Фердинан Ежен Виктор Делакроа (; 26 април 1798 – 13 август 1863) — француски ликовен уметник, кој извршил огромно влијание врз романтичарското движење во Европа. Бил познат како мајстор на боите, бидејќи како ученик на раните англиски романтичари, успешно ги комбинирал нивните ликовни принципи создавајќи свој уникатен стил на сликање. Освен за сликарите, Делакроа бил инспирација и за книжевните уметници поради својот вроден вкус за естетика. Неговите мајстории на платното се пример на кој се угледуваат многумина од современите сликари.
Случувањата од тоа време го диктирале правецот по кој се развивала неговата техника. Негови ликовни идоли биле Петар Паул Рубенс и претставниците на Венецијанската ренесансна школа. Ја пропатувал речиси цела Европа, но сепак Мароко била земјата која најмногу го воодушевила. Уживал голема популарност во текот на неговата долга и успешна кариера. Добил многубројни награди и признанија од академијата и владата во неговата татковина. Обработувал сцени кои изобилувале со крв и насилство, притоа употребувајќи силни и впечатливи бои. Таа негова определба наишла на негодување во одредени кругови, но ги придобила симпатиите на сите останати. Имал работна навика да ги илустрира познатите творби на великаните како Вилијам Шекспир, Валтер Скот и Волфганг Гете.
Еженовите дела засекогаш го промениле светот на визуелната уметност, а неговото творештво имало силен одраз врз оформувањето на импресионизмот и постимпресионизмот.Влијанието на Делакроа Britannica Неговата страст по егзотичното и недопирливото биле идеи што ги воспримиле идеолозите на симболизмот. Денес, Делакроа е запаметен како еден од најзначајните француски ликовни романтичари, чиј раскошен талент и генијална умешност се признати од светската ликовна критика.Линк до англиската статија newworldencyclopedia.org Според зборовите на Шарл Бодлер, „Делакроа бил во огнена љубов со страста, но бил силно одлучен да ја изрази страста најпрефинето што можел“.Мислењето на Бодлер за Делакроа getty.edu
Уметничка определба мини|десно|Автопортрет (1860) Историчарите на уметноста го толкуваат романтизмот како реакција на неокласистичкото движење. Ако неокласицистите се фокусирале на ситните детали во описот на историските настани, тогаш романтичарите ја величале непобедливоста на човекот, допирот со природата, божественото во пејзажите и длабоката емоција.
Овој правец се темелел пред сѐ на поединечноста на уметникот, на неговата креативна замисла, имагинација и способност преку делото да пренесе некоја порака. Себеспознавањето е последица од нагласената поединечност кај романтичарите. Водечкиот мотив им бил дека секој поединец може да ја сфати суштината на природата само ако е одделен од влијание на опкружувањето. Мирот и спасението можат да дојадат единствено преку свеста на поединецот, а не преку политичките револуции. мини|лево|„Неименуван цртеж“ (1830) Ликовните дејци како Делакроа биле дел од романтизмот, како едно комплексно уметничко и филозофско движење, кое имало свои претставници во книжевноста, уметничката и интелектуалната сфера. Најголема импресија врз Делакроа извршиле делата на Микеланџело и Петар Паул Рубенс. Иако си развил личен стил на цртање, одредени негови дела неодоливо потсетуваат на овие двајца ликовни великани.
Животопис
Рани години и младост Ежен Делакроа е роден на 26 април 1798 годинаБиографски податоци за Е. Делакроа nndb.com во една париска населба. Негов законски татко бил Шарл-Франсоа Делакроа,Семејството на Делакроа newadvent.org но постојат сомнежи околу тоа кој бил биолошкиот татко.Вистинските родители на Делакроа stay.com Било познато дека Шарл-Франсоа бил неспособен за репродукција, па така постојат одредени мислења дека дипломатот Шарл Морис де Талејран, инаку семеен пријател, бил вистинскиот родител.Кој бил вистинскиот татко на Ежен abcgallery.com Ова негово крвно сродство со Талејран било од пресудно значење за понатамошната кариера на младиот Ежен. Неговите врски со француската влада ќе бидат причина Ежен да добие стипендија за школување. Негова мајка била Викторија Делакроа, ќерка на почитуваниот сликар Жан-Франсоа Обен. Таткото починал во 1804, а мајката во 1816 година оставајќи го 16-годишниот Делакроа како сираче.
