Бад Бланкенбург (до 1911 година: Бланкенбург; ) — бањски град во округот Залфелд-Рудолштат, во Тирингија, Германија. Се наоѓа 6 километри југозападно од Рудолштат и 37 километри југоисточно од покраинскиот главен град Ерфурт.
Во 1840 година, во Бад Бланкенбург првпат се појавил концептот на детска градинка развиен од Фридрих Фребел.
Географија Местоположба
Бад Бланкенбург се наоѓа во југоисточниот дел на покраината Тирингија во градскиот триаголник Зале, кому му припаѓаат градовите Залфелд и Рудолштат. Бад Бланкенбург се наоѓа на северниот раб од Тириншките Шкрилни Планини, каде се влива реката Рине во Шварца, чија долина претставува туристичка област.
Градски единици
Кон Бад Бланкенбург припаѓаат следниве осум единици (во заградите, првото споменување):Wolfgang Kahl: Ersterwähnung Thüringer Städte und Dörfer. Ein Handbuch. 2., verbesserte Auflage. Rockstuhl, Bad Langensalza 2001, ISBN 3-934748-58-9, S. 11–67.
Белшајбен (1361), 70 жители Кордобанг (1071), 83 жители Фребиц (1375), 58 жители Гросгелиц (1362), 77 жители Kleingölitz (1362), 74 жители Обервирбах (1286), 86 жители Вацдорф (1261), 136 жители Цајгерхајм (1350), 122 жители
Соседни општини
Соседни општини на градот се Бехштет, градот Кенигзе, градот Рудолштат, градот Залфелд и општината Шварцбург.
Историја
Во век, Бад Бланкенбург бил дел од малото кнежевство Шварцбург-Рудолштат.
Политика Градски совет
Градскиот совет на градот Бад Бланкенбург се состои од 20 членови. Според последните општински избори на 26 мај 2019 година биле добиени следниве резултати:
Слободни гласачи 8 места (+4) CDU 7 места (±0) Die Linke 5 места (−3) SPD 0 места (−1)
Збратимени градови
Бад Бланкенбург е збратимен со следниве градови: Хофгајсмар, Германија (од 1990 г.) Тарнув Ополски, Полска (од 2013 г.)
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Залфелд-Рудолштат Категорија:Бањски градови во Германија