живееле 320 жители, сите Турци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 400 жители, од кои 388 Турци и 12 лица без податоци.
Општествени установи
мини|300п|десно|Основното училиште во селото
Основно училиште „Никола Карев“, подрачно петгодишно основно училиште во состав на ОУ „Никола Карев“ - Радовиш Месна заедница
Самоуправа и политика
Во век, Бучим било село во Радовишката Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Радовиш, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година со Општина Подареш. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Радовиш.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Ињево, во која покрај селото Бучим, се наоѓале и селата Воиславци, Горна Враштица, Дамјан, Дедино, Долна Враштица, Ињево, Погулево, Сулдурци и Топалница. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната Општина Тополница, во која влегувале селата Али Коч, Бучим, Коџалија, Прналија, Супурѓе и Тополница.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1598 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 300 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 317 гласачи.
Културни и природни знаменитости
Археолошки наоѓалишта Бунарџик — средновековна населба; Воденичарски Пат — тумул од железното време; Грамада — некропола од железното време; Клисекајси - средновековна некропола Падарница — тумул од железното време; и Тумбарка — тумул од железното време.
Џамии Џамија — главна селска џамија.
Езера Бучимско Езеро — мало езеро во близина на селото
Култура и спорт
Во селото игра ФК „Бунарџик“, кој се натпреварува во Општинската фудбалска лига.
Галерија
Наводи
Поврзано Јуруклак Општина Радовиш Радовиш
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Радовишки села Категорија:Села во Општина Радовиш