Вера (герм. Werra) — река во средна Германија, една од двете изворни реки на Везер. Извира кај Ајсфелд во јужниот дел на покраината Тирингија. Долга е 293 км, по што се спојува со реката Фулда во Хановерски Минден, образувајќи го Везер.
Долината на Вера претставува природна граница помеѓу масивот Рен и Тириншката Шума. Забележителности во ова место се шумата Ајбен кај Дермбах, „пештерата од приказните“ кај Валдорфд, најдлабокото езеро во Германија образувано со спуштање на тлото (кај Бернсхаузен) и рушевините на замокот „Крајенбург“ (VIII век).
Населени места По течението на Вера се среќаваат следниве поважни населени места: Хилдбургхаузен, Мајнинген, Бад Залцунген, Тифенорт, Меркерс-Кизелбах, Херинген, Филипстал, Герстунген, Ванфрид, Ешвеге, Виценхаузен и Хан. Минден.
Поврзано Алер Димел
Наводи
Надворешни врски Крајенбург
Категорија:Реки во Хесен Категорија:Реки во Долна Саксонија Категорија:Реки во Тирингија