Аероп (707/8 – 659 пр.н.е.) — брат на македонскиот крал Пердика I, основачот на македонската династија Аргеади.

Според легендата (раскажана од Херодот) трите браќа, Пердика, Аероп и Гаван од Арг доаѓаат во Лебаја да работат кај кралот; оттаму бегаат и пристигнуваат во „друг дел на Македонија и се населуваат до таканаречените Градини на Мида (син на Гордиј). Откако го зазеле тоа место, браќата, тргнувајќи оттаму, преземале напади, па ги покориле и другите делови на Македонија“.

Името на Аероп е епиграфски посведочено: A(е)иропос во Линкестида.Herodotus, I–IV, 4 Vols., Loeb Classical Library, Hardward University Press, 1961Херодот, Историја. Прев. Д. Чадикова, Скопје, 1998Н. Проева, Студии за античките Македонци, Скопје, 1997.

Поврзано Аероп I, Крал на Македонија, 602 – 576 гпне Аероп II, Крал на Македонија, 399 – 393 гпне Аероп Линкетидски командант во војската на Филип II

Наводи

Категорија:Античка Македонија