Михајло Михајлович Коцјубински (), (17 септември 1864 – 25 април 1913) бил украински писател. Неговите дела го опишувале типичниот украински живот на почетокот на 20 век. Првите дела на Коцјубински биле опишани како пример за етнографски реализам, но неговиот стил на пишување станал сè пософистициран со текот на времето. Така, тој се развил во еден од најталентираните украински импресионисти и модернисти.
Животопис Тој пораснал во Виница, Бар и неколку други градови и села во Украина. Неговиот татко бил службеник и често патувале. Михајло учел во Шархородското релиско училиште од 1876 до 1880 година. Тој ги продолжил своите студии во Камјанечко-подолската богословија, но во 1882 година тој бил избркан од училиштето поради неговите политички активности за време на социјалистичкото движење. Во меѓувреме, тој зел учество во укранското национално движење.
Смрт Поради неговите срцеви проблеми, Коцјубински поминал долг период во различни болници, поточно во периодот од 1909 до 1911 година. За време на истиот период, тој ја посетил Грција и Карпатите. Во 1911 година, тој се стекнал со пензијата. Тој се стекнал со пензијата во период кога имал кревко здравје и умрел две години подоцна.
Наводи
Поврзано Украинци Украински јазик Украинска литература
Коцјубински, Михајло Категорија:Родени во 1864 година Категорија:Починати во 1913 година