__БЕЗСОДРЖИНА__ Игуасу (; ) е река во Бразил и Аргентина, важна притока на реката Парана. Долга е 1.320 км, и има речно подрачје од 62.000 км2.
Течение
Реката извира од крајбрежните планини на Морскиот Срт (Serra do Mar) во сојузната држава Парана, Бразил. Потоа тече 1.205 км низ државата Парана и се среќава со нејзината притока Сан Антонио. Оттука, па надолу, Игусу ја исцртува границата помеѓу Бразил и Аргентина (покраина Мисионес). Продолжува на запад и се спушта од висорамнина, образувајќи ги познатите водопади на Игуасу. Водопадите влегуваат во два истоимени национални парка „Игуасу“, едниот во Аргентина, а другиот во Бразил. На крај се влева во поголемата река Парана, и тоа во тромеѓата на Аргентина, Бразил и Парагвај.
Поврзано Игуасу (водопади) Национален парк Игуасу (Аргентина) Национален парк Игуасу (Бразил)
Наводи
Категорија:Реки во Аргентина Категорија:Реки во Бразил Категорија:Погранични реки Категорија:Меѓународни реки во Јужна Америка Категорија:Аргентинско-бразилска граница