мини|270п|Поглед на Мариго Мариго () е најголемото населено место и главен град на француската страна на островот Свети Мартин.

Население Населението брои 5.700 жителиПопис 2006 г.

Географија и клима Мариго е сместен на западниот брег на островот Свети Мартин. Се протега од брегот на запад по должината на заливот Мариго, а на исток до ридовите во внатрешноста на островот. На југоисток се граничи со Симпсоновиот Залив.

Сообраќај Градот го опслужува меѓународниот аеродром „Принцеза Јулијана“ и аеродромот „Л'Есперанс“. Има и траект кој оди до Блоуинг Поинт во Ангвила.

Историја и знаменитости

Местото првобитно било рибарско село крај мочуриштето, по кое е наречено. Во времето на Луј XVI, Мариго станал главен град по изградбата на утврдувањето Сен Луј на ридот близу заливот Мариго. Денес ова е најважниот објект во местото.

Мариго е типично карипско место со шарени куќи и кафеани по тротоарите. Пазарни денови се среда и сабота. По пазарите се продаваат најразлични производи - од тропско овошје и зеленчук како кокос, авокадо, сладок компир, разни зачини, риба, па до локални ракотворби и облека.

Во 1998 г, тука е сниман дел од филмот „Брзина 2“, кога бродот „Сиборн Леџенд“ се урива во островот.

Поврзано Свети Мартин (остров)

Наводи

Надворешни врски Свети Мартин - портал „Географија“

Категорија:Свети Мартин (Холандија) Категорија:Главни градови во Северна Америка Категорија:Главни градови во Карибите