SMUT (се чита: Смат) е македонски хардкор бенд од Скопје. Групата е формирана во 1996 г. од страна на вокалот Ѓорѓи Иловски, тапанарот Благоја Антовски, басистот Дарко Најдовски и гитаристите Дејан Николовски и Горан Ристевски, кои воедно се членови и до ден денес.Концерт на бендот Смат на 26 октомври, статија во Дневник (10.10.2012) Во нивното 17-годишно опстојување на музичката сцена успеале да изградат верна група на обожаватели и почитувачи на нивниот музички стил ширум Македонија.

Во своите песни бендот обработува теми од секојдневниот живот и од сите негови аспекти. Групата е препознатлива по моќната гитара, впечатливиот брз ритам на тапаните и испреплетениот звук на бас гитара кој совршено ги спојува другите два инструмента. Доста специфичен е и вокалот на Ѓорѓи Иловски, кој има широк дијапазон и може да пее мелодични секции, па сè до оние потврди „скрим“ делови.

Во досегашниот музички каталог имаат четири студиски албуми, од кои последниот Мемоарите на скршениот човек излезе во април 2012 г. во издаваштво на Пасворд продукција. Албумот бил позитивно оценет од музичката критика, која за проектот рекла дека е спој металкор и хардкор жанровите, и го окарактеризирала како концептуален и прогресивен. За промоција на албумот бил снимен и видео запис за песната „Срце на бина“, во режија на Владимир Митревски.Смат го промовираат новиот албум , извадок од страницата Го сакам Скопје На 26 октомври во клубот Хавана ја одржаа и концертната промоција на албумот, истовремено изведувајќи и нумери од постариот материјал.Хардкор заедницата ја покажа својата компактност, статија во Нова Македонија (29.10.2012)

Во изминатите години, Смат ја имаа честа да настапуваат како предгрупи на реномираните бендови од хеви метал сцената како Hatebreed, Sick Of It All, Biohazard, Integrity, Defdump, Born from Pain, Death before Dishonor и многу други.Промоција на новиот албум на Смат , од форумот Кајгана (4 април 2012)Смат повторно ќе свири пред Хејтбрид, статија во Нова Македонија (16.07.2012) Инаку, Смат имаат мошне успешна соработка и со останатите македонски хардкор бендови како Outlaw, Victim Yield и посебно Hardfaced, кои впрочем гостувале на нивниот последен албум.

Дискографија Студиски албуми Smut (1996) Forever is not enough (2003) All I Have (2007) Мемоарите на скршениот човек (2012) Тие се насекаде (2018)

Наводи

Надворешни врски Спотот за „Срце на Бина“ на YouTube Интервју со Ѓорѓи Иловски, член на Смат Импресиите по настапот во Хавана Изданија на Смат евидентирани од ВБУ Музички Регистар

Категорија:Македонски хард-рок-групи Категорија:Македонски хеви метал музички групи Категорија:Појавено во 1996 година во Македонија