Брајан Џејмс МекДермот (роден на 8 април, 1961) — поранешен англиски фудбалер и моментален менаџер на Премиерлигашот, Рединг.
Тој му се приклучил на Арсенал како младо момче во 1977 година и продолжил да игра за Фулам, ИФК Норчепинг, Оксфорд Јунајтед, Хадерсфилд Таун, Кардиф Сити, Ексетер Сити и Јеовил Таун во 14-годишната играчка кариера во текот на 1980-тите и 1990-тите. Додека играл за Норчепинг тој бил избран за играч на годиата во Шведска во 1984 година. Тој ја заврши неговата играчка кариера во Слау Таун во 1995 година. Следната сезона тој стана менаџер на овој клуб, каде што тој имал многу успешни години во конференцијата.
Во неговата прва сезона на чело на Рединг тој го водел клубот до четврт-финалето во ФА Купот за првпат во 83 години, во серија на победи во која настрадал и Ливерпул на Енфилд. Следната сезона тој го повторил истиот подвиг, овој пат со победа нагости кај градскиот соперник на Ливерпул Евертон. Во сезоната 2011-12 МекДермот го водел Рединг до промоција во Премиер лигата, како шампион во Чемпионшип лигата.
Надворешни врски Брајан МекДермот на soccerway
Категорија:Англиски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Арсенал Категорија:Фудбалери на ФК Хадерсфилд Таун Категорија:Фудбалери на ФК Фулам Категорија:Фудбалери на ФК Саут Чајна Категорија:Тренери од Премиер-лигата Категорија:Родени во 1961 година