Коњарска Река или Коњарка — река во јужниот дел на Македонија, во областа Мариово, и десна притока на Црна Река.
Течение Реката извира на планината Ниџе, под врвот Кајмакчалан, на надморска височина од 2.260 м. Нејзиното корито е насочено кон запад, а целиот нејзин слив е образуван во шумски предел. Во Црна Река се влева од нејзината десна страна под ридот Врх на надморска височина од 550 м.
Хидрографија Вкупната должина на реката изнесува 15 км. Сливното подрачје зафаќа површина од 63 км2 и припаѓа на Егејскиот речен слив. Реката извира на надморска височина од 2.260 м, а нејзиниот влив е на надморска височина од 550 м, така што релативниот пад изнесува 114 ‰ и се вбројува како еден од најголемите во Македонија.
Туризам Во непосредна близина на вливот на Коњарска Река во Црна Река, на оддалеченост од 38 км од Битола, се наоѓа излетничкото место „Коњарка“. Тоа било целосно уредено од страна на Општина Новаци и претставува едно од најпопуларните излетнички места во овој дел на Македонија.„Коњарка – Излетничко место во близина на село Скочивир – фото галерија“. Оф Роуд - Македонија. Во јули 2019 година започнало асфалтирање на патот од селото Скочивир до излетничкото место во должина од 3 км, а проектот финансиски бил поддржан од Јавното претпријатија за државни патишта во соработка со Општина Новаци.„Започна да се асфалтира патниот правец од с. Скочивир до река Коњарка “. Општина Новаци. 18 јули 2019.
Галерија
Белешки
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Реки во Македонија Категорија:Слив на Црна Река Категорија:Скочивир Категорија:Мариово Категорија:Географија на Битола