240px|мини|десно|Задната страна на винил изданието 240px|мини|десно|Мегадет во Норвешка, 2010 г. Wake Up Dead е песна на Мегадет од нивниот втор студиски албум Peace Sells... but Who's Buying?. Ова бил првиот објавен сингл од споменатиот албум, а воедно и прва нумера од тој диск.Куса биографија Историјат на Мегадет Заедно со „Peace Sells“ се едни најпознатите песни на Мегадет и задолжителен дел од секој настап во живо.setlist.fm Најизведувани песни во живо Композицијата започнува со брзо интро на тапани, по што следуваат акордите на гитара и текстот. Иако има долг инструментален мост помеѓу двете строфи, песната не е чисто солирање на електрична гитара. Текстот говори за љубовното неверство на Мастејн кон неговата девојка, и за тоа како таа би го убила кога би дознала за неговите ноќни сеанси. Враќајќи се доцна од клубот со другарите, тој се обидува да се прикраде во креветот, но притоа да не ја разбуди девојка му. Ако ја разбуди, таа би му го одзела животот како казна за неговото неморално однесување.

Снимен е и видео запис за оваа песна, во режија на Пенелопа Сферис. На спотот е прикажан перформанс на бендот во железен кафез. Како што песната одминува, обожавателите збеснуваат и постепено влегуваат во кафезот. Се смета дека овој филмуван запис е класичен приказ за една хеви-метал журка.

Марти Фридмен при аудицијата за нов гитарист во Мегадет, ја свирел токму оваа песна. Американскиот дет метал бенд World Under Blood ја има преработено песнава. Нивната верзија се наоѓа на албумот Tactical (издаден 2011 г.), како деветта нумера. Водечкиот гитарист и вокал на тој бенд, Дерон Милер, има изјавено дека „Wake Up Dead“ е негова омилена песна од Мегадет, и дека нивната преработка „смртно би го исплашила Дејв Мастејн кога тој би ја слушнал“.Преработката од World Under Blood Дерон Милер на Мајспејс

Песни на винил изданието од Wake Up Dead Прво издание Wake Up Dead - 3:37 Good Morning/Black Friday (во живо) - 6:40 Второ издание Wake Up Dead - 3:37 Good Morning/Black Friday (во живо) - 6:40 Devil's Island (во живо) - 5:05 Сите песни во живо беа снимени во Лондон, 1986 г.The Realms of Deth Список на песни

Музички персонал Дејв Мастејн - вокал и ритам гитара Крис Поланд - водечка гитара Дејвид Елефсон - бас гитара Гар Семјуелсон - тапани

Наводи

Надворешни врски Текстот на песната Спотот за Wake Up Dead на YouTube Поврзано Мегадет Peace Sells... but Who's Buying?

Категорија:Песни на Megadeth