Бад Емс () — бањски град во Рајнската област-Пфалц, Германија. Претставува административен центар на руралниот округ Рајна-Лана и познат како бањско одморалиште и лекувалиште на реката Лана. Бад Емс е седиште и на месната општинска заедницагерм. Verbandsgemeinde Бад Емс.
Географија Градот е изграден на обете страни на реката Лана, која претставува природна граница помеѓу ридските системи Таунус и Вестервалд во состав на Рајнските Шкрилни Планини. Подрачјето на Бад Емс и околните приградски населби влегува во состав на природниот резерват на Насау.
Жичената железница „Курвалдбан“ води од градот до видиковец на емската Бизмаркова кула (Bismarckturm).
Историја Во времето на Римското Царство, на местото е изградена тврдина како крепост во состав на горногерманската граница на царството, но денес преостануваат само малку наоди од неа. Позабележителни белези од тоа време можат да се среднат во околните шуми, каде се забалежуваат остатоци од некогашната римска граница.
Местото за првпат се споменува во документи од 880 г., а добило статус на град во 1324. Грофовите на Насау и грофовите на Каценелнбоген изградиле нови бањи, каде приредувале гозби за гости.Историја на грофовијата Каценелнбоген и првиот ризлинг во светот Во XVII и XVIII век Бад Емс важел за еден од најпознатите бањски одморалишта во Германија. Својот врв го достигнал во XIX век, кога имал гости од целиот свет и станал омилено летувалиште на разни европски владетели и културни дејци, вклучувајќи го кајзерот Вилхелм I, руските цареви Николај I и Александар II, композиторот Рихард Вагнер, писателот Фјодор Достоевски, сликарот Василиј Верешчагин и многу други.
Во 1870 г. градот (тогаш дел од пруската покраина Хесен-Насау) се прочул како местоо на испраќање на т.н. „емска телеграма“, која станала повод за Француско-пруската војна. Во рускиот цар Александар II го 1876 е потпишаал Емскиот указ, со кој се забранува употребата на украинскиот јазик. Денес на тоа место се наоѓа споменик што сведочи за овој настан.
Стопанство Стопанството во градот е потесно поврзано со бањите и угостителството, но застапени се и други гранки како медицината и електротехниката и туризмот.
Збратимени градови
Бад Емс е збратимен со: Дројтвич Спа (Велика Британија) Лубин (Полска) Кон Кур на Лоара (Франција) Бланкенфелде-Малов (Германија)
Наводи
Stella Ghervas, « Spas' political virtues : Capodistria at Ems (1826) », Analecta Histórico Médica, IV, 2006 (со A. Franceschetti). Bad Ems- Википедија на германски јазик (рев. 5 септември 2005)
Надворешни врски
Бад Емс - градски портал
Галерија
Категорија:Бањски градови во Германија