Микросам АД — претпријатие од Прилеп за производство на современи, сметачки управувани машини за производство на композитни материјали.Весник „Време“, 14 мај 2010, стр 9Весник „Бизнис“, број 482, 22 април 2010, стр 4 Таа зема активно учество на многу светски саеми за композитни материјали меѓу кои „JEC Composites Show Paris“Весник „JEC Composites Magazine“, број 56, април 2010 и саемот за воздухпловство и вселенска опрема „МАКС“ во РусијаВесник „Зенит“, 2 Септември 2011, стр 5. 97% од производството на претпријатието е наменето за извоз, а меѓу земјите во кои претпријатието извезува се и РусијаВесник „Капитал“, број 661, 27 јуни 2012, стр 23, Кина, Германија итн.

Историја Претпријатието „Микросам“ е формирано во 1990 г. во Прилеп , градот под Маркови Кули - Република Македонија . Запишан е со Решение во Трговскиот Регистар при Централниот Регистар на Р Македонија како друштво за електроника, дизајнирање и производство.„Микросам“ е светски конкурентно претпријатие на пазарот кое произведува машини за современи композитни материјали.После отцепувањето на Република Македонија од Југославија како независна држава, локалната индустрија била растурена и продадена на повеќето приватници кои во тогашното време самостојно се истакнале. Токму „Микросам“ е основано во тоа време, како едно од ретките приватни претпријатија, со цел производство на високотехнолошки производи и спречување на одливот на мозоци од регионот. алт=|лево|мини|225x225пкс Микросам започнала со работа со прилично мал број на инженери и универзитетски професори. Таа одлучила да влезе во индустријата на композити првично како консултант. Почнува да работи на консултирање за дизајн изработка на електронски компоненти и дизајнирање на машини за производство.„Микросам“ континуирано инвестирала во големи производствени капацитети во насока на развој на софистицирани, специјализирани машини.

Исто така компанијата активно работи и со клубот на млади таленти односно Микросам Академијата која е формирана во 2007 година и има обучено над 250 лица, од кои 150 средношколци.

Во 2013 година, Микросам го отвори и првиот технолошки летен камп за деца во Македонија, кој нуди врвна едукација во областа на роботиката, 3Д дизајн, програмирање и друго. Последниот зафат на оваа компанија беше да создаде „Институт за напредни композити и роботика “ со визија да стане центар за практично истражување за добрата на целото општество. До денес, Микросам АД има произведено и успешно инсталирано повеќе од 200 производни линии во околу 40 земји низ светот.

Сегашност

Микросам АД е сместена на идиличниот почеток на историски богатиот Пелагониски Регион. Главното седиште на компанијата се наоѓа во периферијата на градот Прилеп, на патот за Крушево, познато историско обележје за Македонија. Објектите во главното седиште ги содржат канцелариите за администрација и дизајн,заеедно со фабриките за модерни машини и истражувачка лабораторија за композити. Близу до седиштето се наоѓа место каде што Институтот за современи композити и роботика има изградено своја фондација.

Инженерскиот тим во Микросам се состои од луѓе со различни искуства во различни полиња за производство на модерни машини. Располага со инженери по електротехника и автоматика, машински инженери, софтверски инженери (развивачи на софтвер), инженери-технолози, и група за производство. Сите тие работат заедно како еден тим за да го остварат крајниот производ. Тимот се состои и од доктори во различни научни полиња, како и универзитетски професори кои перманентно се посветени на барање идејни решенија за клиентите.

Тимот располага со истражувачки лаборатории за современи композити, каде што се развиваат технологии за намотување на влакна, технологија за производство на препрег и технологија за полагање на влакна каде што работата и експериментите се неизбежни.

Откако композитите и автоматизацијата стануваат секојдневни, тие работат со нивните клиенти на нивните специфични барања, испробувајќи ги концептите во лабораториски услови пред нивно крајно производство.

Организациска Структура Микросам АД како компанија се издвојува во многу аспекти од класичното производство, а својата организација и раководство ги гради пред сè на капацитетот на знаење кој го поседува секој вработен. Не постои класична хиерархија на управување, туку на знаење и поседување на претпримачки дух во било кој од вработените. Како последица на се почестите промени кои се случуваат во современото работење, компанијата имплементира алтернативни системи на управување и вреднување на работата, ставајќи го во прв план постојаното учење и флексибилноста на вработените кои поседуваат различни знаења и способности. Според овој систем на работа не постои класичниот шеф, туку водач на знаење со кој останатите се консултираат. Општо земено, поттикнувајќи постојано учење и стекнување нови вештини, овој систем има низа предности вклучувајќи зголемена флексибилност, ротација и задоволство на вработените како и подобро извршување на работата и зголемена можност за давање предлози за иновации и сугестии во насока на подигнување на вкупната организациска способност и флексибилност, како и кон смалување на отсуствата на вработените. Органограм на Микросам АД Тимот на вработени во компанијата се состои од универзитетски професори, доктори на наука, машински, електро и хемиски инженери, програмери и работници во производство. Бројот на вработени соодветно годишната сметка за 2014 година, изнесува 97. Од вкупниот број вработени, околу 60% се со висок степен на образование по инженерски науки.