Освен овие старателски премрежија, детството на Делакроа му минало прилично спокојно. Логично било да покаже афинитет кон музиката и сликарството бидејќи потекнувал од семејство со уметничка традиција. Доказ за тоа се многубројните награди и дипломи освоени на училишните конкурси. На 17 години заминал на студии кај реномираниот француски академик Пјер-Нарсис Герен.Учениците на Герен National Gallery Кај него започнал со изучување на неокласичните сликари како Жак-Луј Давид,Врската помеѓу Давид и Делакроа renoirinc.com а бил соученик со зачетникот на романтизмот во Франција, Теодор Жерико. Добивал и архитектонски задачи од Адолф Теар, исто така негов ментор од младоста. Така, Делакроа развил обострано и изострено чувство за убавото и естетско. Еден од неговите омилени музички композитори бил Фредерик Шопен. Полскиот виртуоз на пијано го сметал за свој личен духовен татко. мини|лево|„Коработ на Данте“ (1822) Ликовно творештво Под туторство на Герен, Делакроа во 1822 година го изработил својот прв поголем потфат, делото „Коработ на Данте“.Најважните слики на Ежен biography.com Инспирирана била од „Божествената комедија“ на Данте Алигиери. Оваа слика била голема сензација во интелектуалните кругови, но исто така предизвикала и потсмев кај неокласичните сликари. И покрај нивното противење, сликата била откупена од музејот во Луксембург. Денес, таа е изложена во парискиот музеј Салон. мини|десно|„Грција под урнатините на Мисолонги“ (1826) Освен споменатата композиција, од тој временски период важна е и „Масакрот на Хиос“. Прикажани се грчки семејства како ја очекуваат смртта или ропството, како последица на тешкиот пораз на Грците од турските војски. На ова платно за првпат ја демонстрирал својата способност истовремено да ги прикаже чувствата и на гордите освојувачи и на невините жртви.Какви бои доминирале во Еженовите слики Info Please Оттогаш па сè до крајот на кариерата, болката и страдањето станале главна преокупација во неговото творештво. Со оваа слика, Делакроа ги искажал своите нескриени симпатии спрема грчката борба за национално ослободување од повеќевековното османлиско ропство. Според неговите биографи, „Масакрот на Хиос“ бил факторот кој го предодредил Делакроа за предводник на ликовниот романтизам.
„Грција под урнатините на Мисолонги“ е втората изведба на платно која имала слична тематика со „Масакрот на Хиос“. Насликана е жена во традиционална грчка облека како жали по загинатите борци во татковинската битка која се одиграла кај Мисолонги. Мотивите кои провејуваат низ ова дело се поддршка во борбата против тиранијата и националното угнетување. Една од причините поради која Делакроа ја одбрал токму оваа битка како главна тема е тоа што на тоа место загинал поетот Бајрон, кого што Делакроа многу го почитувал.Слика посветена на смртта на лорд Бајрон Global Gallery
Наредната година Ежен отпатувал за Лондон, како одблизу би ја проучил дејноста на англиските сликари Џон Констабл, сер Томас Лоренс и Вилијам Тарнер. Познанството со овие уметници придонело за проширување на неговите сликарски видици, дополнителна ликовна едукација и теориска наобразба. Преку анализа на нивните остварувања, Делакроа се надевал дека ќе биде чекор поблиску до примена на ликовните принципи на неговиот идол од барокната епоха, Петар Паул Рубенс.
