Мосад (хебрејски: המוסד; арапски: الموساد; преведено како Институтот), официјално Институт за разузнавање и специјални операции — израелска разузнавачка агенција. Одговорна е за прибирање на разузнавачки информации, организирање на тајни операции, контраразузнавање, спречување на паравоени активности и атентати, како и борба против тероризмот.

Мосад е една од најдобро познатите и високо вреднувани агенции за разузнавање во светот. Позната е по својата ефикасност и се смета дека во голема мера придонесува за стабилноста и безбедноста на Израел. Седиштето на агенцијата се наоѓа во Тел Авив.

Историја Мосад официјално е формирана на 13 декември 1949 година под името Централен институт за координација, по препорака на премиерот Давид Бен-Гурион до Реувен Шилоах, негов познаник. Бен-Гурион сакал да создаде централно тело кое ќе ја координира и ќе ја напредне соработката меѓу постоечките тајни служби како Директоратот за воено разузнавање, т.н. Аман, Израелската безбедносна агенција, позната и по кратенките Шабак и Шин Бет, и странските служби. Сепак, Мосад не бил активиран сè до 1 април 1951 година поради административни причини. Претходно, во март 1951 година службата била реорганизирана и надградена како дел од кабинетот на премиерот, потчинета директно на него. Нејзин прв директор, уште од 1949 година бил Шилоах, кој бил наследен од Исер Харел во 1953 година.

Надворешни врски www.globalsecurity.org - Мосад

Категорија:Израелски разузнавачки служби Категорија:Појавено во 1949 година