Услуги и производи

Експертиза за производство на композити

За да се пронајде вистинското решение за производство на композитен дел, треба да се има подлабоко разбирање за тоа што го прави композитот посебен и поразличен од изотропните материјали. Голем број искусни инженери се вклучени во дизајн и поризводство, повоќе од 35 години. Токму тоа искуство им овозможува да им помогнат на нивните клиенти да ги решат проблемите кои ги имаат во текот на призводството. Композитните материјали постојано се развиваат во нивната финална апликација и нивната техника на производство. За да се случи тоа развивање Микросам АД има извонредна лабораторија која нуди најсовремена опрема за работа со композитни материјали, изработка на мали делови, како и пронаоѓање на нови автоматизирани можности. Така, претпријатието Микросам, комбинирајќи го нивното знаење за композитите и рачната автоматизација, го добива клучот за успех во процесот на производство.

Микросам АД го поседува и гарантира најбогатото портфолио на производи и услуги на пазарот за композитно производство: машини за (влажно и суво) намотување на композити линии за производство на композитни боци под висок притисок линии за импрегнација - производство на унидирекционален препрег, препрег ткаенина и tow-препрег машини за сечење и премотување на препрег машини за композитна обработка машини за полагање на влакна и лента (AFP/ATL) интегрирани производни линии За да ја олесни и подобри прецизноста на управувањето на машините, да понуди континуирана инспекција на целиот производен процес, тимот на Микросам АД развива контролни системи и софтверски пакети за создавање, промена и симулација на програми за намотување и офлајн програмирање на AFP/ATL машините со можност да се дефинира композитниот ламинат и да се генерираат програми во Г-код.

Машини произведени од страна на Микросам АД

За оние кои се несигурни во можностите кои ги нуди композитното производство и во имплементацијата на нивните бизнис идеи, Микросам АД нуди најсовремена лабораторија во која има инсталирано машини за клучните технологии врз кои го гради своето портфолио на производи. Со цел да им помогни на потенцијалните купувачи да ја одберат опремата која ќе ја максимизира нивната производна флексибилност, делотворност и капацитет, компанијата ги нуди следните услуги: демонстрација испробување прототипирање развој на нови производи и технологии компаративна анализа на конкурентни технологии и опрема програмирање испробување и спојување на платформи за контрола на движењето софтверско инженерство ретрофитирање технички консалтинг тренинг за управување со машини и софтвер одржување на опремата истражување на пазарот

Корпоративна општествена одговорност Паралелно со инвестициите кои Микросам АД ги прави на професионален план во областа во која ја обавува својата основна дејност, не заостанува и во вложувањето кое го прави во прилог на општествената заедница која го опкружува. Во 2007 година компанијата ја има основано Микросам Академијата за млади таленти од 18 до 30 години, која нуди бесплатни курсеви и постои како можност за кандидатите кои сакаат да го надградат своето знаење, да се обучат и да се приклучат кон Микросам тимот. Главната цел на Академијата е да го поттикне интелектуалниот и личниот развој на младите талентирани луѓе преку понатамошно образование и обука. Академијата има обучено над 250 лица, од кои 150 средношколци, преку проектна настава, учество на натпревари и пристп до најмодерна технолошка библиотека. Во 2013 година, Микросам го отвори и првиот технолошки летен камп за деца од 12 до 17 години во Македонија, кој нуди врвна едукација во областа на програмирањето, апликации, видео игри, 3Д дизајн и роботика. Микросам АД преку Интитутот за современи композити и роботика, е една од акредитираните институции во Македонија која што може да спроведува програми за обука и образование на возрасни, како дел од ЈУ Центар за образование на возрасни, под покровителство на UNDP и Агенција за вработување на Р Македонија. Според програмата, возрасни лица се субвенционираат да посетуваат обука за помошници машински и електро инженери во траење од 4 месеци. Учесниците добиваат сертификати за успешно завршена обука, а најуспешните добиваат можност да се вработат во Микросам АД. Програмата освен што нуди надградба на знаењето, нуди и можност за преквалификација. Микросам од 2010 година е вклучен во програмата ИАЕСТЕ (Меѓународна размена на студенти на техничките факултети), нудејќи пракса за странски студенти. Досега во компанијата пракса имаат остварено студенти од Шпанија, Германија, Јапонија и Велика Британија. Микросам АД редовно ја следи работата на своите вработени и инвестира во надградба на нивната професионлна подготвеност и образование. Со таа цел, најдобрите и наjистакнати вработени се поттикнуваат и финансиски се поддржуваат да се запишат на магистерски и/или докторски студии на програмите понудени од страна на Интитутот за современи композити и роботика и Универзитетот Гоце Делчев.

Технологии Автоматика и автоматизација на процесите

Автоматиката е главна област на компетенција за Микросам. Тие инвестираат во оваа област уште од времето на формирање на компанијата, и имаат оформено методи и техники што му дозволуваат да ги исполнат некои од најтешките подвизи во нивната индустрија. Нивната способност се крие во енергетскиот инженерски тим, направен од повеќе технички области кои ја сочинуваат мехатрониката, овозможувајќи им да работат заедно на еден целосно интегриран производ.

Кога станува збор за одбирање електрични и механички компоненти, за разлика од своите конкуренти, тие се одлучиле тоа да го прават на поинаков начин. Нивната цел е да се користат специјални механички делови на производи направени по мерка, и да ја искористат полицата на електричнен хардвер за автоматизација. Сите заедно, тие се стремат да изградат машина која лесно може да се одржува со текот на својот долг животен век.

Проширувањето на оваа филозофија е дека кога станува збор за комуникациските протоколи и софтверските платформи, тие своите одлуки ги носат предводени од нивната имагинација. Нивните машини користат отворени стандарди на комуникација и популарни платформи. Тие им овозможуваат на своите понапредни корисници да истражуваат, и во случај да најдат нови подобри решенија, истите да се искористат во развојот на машинската интеграција направена по мерка.

Развој на специјализиран софтвер