Шон Сент-Леџер Хол (Солихал, 28 декември 1984) — ирски фудбалер и репрезентативец на оваа земја иако има англиско потеколо. Тој во моментов настапува за екипата на Лестер Сити. Сент-Леџер беше дел од репрезентацијата на Ирска која беше поразена во контроверзен натпревар од Франција во баражите за Светското првенство 2010, а исто така беше член на својата репрезентација на Евро 2012 и го постигна единствениот погодок за ирците на турнирот.

Сент-Леџер ја започнал својата кариера играјќи за екипата на Питерборо Јунајтед за да во 2006 година направи трансфер во Престон за сроман сума од € 250 000. Во 2009 тој помина четиримесечен период на заем во Мидлзборо пред во летото 2011 година да стане нов играч на Лестер Сити за сума од 1,4 милиони €.

Надворешни врски

Шон Сент-Леџер на soccerway Sean St Ledger profile at ФК Престон Норт Енд

Категорија:Живи луѓе Категорија:Ирски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Лестер Сити Категорија:Фудбалери на Европско првенство 2012 Категорија:Англиски фудбалери Категорија:Родени во 1984 година