thumb|Оулафур Рагнар Гримсон и Владимир Путин во Московскиот кремљ на 19 април 2002 година.

Руско-исландските односи се надворешни односи меѓу Исланд и Руската Федерација.

Русија има амбасада во Рејкјавик, а Исланд има амбасада во Москва, и два почесни конзулати во Мурманск и Санкт Петербург. Двете земји имаат блиски врски во финансирањето, што ги зајакна односите меѓу двете..

Историја

Директните дипломатски односи меѓу Советскиот Сојуз и Исланд биле воспоставени на 4 октомври 1943 година. Во декември 1955 мисиите во Москва и Рејкјавик биле надоградени со отворање на амбасади. Од 1975 година до 1991 година во Исланд Советскиот Сојуз имал пратено претставник за трговија, а Русија имала од 1991 до 1995.. Во 1997 година првиот руско-исландски речник бил објавен од страна Хегли Харалдсон.

Претседателот на Исланд Оулафур Рагнар Гримсон бил во посета на Русија од 18 април до 24 април 2002 година посетувајќи ги градовите Санкт Петербург, Москва, Новгород.

Во 2008 година премиерот Геир Харде испратил делегација во Русија да преговара за 3 милијарди фунти капитал кога традиционалните западни сојузници одбиле да и помогнат на земјата од колапсниот банкарски систем . Заемот подоцна бил реструктуиран на $ 500,000,000 кога Исланд успеал да обезбеди кредит од скандинавските земји и Меѓународниот монетарен фонд.

Трговија

Во 2003 година руско-исландската трговија била $ 89.700.000. Извозот од Исланд во Русија бил $ 13.800.000, а увозот $ 75.900.000. Русија е деветти најголем извозник во Исланд. Рускиот извоз на суровини најмногу се заснова на нафтени производи (62,3%) и алуминиум (27%). Исландскиот извоз во Русија се должи на бродска опрема (25,1%), морски производи (23,3%), текстил и облека (14,9%), хемиски ѓубрива (10,8%), и индустриска опрема (9,5% ).

Надворешни врски Исландска амбасада во Москва Руска амбасада во Рејкјавик

Наводи