Дресница — историско село во Општина Студеничани, во околината на градот Скопје. Селото всушност е населено, но се смета како маало на селото Батинци – кон чиј и атар припаѓа.

Географија и местоположба Селото се наоѓало во Скопската Котлина, во областа Торбешија. Селото се наоѓало на 2 км од Батинци.

Историја Според Леонард Шулце Јена (1927)Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927 и Афанасиј Селишчев (1929)Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929. селото било албанско.

Демографија Доколку се согледаат податоците од пописот 2021 и се одреди местоположбата на ова маало/село, јасно може да се заклучи дека на тоа подрачје живеат околу 2,099 жители, во 460 домаќинства и 530 објекти.Пописни кругови – Попис 2021, Државен завод за статистика на РСМ.

Стопанство Во маалото во 2021 година имало 6 објекти за трговија.Пописни кругови – Попис 2021, Државен завод за статистика на РСМ.

Културни и природни знаменитости Во центарот на селото постои џамија.

Поврзано

Торбешија Општина Студеничани Скопје

Наводи

Надворешни врски

† † Категорија:Историски села во Македонија