„Смртта на Сарданапал“ е уште едно маркантно дело произлезено од Делакроа. И повторно биле илустрирани колежи на жени, животни и робови. Раскошниот накит и луксузни ткаенини се во потполн контраст во погубените жртви на сликата. Делото е инспирирано од истоимената поема на поетот Бајрон, иако во содржината на поемата не станува збор за никаков масакр. Сарданапал бил сириски владетел од античката епоха, кој водел епски битки против Александар III Македонски. Кога неговите поданици му откажале послушност и преминале на страната на Александар, тој наредил да се убијат сите оние кои го предале. Делото изобилува со силни и впечатливи бои наспроти застрашувачките сцени на насилство, и истовремено предизвикува и шок и задоволство кај гледачот.Толкување на сликите од Делакроа eht.k12.nj.us
Слобода на барикадите мини|десно|„Слобода на барикадите“ (1830) Ежен Делакроа останал најмногу запаметен како автор на оваа слика.„Слобода на барикадите“ bachelorandmaster.com Изработена е во 1830 година во чест на Француската револуција, по која на власт во Франција дошол Луј-Филип.Кус осврт врз животот Van Gogh gallery Се смета дека ова ликовно остварување ја поставило границата помеѓу романтизмот и неокласицизмот. Делото е неповторлива илустрација на парижаните, кои под татковинското знаме маршираат извикувајќи ја паролата „Слобода, еднаквост, братство“.Најпознатото негово дело articlerich.com Карактеристично за романтичарите, сликата е проткаена со патриотски мотиви, чија основна идеја била да се глорифицира нескротливиот дух на францускиот граѓанин. Намерата на Делакроа не била да го велича настанот, туку едноставно да ги прикаже либералните идеи и погледи.Мислење за „Слободата на барикадите“ sooperarticles.com
Сликата била откупена од тогашната влада, но не била јавно изложена поради пренагласеното истакнување на значењето на слободата. Делото било посебно ценето поради прикриената симболика. Постојат одредени мислења дека жената која што го вее знамето на републиката е приказ на еднаквоста на половите во новото општество. Момчето оддесно кое држи пиштол во раката е Гаврош, лик од романот „Клетници“ на Виктор Иго. Денес сликата се наоѓа во музејот Лувр. мини|лево|„Заземањето на Цариград од страна на крстоносците“ (1840)
Подоцнежен период Две години подоцна, во 1832 година, Делакроа заминал за Мароко, како дел од француската делегација која требало да оствари средба со отоманскиот султан Махмуд II. Повод за оваа средба било неодамнешното прогласување на Алжир за француска колонија. Вистинската причина поради која Делакроа ја прифатил оваа понуда на монархот не била од патриотски побуди, туку чисто да дојде во допир со еден, според него, примитивен народ. Преку оваа посета Ежен добил неочекувана можност за поблизок контакт со тамошната култура и обичаи. Ова се одразило и врз неговата понатамошна творечка дејност, вметнувајќи теми од ориенталниот свет во неговите дела.Посетата на Мароко ibiblio.org Тоа што најмногу го фасцинирало кај оваа цивилизација била нивниот начин на живот која е во тотална спротивност со европскиот. Кај него силен впечаток оставиле дречливите бои на нивната облека, арапските жени и многубројните ранчови полни коњи и камили. Сликата „Алжирските жени“ ја посветил на овој регион. Занимливо е тоа што тој не можел да најде жени кои би му позирале при сликањето поради строгите шеријатски закони кои се почитуваат таму. Други позначајни негови дела од овој период се: „Еврејска свадба во Мароко“, „Лов на лавови“, „Арап го оседлува својот коњ“. мини|десно|„Малиот тигар си игра со мајка си“ (1830) Остатокот од својата професионална кариера го минал правејќи надворешни декорации на владините згради. Негова задача биле украсување на внатрешните ѕидови и плафонот, работа што му причинувала задоволство, бидејќи така се чувствувал поблиску до својот идол Микеланџело. Содржината на неговото ѕидно сликарство било во ист контекст со она на Микеланџело, судејќи по својата интензивност и досетливост. Негови позначајни изведби биле екстериерот на палатата Бурбоњ, библиотеката во палатата Луксембург и надворешниот изглед на црквата „Св. Дионисиј“, на чие изготвување потрошил десетина години. Од 1848 до 1851 година го исцртувал таванот на една од галериите во Лувр, за потоа од 1857 до 1861 година да се посвети на капелата од црквата Св. Сулфис.Црквите коишто ги декорирал Paris Info мини|лево|„Алжирските жени“ (1834) мини|лево|„Еврејска свадба во Мароко“ (1839)