Иако возила со сопствен погон постоеле уште од 1769, вистинската автомобилска историја започнува во 1885. Автомобилската историја се дели на доба врз основа на значајните промени во дизајнот и технологијата во текот на последниов век и четврт. Иако меѓу некои доба неможат да се исцртаат прецизни граници, автомобилите хронолошки се делат на:
__СОСОДРЖИНА__
Доба на изумителство thumb|250px|1895 Бенц Фело - на пазарот 20 години по првиот патентиран Бенц во 1885
Првото парно возило со сопствен погон било измислено при крајот на 17 век. Фламанскиот свештеник Фердинанд Вербист во 1678 го демонстрирал својот парен автомобил. Овој автомобил бил направен за кинескиот цар. Никола Кињо успешно го демонстирал своето возило во 1769. Кињовото возило не нашло примена во Франција во тоа време, и затоа центарот на иновацијата се префрлил во Велика Британија, каде Ричард Тревитик во 1801 ја демонтрирал првата локомотива. Ваквите возила биле во мода, и во текот на следните декади истите биле подобрувани со рачни кочници, менувачки кутии и подобрена брзина и управување. Некои од нив се користеле за јавен превоз, сè додека не бил донесен законот покрај секое возило да оди човек со труба и црвено знаме. Ова практично го сосекло развојот на таквите возилата во таа земја речиси сè до крајот на 19 век. Законот за црвеното знаме не бил укинат сè до 1896. thumb|left|1870, Виена, Австроунгарија: првото возило на бензин, т.н. „Прв Маркусов автомобил“ Околу 1870 во Виена, изумителот Зигфрид Маркус вградил внатрешен мотор на течно гориво на едноставна рачна количка и со тоа станал првиот човек кој направил возило на бензин. Денес овој „автомобил“ е познат како „Прв Маркусов автомобил“.
Во 1883 Маркус добил патент за нисковолтажно магнетно палење - во Германија. Овој дизајн бил искористен и во понатамошните мотори, и, се разбира, кај салавниот „Втор Маркусов автомобил“ од 1888/89 год. Овој втор автомобил се сметал за мошне иновативен благодарение на палењето, заедно со „карбураторот со вртлива четка“. thumb|right|„Втор Маркусов автомобил“ од 1888 Првиот автомобилски патент во САД му бил доделен на Оливер Еванс во 1789. Подоцна, во 1804, Еванс го демонстрирал своето прво возило, кое не бил само првиот автомобил во Америка, туку и првото водоземно возило во светот
Белгиецот Етјен Леноар изработил автомобил со внатрешно согорување во 1860, но истото работело на газија. Неговиот експеримент траел 7 милји (11.26 км), но потребни му биле 3 часа за да ги извози; тоа растојание се проаѓа побрзо пешки. Леноар никогаш повеќе не пробал да експериментира со автомобили. Французите тврдат дека Дебутевил-Деламар бил успешен; затоа тие ја сметаат 1884 за годината на изумувањето на автомобилот.
Општоприфатено е дека првите вистински автомобили користеле бензин како гориво за нивните мотори со внатрешно согорување. Овие први автомобили биле изработени речиси едновремено од страна на неколку германски изработувачи кои работеле самостојно: Карл Бенц го направил својот прв автомобил во 1885 во Манхајм. На 29 јануари 1886 нему му бил доделен патент за возилото, додека веќе во 1888 тој почнува со производство. Накратко потоа, Готлиб Дајмлер и Вилхелм Мајбах во 1889 година во Штутгарт направиле автомобил сосема од нула, наместо да адаптираат кочии за таа намена. Тие исто така го измислиле првиот мотоцикл во 1886. Многу пред тоа, австриецот Зигфрид Маркус во 1870 во Виена успеал да направи едно примитивно возило со придодавање на мотор на рачна количка, иако не може да се утвди дали ова возило воопшто било кога се има придвижено. Маркус никогаш не ни пробал да го пријави возилото за патентирање. Првите бензински автомобил на четири тркала направени во Британија биле изведени во Бирмингем во 1895 од страна на Фредерик Вилијам Ланкастер кој исто така ги патентирал и првите диск-кочници.
