Ханс Цимер (, роден на 12 септември 1957) — германски филмски композитор и музички продуцент. Тој е познат по создавањето на музиката за преку стотина филмови вклучувајќи ги Кралот Лав (1994), Гладијатор (2000), Последниот самурај (2003), Темниот витез (2008) и Почеток (2010).
Ханс пораснал во Германија и се школувал во Англија, каде завршил во приватното училиште. Уште како дете поседувал во својот дом пијано а краток период бил и на часови, но многу брзо прекратил бидејќи ја мразел дисциплината на формалните лекции. Како тинејџер се преселил во Лондон каде учел во Hurtwood House.
Својата кариера ја започнал компонирајќи на синтисајзер во 1970-тите во групата Krakatoa.Krakatoa at Myspace Music. Zimmer is second from right. Retrieved 2012-09-18.. Исто така соработувал и со Buggles, како и со италијанската група Krisma која била формирена во 1976 година.
Во 1980 година, Цимер соработувал со Стенли Маерс, филмски композитор кој компонирал музика за над шеесет филмови, со кој основале студио во Лондон. Тие заедно работеле кон спојување на традиционалниот оркестарски звук со електронските инструменти.
Пресвртница во неговата кариера случила со 1988 со филмот Дождовен човек.. По една година ја прифатил понудата компинирајќи ја музиката од филмот Возејќи ја г-ца Дејзи
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Франкфурт
Категорија:Германски Евреи Категорија:Офицери на Орденот за заслуги за СР Германија