Македонско-словенечките односи се надворешните односи меѓу Македонија и Словенија. Двете држави имаат многу блиски политички и економски односи. И двете републики биле дел од СФРЈ и подоцна прогласиле независност (Словенија во јуни, Македонија во септември) и се признаа меѓу себе на 12 февруари 1992.Republic of Slovenia - Government Communication Office Дипломатските односи меѓу двете држави беа воспоставени на 17 март 1992. Словенија го поддржува суверенитетот, територијалниот интегритет, Евро интеграцијата и визната либерализација на Република Македонија. Има значаен број на словенечки инвеститори во Македонија. Во 2007, беа инвестирани околу 70 милиони евра.Vecer Online Во јануари 2009, македонскиот премиер Никола Груевски рече дека тој очекува повеќе словенечки инвестиции во инфрастуктурата и енергетски проекти. Словенија е првата држава која ја признала Македонија.

Македонија има амбасада во главниот град, Љубљана. Словенија има амбасада во Скопје и почесен конзулат во Битола.

Потпишани договори

Договор за слободна трговија Договор за меѓусебна промоција и заштита на инвестициите Договор меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Словенија за одбегнување на двојното оданочување по однос на данокот на доход и данокот на капитал

Наводи

Словенија