Ветеранско доба left|thumb|250px|In My Merry Oldsmobile, песнарка со Олдсмобил Закривена конзола на корицата како и облека за возење од тоа време
Главна статија: Ветерански автомобил
Првиот произведувач на автомобили бил Карл Бенц во 1888 во Германија и под негова лиценца, во Франција, Емил Рожер. Веќе во 1900 масовното производство на автомобили започнува во Франција и САД. Првата компанија основана специјално за призводство на автомобили била Панхар и Левасор во Франција (1889). Две години потоа Пежо доаѓа на пазарот. Во САД, браќата Чарлс и Френк Дурјеа ја основале компанијата Дурјеа Мото Вагон во 1893 и со тоа станале првите американски производители на автомобили. Меѓутоа во оваа доба на автомобилско производство доминантниот произведувач бил Олдсмобил. Веќе во 1902 тие започнале со вистинско масовно производство. Во рок од една година, Кадилак (формирана од компанијата Хенри Форд), Винтон и Форд произведувале илјадници автомобили годишно.
Во рок од неколку години, огромен асотриман на технологии почнале да се произедуваат ширум западниот свет. Парните, електричните и бензинските автомобили се натпреварувале со децении, со финалната победа на бензинските автомобили во 1910-тите. Во овој период се дизајнирале автомобили со двојни, па дури и со четвороструки мотори. Исто така почнале да се призведуваат автомобили со најразлични работни зафатнини, од мали, па сè до мотори со преку 12 литра. Многу современи напредоци како бензинско-електрични хибриди, повеќевентилски мотор, брегаста осовина и погон на четири тркала, биле пробани и отфрлени во ова време.
Иновацијата била брза и бујна, без јасно исцртани стандарди за конструкции на автомобилите, нивните школки, материјали за изработка или начин на управување. На пример, многу ветерански возила користат кормилски лост наместо волан за управување и најголемиот дел од нив возеле само во една брзина. Ланчениот пренос предоминирал над современиот кардан, а затворените возила биле екстремно ретки.
На 5 ноември, 1895, Џорџ Б. Селден го патентирал двотактниот автомобилски мотор (). Овој патент повеќе му наштетил, отколку што му користел на развојот на автомобилот во САД. Селден го лиценцирал својот патент на скоро секој произведувач на автомобили во САД, со заработка од секој произведен автомобил.
Меѓутоа, за време на ветеанското доба, на автомобилите било гледано повеќе како на интересен новитет, отколку како на корисни машини. Расипувањата биле честа појава, горивото не било лесно достапно и брзата иновација значела дека дури и релативно новите автомобиле станувале бескорисни. Берта Бенц во 1888 му покажала на светот дека автомобилот е навистина корисна направа со тоа што пропатувала 106 км од Манхајм до Пфорцхајм. Веќе во 1903 со автомобил пројдени се целите САД.
Месингано доба right|thumb|250px|Фордовиот урнек за автомобил од Месинганото доба, Форд Т right|thumb|250px|Бугатиевиот Тип 13, високотехнолошки автомобил од Месинганото доба.
Главна статија: Автомобил од Месинганото доба
Ова доба се нарекува Месингано доба заради широката употреба на месинг во САД, Месинганото или Едвардијанското доба траело од (отрпилика) 1905 до почетокот на Првата светска војна во 1914. 1905 била важна година во развојот на автомобилот бидејќи клиентелата се префрлила од ентузијастите, на обичните купувачи.
За време на деценијата и пол која го карактеризира Месинганото доба, поставени се темелите на многу важни иновации. Иако современиот тјуринг автомобил бил измислен порано, препознатливо стандардизирани модели не се произведувале сè до изумувањето и прифаќањето на Панхард и Левасоровиот Панхардов систем. Овој систем назначува автомобили со мотори со предна позиција и задна влеча, внатрешно согорување и лизгачки пренос. Традиционалните возила во стил на кочија и чезоликите ранабаути престанале да се произведуваат и биле заменети со „тано“ стилот на изработка и други поевтини „тјуринг“ школки.
