мини|Дијаграм на девтериумско-тририумска фузија Дубниум (Db, лат. dubnium), претходно неговото име било унилпентиум (Unp) и ханиум (Ha), е преоден метал.Housecroft C. E., Sharpe A. G. (2008). Inorganic Chemistry (3rd ed.). Prentice Hall. ISBN 978-0131755536. Името го добил по рускиот град Дубна. Најверојатно поседува изотопи чии атомски маси се наоѓаат измеѓу 257 до 262.
Изотопите 260 и 261 најверојатно се добиени во 1967 година од страна на Иван Курчатов во рускиот град Дубна со бомбардирање на изотопот 249 Cf од јардо на изтоп 15 азот. Со сличен експеримент кој е извршен од страна на Adrew Ghiorso во 1969 година на универзитетот во Берклиј во Калифорнија е добиен изотопот 262. Резултатите на Adrew Ghiorso се разликуваат од оние на Курчатов и затоа на русите им се оспорувало да бидат првите кои го добиле овој елемент. Русите најверојатно и не биле сигурни на својот успех затоа што не се обиделе да дадат име на овој елемент. Американците го користеле називот кој го предложил Алберт Гиорсо: ханиум (од презимето Ото Хана). Сепак името на елементот е сменето во дубниум затоа што е откриен во Дебн.
Овој елемент не се јавува во природата. До сега се добиени само неколку негови атоми. Се претпоставува дека дубниумот се наоѓа во сонцето и на уште некои ѕвезди со средна големина.
Неговите физички и хемиски својста не се познати, но се претпоставува дека тој е метал со слични својства како и ванадиум.Parkes, G.D. & Phil, D. (1973). Melorova moderna neorganska hemija. Beograd: Naučna knjiga.
Неговата електронска конфигурација исто така не е позната затоа што е добиен во облик на плазма. Според правилата конфигурацијата би требала да биде: радон + 5f146d37s2.
Наводи
Категорија:Преодни метали Категорија:Хемиски елементи Категорија:Дубна Категорија:Вештачки елементи Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