Телур (Te, лат. tellus) — металоид од VIA група.Housecroft C. E., Sharpe A. G. (2008). Inorganic Chemistry (3rd ed.). Prentice Hall. ISBN 978-0131755536. Името е добиено од латинскиот назив за Земја.
Минерал на телур е телурит (TeO2).Parkes, G.D. & Phil, D. (1973). Melorova moderna neorganska hemija. Beograd: Naučna knjiga.
Телурот е застапен во Земјината кора во количини од 0,005 ppm (анг. parts per million). Во природата е помалку распространет од селенот; се наоѓа како слободен и како врзан. Почесто се среќава во соединенија со злато, сребро, бизмут и олово, на пример во рудите ; силванит (AuAgTe4), тетрадимит (Bi2Te2S) и галаверит (AuTe2). Телурот најмногу го има во Канада и Австралија. Телурот во 1782 го открил Милер од Рајхенштајн. Телурот се добива со растворање на неговите руди во сулфурна киселина, а потоа со редукција на растворот со сулфур диоксид. H2TeO3 + 2SO2 + H2O = Te + 2H2SO4
Така добиениот Телур е аморфен, со темна боја, има густина од 6,24 г/см3, но ако се растопи а потоа олади, постанува негова друга кристална модификација во облик на сребренасто сјајни кристали, чија густина е 6,0 г/см3, се топи на . Телурот спаѓа во металоиди. Проведува електрицитет подобро од селенот, но со осветлување му се зголемува електропроводливоста послабо отколку кај селенот. Нерастворен е во CS2, инаку хемиските особини му се многу слични со селенот. Се употребува за легури со олово, железо и бакар, потоа во индустријата за гума, стакло и керамика. Како полупроводник многу се употребува во електрониката. Природниот телур се состои од стабилни изотопи со масени броеви 120, 122-126, 128 и 130. Најобилни се изотопите Те-128. добиени се 16 негови радиоактивни изотопи со Т ½ од 2 минути па до 154 години. Телуровите соединенија се помалку стабилни од селеновите и се помалку отровни од нив. Порано се мислело дека сите телурови соединенија се отровни но сега е познато дека некој негови соединенија се користат во ветерината за лекување на заболени животни.
Извори
Категорија:Хемиски елементи Категорија:Халкогени Категорија:Металоиди Категорија:Триаголни минерали Категорија:Самородни елементи