Овој период се одликува со брз развој на автомобилската технологија, што делумнос е должи на огромниот број (стотици) прроизводители кои меѓусебно се натпреварувале. Тука клучни изуми се електричното палење и електричниот (само)стартер (двете од Чарлс Кетеринг, за Кадилак во 1910-1911), независна амортизација, и кочење на летири тркала. Полуелиптичните амортизери биле широко користени, иако многу други системи сѐ уште биле во употреба. Во овој период челикот го заменува опкованото дрво како материјал за врамување. Почнале да се употребуваат и разни контроли за преносот и кочењето, со тоа дозволувајќи различни брзини, иакотогашните возила имале дискретни брзински параметри во споредба со подоцнежните возила.
Примери: 1908–1927 Форд Т - Најпроизведуваниот автомобил од тоа време. Користел планетарен пренос и имал педален систем контроли кој би бил збунувачки за денешните возачи. 1910–1920 Бугати Тип 13 - Значаен спортски модел со највисоката технологија од тоа време. Слични модели биле Типовите 15, 17, 22 и 23.
Првиот автомобил во Македонија мини|Ford Model T 1908 година во Битола Токму во ова доба се појавува првиот автомобил во Македонија од марката Ford Model F во Битола во 1905 година.
Често се споменува Ford Model T, но Model T бил претставен дури во 1908 година.
Во 2005 година, за таа чест АМСМ организира настан наречен „100 години автомобилизам во Македонија“. На настанот дефилираа безброј олдтајмери од Македонија.
Старинско доба right|thumb|250px|Низа од автомобили Форд Модел А
Главна статија: Старински автомобил
Старинското доба траело од крајот на Првата светска војна (1919) до колапсот на берзата на крајот на 1929. За време на овој период, автомобилите со мотор со предна позиција станале доминантни со нивните затворени школки и стандардизирани контроли. Развојот во моторот со внатрешно согорување и понатаму продолжил со голема брзина. Ексклузивните модели имале повеќевентилни мотори со брегасти осовини, а ултра-богатите можеле да купат и автомобили со V8, V12, па дури и V16 мотори.
Примери: 1922–1939 Остин 7 — Остин Седум бил едно од најимитираните возила на светот, автомобил кој практично ја започнал британската автомобилска индустрија и поставил пример (шаблон) за изработката на автомобили од БМВ до Нисан. 1924–1929 Бугати Тип 35 — Еден од најуспешните тркачки автомобили на сите времиња со преку 1,000 победи за само 5 години. 1927–1931 Форд A — ПО долгото производство на моделот „Т“, Форд продолжиле со развој на новиот Модел A 1927. Биле произведени повеќе од 4 милиони возила - автомобилот годржи продажниот рекорд на своето време. 1930 Кадилак V-16 — Овој Кадилак имал V16 мотор и заедно со Бугати Ројал станале најлегендарните ултра-луксузни автомобили во своето време.
Предвоено доба right|thumb|250px|Бугати од 1938 Тип 57 SC „Атлантик“, урнек за ексклузивен класичен автомобил 250px|right|thumb|Црн Traction Avant
Главна статија: Класичен автомобил
Предвоениот дел од класичното доба започнал со Големата депресија во 1930 и завршил со обновата по Втората светска војна кај 1948 год.
До 1930-тите, речиси целата автомобилска технологија веќе била измислена, иако некои технологии биле подоцна измислувани повторно, заслугата му била доделувана на некој друг. На пример, предниот погон бил повторно воведен од страна на Андре Ситроен со лансирањето на Traction Avant in 1934, иако истиот се појавил неколку години пред тоа кај моделите на марката Алвис и Корд, како и кај тркачките автомобили на Милер (веројатно се појавил веќе во 1897). По 1930, бројот на поризведувачи на автомобили нагло опаднал како што таа гранка на производството се соединувала и зреела.
Примери: 1934–1940 Бугати Тип 57 — Високотехнолошки рафиниран автомобил за богати. 1934–1956 Ситроен Traction Avant — Првиот автомобил со предна влеча во масовно поризводство, направен со монококни техники - овој автомобил бил технолошко ремек-дело. 1936–1955 МГ серија T — Европскиот автомобилизам започнал да се ширик кај масите со овој автомобил.. 1938–2003 Волксфаген Буба — Веројантно најславниот автомобил на сите времиња, неговиот генијален предвоен дизајн трае до ден денес.
Повоено доба thumb|right|250px|Морис Минор Серија 2 од 1953 thumb|250px|Олдсмобил 88 од 50-тите, со неговиот висококомпресионен „Rocket“ V8 мотор