мини|300п|Карта на Америка. Гијом Делил, 1774. мини|250п|Романтична претстава на пристигањето на Колумбо во Новиот Свет. мини|250п|Карта на Стариот и Новиот Свет (зелено). Нов Свет е традиционален назив за западната полутопка, особено Америка, извесни атлантски и тихоокеански острови чиј најблизок континентален праг е американскиот (на пр. Бермуда), а понекогаш и Океанија (Австралазија). Поимот води потекло од почетокот на XVI век, накратко по откривањето на Америка од страна на европските истражувачи. Воведувањето на овој поим го бележи проширувањето на географскиот хозиронт на дотогашниот среден век, кој имал претстава дека светот се состои само од Европа, Азија и Африка. По откритијата, тие го добиле збирниот назив Стар Свет.
Потекло на поимот Поимот прв го смислил фирентинскиот истражувач Америго Веспучи во 1503 во писмо до неговиот покровител, Лоренцо Пјерфранческо де Медичи, а објавено (на латински) во 1503-04 под насловот Mundus Novus. Во писмото се среќава првото јасно пишано сведоштво за хипотезата дека новооткриените земји на запад не се погранични краишта на Азија, туку сосем нов континент - „Нов Свет“.M.H.Davidson (1997) Columbus Then and Now, a life re-examined. Norman: University of Oklahoma Press, стр. 417)
Употреба и дефиниција Поимите „Стар“ и „Нов“ свет претежно имаат значење во историјата и како одредници за разликување на главните екозони на светот. „Новиот Свет“ во историска смисла се применува кога се зборува за патувањата на Кристофер Колумбо, шпанското освојување на Јукатан и други настани од времето на колонијализмот. Во друга смисла, поимот „Нов Свет“ и придавката „новосветски“ се употребуваат во биолошки контекст, кога се работи за старосветски (Палеарктик, Афротропик) и новосветски видови (Неарктик, Неотропик). Во недостиг на алтернативи, поимот е застапен и во геополитичката расправа, кога збирно се подразбира сета Америка заедно со околните океански острови како Бермуда и Клипертон.
Поврзано Стар Свет Големите географски откритија Европска колонизација на Америка
Наводи
Категорија:Америка Категорија:Колонизација на Америка Категорија:Океанија Категорија:Човечка географија Категорија:Историска географија Категорија:Класификација на земјите Категорија:Западна полутопка