Нестор Абрахан Камачо Ледесма (роден на 15 октомври, 1987 година) — Парагвајски фудбалер кој игра како играч од средниот ред за Клуб Либертад во Парагвајската Примера Дивизион. Во истиот овој клуб тој и ја започна својата кариера пред да премине во Рубио Њу, а подоцна и во аргентинскиот Њу Олд Бојс по што се врати назад во Либертад.

Toj исто така е и репрезентативец на Парагвај и досега има одиграно 7 натпревари. Своето деби во дресот со националниот грб го имаше на 4 септември 2010 против Јапонија во поразот на неговата селекција со 1-0. Својот прв и до сега единствен погодок за репрезентацијата Камачо го постигна на 7 септември 2011 во пријателски натпревар против Хондурас. Тој го отвори резултатот во 31-вата минута, а парагвајците славеа на тој натпревар со убедливи 3-0.

Надворешни врски Нестор Камачо на soccerway

Категорија:Парагвајски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1987 година