Мојзелвиц () — град во округот Алтенбург, во Тирингија, Германија. Се наоѓа 12 километри северозападно од Алтенбург и 11 километри источно од Цајц.

Историја

Во текот на Втората светска војна, во градот постоел подкамп на концентрацискиот камп Бухенвалд. Тој обезбедил работна сила за HASAG, третиот најголем барател на принудна работна сила во текот на војната. Сите подкампови на Бухенвалд биле фабрики на „HASAG“. Подкампот во Мојзелвиц имал 1.666 затвореници, од кои 1.376 жени. СС плаќал помалку за жени, бидејќи имале повисока стапка на морталитет.Едвард Виктор.Список на кампови, подкампови и други кампови.www.edwardvictor.com/Holocaust/List %20 of %20 camps.htm Винтерсдорф е дел на градот Мојзелвиц од 1 декември 2007.

Наводи

Категорија:Алтенбург (округ)