Жонатан Зебина (роден на 19 јули 1978 година, во Париз) — француски поранешен фудбалер, играч од одбраната.

Технички карактеристики Кариерата ја започнал како напаѓач, пред да биде преместен во одбраната како бек, најчесто по десната страна. Постепено, тој се адаптирал на играњето во одбрана станувајќи подоцна централен дефанзивец, позиција на која играл во поголемиот дел од својата кариера. Ефикасен во затворањето и агресивен во маркирањето, тој бил исто така многу брз и поседувал добра индивидуална техника, што му овозможувало добро да игра со топката во нозете и да создава акции. Сепак, овие вторите квалитети се покажале како меч со две острици и довеле до бројни грешки, подоцна наречени „Зебинате“ за време на неговиот престој во Рома и Јувентус. Исто така, за време на неговата кариера многу често добивал црвени картони, а бил познат и по неспортско однесување.

Клупска кариера Почетоци и Кан Роден во Париз, Зебина ја започнал својата кариера во екипата на УС Палаисо, приклучувајќи се на клубот кога имал седум години и играјќи како напаѓач. Сепак, поради конкуренцијата во напаѓадот во младинскиот систем на клубот, тој бил изоставен и наскоро преместен на позицијата десен бек. Потоа, Зебина играл за ЕС Вири-Шатијон пред да се приклучи на АС Кан, каде што ја започнал својата професионална фудбалска кариера.

Откако напредувал низ младинскиот систем, Зебина го направил своето деби со првиот тим на Кан, во натпреварот од првенството против Мец на 8 март 1997 година, кој завршил 0–0. По дебито, тој потоа одиграл уште шест натпревари вкупно во првенството и купот до крајот на сезоната 1996-1997. Следната сезона, тој продолжил да се развива играјќи 21 првенствен натпревар, во сезоната во која на крајот Кан испаднале во втората лига.

Каљари Во летото 1998 година, Зебина потпишал за италијанскиот клуб Каљари, чиј претседател Масимо Челино го забележал за време на натпреварот против Олимпик Марсеј додека го скаутирал Сирил Доморо.

Своето деби за клубот го имал во ремито 2–2 против Интер во првиот натпревар од сезоната, започнувајќи како стартер и играјќи го целиот натпревар. Откако го направил своето деби за Каљари, Зебина добил шанса на позицијата десен бек по повредите на двајца други дефанзивци и наскоро го зацврстил своето стартно место на таа позиција, а во тој процес се стекнал со репутација на еден од најперспективните дефанзивци во Европа. Во неговата втора сезона, тој се соочил и со повреди поради кои често бил надвор од акција и не можел на крајот да му помогне на клубот да избегне испаѓање во Серија Б. Во двете сезони поминати во Сардинија од 1998 до 2000 година, тој одиграл вкупно 58 натпревари.

Рома Во 2000 година, Зебина потпишал за екипата на Рома. Своето деби за „џалоросите“ го имал во победата со 4-1 над Горица во првото коло на Купот на УЕФА. Тој најчесто играл на позицијата десен стопер во 3-4-1-2 формацијата на тренерот Фабио Капело, поради тоа што на десната страна бил поставен бразилецот Кафу. Во својата прва сезона во клубот, Зебина одиграл 22 првенствени натпревари и го освоил скудетото со Рома.

На почетокот од својата втора сезона со Рома, Зебина го одиграл целосно натпреварот од Суперкупот на Италија, во кој Рома ја победила со 3-0 што му овозможил на Зебина да го освои својот втор трофеј со клубот. Во четирите сезони поминати во Рома, Зебина одиграл 88 натпревари во Серија А, 8 во Купот на Италија, 11 во Купот на УЕФА, 18 во Лигата на шампионите и еден во Суперкупот на Италија, постигнувајќи го својот прв гол во италијанскиот фудбал, во натпреварот против неговиот иден клуб, , во натпревар што завршил 2-2. На крајот од сезоната 2003-2004, всушност, неговиот договор со Рома истекува и Јувентус го добива со слободен трансфер.

Јувентус Во својата прва сезона во Јувентус, Зебина одиграл 24 натпревари во Серија А и 6 во Лигата на шампионите, во која „бјанконерите“ го освоиле скудетото - кое потоа им било одземено следната година по скандалот „Калчополи“. Во следната сезона, 2005-2006, тој продолжил да игра за Јувентус, каде што неговиот однос со раководството не бил најдобар поради неговото барање, кое клубот го сметал за непропорционално, да му ја удвои платата. На крајот од сезоната, и покрај тоа што имал малку настапи, тој придонел Јувентус да ја освои националната титула, само за подоцна да биде исфрлен на последното место од страна на системот за спортска правда. Во летото, истата година, тој бил подложен на операција поради ингвинална хернија и, одлучил да остане со „бјанконерите“ дури и во Серија Б.

Во сезоната 2006-2007 проблемите со менаџментот повторно се појавуваат и, и покрај тоа што тврдел дека бил принуден да остане во Торино, одлучува да остане и да го почитува договорот, надминувајќи ги дури и критиките од навивачите. Тој одиграл солидна сезона во Серија Б, помагајќи му на Јувентус да ја освои титулата во првенството и експресно да се врати во Серија А, по што добил и продолжување на договорот до 2011.

