Раборци — село во Општина Струмица, во околината на градот Струмица. thumb|десно|Влезот на Црквата Кирил и Методиј thumb|десно|Куќа во селото thumb|десно|Куќа во селото

Географија и местоположба

Раборци се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 6 километри.

Надморската височина во селото е 370 метри а површината на селото изнесува 419 ха.

Селото се граничи со Костурино, Чепели, Попчево, Три Води, Струмица.

Историја

Во текот на Втората светска војна, селото претрпило голема штета. По крајот на војната започнала изградбата на селото Раборци изгорено во 1944 година од Германците и веќе во 1945 година населението од ова село било сместено во нови домови.

Стопанство

Претежно занимање на населението е земјоделство. Обработливото земјиште во селото зафаќа површина од 18 ха.

Население

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Македонци.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 105 жители, сите Македонци.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 77 жители, од кои 64 Македонци, 1 Албанец, 1 останат и 11 лица без податоци.

Општествени установи Подрачно Основно училиште Даме Груев ХМС Маркова река

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1835 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место е опфатено и селото Три Води.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 87 гласачи.

На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 90 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Црква Св.Кирил и Методиј Викенд куќи

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Општина Струмица Категорија:Струмички села Категорија:Села во Македонија