Адам Џонсон (роден на 14 јули 1987 година) — англиски поранешен фудбалер, играч од средниот ред.

На 24 март 2016 бил осуден на шест години затвор за педофилија, откако признал дека имал сексуални акти со малолетна девојка. Бил пуштен во март 2019, по одлежување на половина од пресудата.

Кариера Клупска кариера Како производ на фудбалската академија на Мидлсбро, тој го направил своето деби за клубот на само 17 години во натпревар од Купот на УЕФА. Тој одиграл вкупно 119 натпревари за Мидлзборо, и играл на заем во Лидс Јунајтед и Ватфорд. Во 2010 година тој потпишал за Манчестер Сити со кого станал шампион на Англија во сезоната 2011-2012. Но, престојот во Манчестер му поминал повеќе на клупата за резервни играчи отколку на теренот и малата минутажа го натерала да го напушти клубот веднаш по завршувањето на шампионската сезона. Во летото 2012 тој се вратил во својот роден град каде потпишал за Сандерленд за сума од 12 милиони £.

На 2 март 2015 година бил уапсен под обвинение дека имал секс со малолетна девојка, меѓутоа веќе следниот ден бил ослободен со кауција. Иако бил суспендиран на некое време, Џонсон сепак продлолжил да игра за Сандерленд.

На 12 февруари 2016 година се признал за виновен по едно од обвиненијата за сексуална злоупотреба на малолетничка. Само неколку часа потоа бил отпуштен од Сандерленд.

На 2 март 2016 година судот го изрекол за виновен за обвинението за сексуални прекршоци, меѓутоа во истото време го прогласиле за невин по друго обвинение за сексуален акт со 15-годишното девојче. Доделена му била казна затвор од 6 години. Во април 2016 бил притворен во затворот ХМ Моланд во близина на Донкастер.

На 22 март 2019, Џонсон бил пуштен откако одлежал половина од својата казна.

Репрезентативна кариера Тој играл за различни возрасни категории за Англија, и има 12 настапи за сениорската селекција.

Титули Манчестер Сити ФА Куп (1) : 2010–2011 Премиер лига (1) : 2011–2012 ФА Комјунити Шилд (1) : 2012

Наводи

Надворешни врски Адам Џонсон на soccerway

Категорија:Живи луѓе Категорија:Англиски фудбалери Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Фудбалери на ФК Мидлсбро Категорија:Фудбалери на ФК Лидс Јунајтед Категорија:Фудбалери на ФК Вотфорд Категорија:Фудбалери на ФК Манчестер Сити Категорија:Фудбалери на ФК Сандерленд Категорија:Англиски злосторници Категорија:Родени во 1987 година