Во новата сезона во Серија А тој уште еднаш го потврдил својот темпераментен карактер, удирајќи му шлаканица на еден работник на стадионот за време на натпреварот против Каљари, што му донело суспензија од четири натпревари и казна од 15.000 евра. Поради проблеми со тренерот Клаудио Раниери и уште една повреда заработена во јануари, одиграл само 16 натпревари во првенството. Во сезоната 2008-2009, првиот натпревар што го одиграл било дербито, кое Јувентус го добил, бидејќи претходно не играл никакви натпревари од август поради повреда на левата Ахилова тетива. Во сезоната 2009–2010, тој го постигнал својот само втор гол во кариерата и својот прв (и единствен) гол за Јувентус, на 11 март, против Фулам во Лига Европа. На 31 август 2010 година, тој го раскинал договорот со Јувентус.

Бреша и Брест Во попладневните часови на 31 август 2010 година, тој потпишал двегодишен договор со Бреша, дебитирајќи месец и пол подоцна, на 17 октомври 2010 во домашниот натпревар против . Во дресот на Бреша, Зебина поминал само една сезона играјќи 28 натпревари во Серија А. По испаѓањето на Бреша во Серија Б на крајот од сезоната, на 8 јули 2011, Зебина одлучил да го раскине договорот со клубот.

На 29 јули 2011 година, после 12 години во Италија, тој се вратил во Франција каде потпишал за новопромовираниот клуб во Лига 1, Брест. Дебитирал на 20 август 2011, во ремито 1-1 против Олимпик Лион. Неговото искуство му помогнало на Брест да остане во лигата завршувајќи на 15-тото место. По завршувањето на сезоната, од клубот објавиле дека Зебина нема да го продолжи договорот кој му истекува на крајот на јуни.

Тулуза и Арл Авињон На 1 јули 2012, тој се приклучил на Тулуза како слободен играч. Стигајќи како замена за Даниел Конгре, Зебина потпишал две годишен договор со клубот и ја добил и капитенската лента. Во двете сезони во клубот од Јужна Франција, Зебина забележал 41 одигран натпревар без постигнати голови.

После неколку месеци без клуб, во октомври 2014 година, Зебина потпишал двегодишен договор со францускиот второлигаш Арл Авињон. Сепак, неговата авантура во овој клуб траела многу кратко, бидејќи на крајот од декември тој го раскинал договорот со клубот. Откако не бил во можност да пронајде нова екипа, тој објавил крај на својата фудбалска кариера.

Репрезентативна кариера И покрај тоа што редовно играл за време на неговиот престој во Рома и Јувентус, тој заработил само еден настап за Франција, на 9 февруари 2005 година, во ремито 1-1 против Шведска. Зебина останал во плановите на Жак Сантини во текот на целиот негов мандат. Сепак, по заминувањето на Сантини од репрезентацијата, Зебина никогаш не бил повикан за Франција повторно откако селекторската клупа ја предводел Рајмонд Доменех.

Хронологија на репрезентативните настапи

Статистика Клупска статистика Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 1996-1997 Кан Д1 6 0 КФ+ЛКФ 1 0 - - - - - - 7 0 1997-1998 Д1 21 0 КФ+ЛКФ 4 0 - - - - - - 25 0Вкупно Кан 27 0 5 0 - - - - 32 0 1998-1999 А 22 0 КИ 4 0 - - - - - - 26 0 1999-2000 А 26 0 КИ 6 0 - - - - - - 32 0Вкупно Каљари 48 0 10 0 - - - - 58 0 2000-2001 А 22 0 КИ 0 0 КУ 4 0 - - - 26 0 2001-2002 А 24 0 КИ 2 0 ЛШ 10 0 СИ 1 0 37 0 2002-2003 А 19 0 КИ 4 0 ЛШ 8 0 - - - 31 0 2003-2004 А 23 1 КИ 2 0 КУ 7 0 - - - 32 1Вкупно Рома 88 1 8 0 29 0 1 0 126 1 2004-2005 Јувентус А 24 0 КИ 1 0 ЛШ 6 0 - - - 31 0 2005-2006 А 10 0 КИ 2 0 ЛШ 2 0 СИ 1 0 15 0 2006-2007 Б 24 0 КИ 0 0 - - - - - - 24 0 2007-2008 А 16 0 КИ 1 0 - - - - - - 17 0 2008-2009 А 8 0 КИ 0 0 ЛШ 0 0 - - - 8 0 2009-2010 А 16 0 КИ 1 0 ЛШ+ЛЕ 2+3 0+1 - - - 22 1Вкупно Јувентус 98 0 5 0 13 1 1 0 117 1 2010-2011 Бреша А 28 0 КИ 0 0 - - - - - - 28 0 2011-2012 Брест Л1 28 0 КФ+ЛКФ 0+1 0 - - - - 29 0 2012-2013 Тулуза Л1 17 0 КФ+ЛКФ 1+0 0 - - - - 18 0 2013-2014 Л1 20 0 КФ+ЛКФ 2+1 0 - - - - 23 0Вкупно Тулуза 37 0 4 0 - - - - 41 0 2014-2015 Арл-Авињон Л2 6 0 КФ+ЛКФ 0+1 0 - - - - 7 0Вкупно во кариерата 354 1 34 0 42 1 2 0 432 2

Титули Рома Серија А : 1 2000-2001 Суперкуп на Италија : 1 2001

Јувентус Серија А : 1 2004-2005 (одземено) Серија Б : 1 2006-2007

Наводи

Надворешни врски Жонатан Зебина на soccerway

Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери на Каљари Калчо Категорија:Фудбалери на ФК Рома Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери на ФК Бреша Категорија:Фудбалери на ФК Тулуза Категорија:Француски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1978 година