Дил (герм. Dill) — река што тече низ средишниот дел на покраината Хесен, Германија и има должина од 55 км. Таа е десна притока на Лана, во која се влева кај градот Вецлар.

Течение Реката тече исклучиво низ округот Лана-Дил во Хесен. Извира на надморска височина од околу 567 м,Хидрокартографска служба на Министерството за животна средина, енергетика, земјоделство и заштита на потрошувачот северно од Хајгер-Офдилн на источните падини на планинскиот предел Хајнски Вис (Haincher Höhe), кајшто се среќаваат венците Ротаргебирге и Вестервалд. Течението има приближна насока од север кон југ и минува низ местата Хајгер, Диленбург, Херборн, Аслар, за на крај да се влее во Лана кај Вецлар.

Многу места по течението имаат имиња изведени од реката. Во горното течение, такви се Одфилн, Дилбрехт, Фелердилн, Диленбург, а подолу се среќава Дилхајм.

Притоки Гледано низводно, најголеми притоки на Дил се: Росбах, Хајгербах, Аубах, Донсбах, Дицхелце, Нанценбах, Шелде, Ар, Амбах, Ребах, Лемп и Блазбах.

Наводи

Надворешни врски Статистики за реката – Аслар Статистики за реката – Диленбург Статистики за реката – Хајгер

Категорија:Реки во Хесен Категорија:Рајнски слив