Клуб за борби е роман од Чак Паланик 1996. Романот раскажува за искуствата на неименуван протагонист кој страда од несоница. Откако неговиот лекар разлутено ќе му каже дека несоницата не е болест, тој почнува да се претставува во неколку групи за поддршка како личност со сериозни проблеми. Тогаш го запознава Тајлер Дарден и формира таен клуб за борби кој би им служел како радикална психотерапија. Режисерот Дејвид Финчер во 1999 направи филм според овој роман во кој настапуваат Бред Пит и Едвард Нортон. Филмот привлече голем број на обожаватели и покрај финансискиот успех кој беше послаб отколку што беше очекувано. Неговиот углед им донесе уште повеќе слава на Паланик и на романот.

Историја на романот

Паланик добил инспирација за романот по еден настан кој му се случил додека бил на кампување. Иако бил со отоци и со модринки, неговите колеги избегнувале а го прашале што му се случило за време на кампувањето. Клуб за борби е инспирирана од нивното двоумење да прашаат што се случило.

Паланик претходно пробал да го објави неговиот роман Невидливи чудовишта, но бил одбиен од издавачите бидејќи романот бил премногу вознемирувачки. Потоа тој се насочил кон Клуб за борби и имал намера овој роман да го направи уште повознемирувачки. Најпрво Клуб за борби бил објавен како мала приказна од седум страни во состав на Потрага по среќа, но Паланик ја проширил во роман (во кој првичната расказ станала шесто поглавје).

Клуб за борби била повторно издадена во 1999 и 2004, а второто издание вклучува и вовед од авторот за концептот и популарноста на романот и филмот, во кој авторот вели:

…продавниците за книги беа преполни со книги од типот на :Клубот Џој Лак и Божествените тајни на сестринството Ја-Ја. Сите овие романи претставуваа социјален модел за жените да бидат заедно. Но, немаше роман кој ќе претставува нов социјален модел за мажите кои споделуваа нешто од нивните животи.

Понатаму тој објаснува : Јас напишав само една малку изменета верзија на Големиот Гетсби. Тоа e “апостолска” фантастика - каде што еден преживеан апостол ја раскажува приказната за неговиот херој. Има двајца мажи и жена. А едниот од мажите, херојот е целосно уништен.

Оригиналното издание на Клуб за борби беше примено добро од публиката. За книгата беше заинтересирана и критиката а потоа се покажа интерес и за нејзино адаптирање на големото платно. Сценаристите Џим Улс, Огуст Олсен и ко-продуцентите Конор Стрејт и Арон Кари во 1999 му се придружија на режисерот Дејвид Финчер.Филмот не беше толку успешен во кино-благајните, но сепак, се појави огромен број на обожаватели со ДВД изданието и како последица на ова, првичното издание со тврд повез на книгата сега е колекционерски предмет. Писателот во интервјуата рекол дека сè уште му пристапуваат луѓе кои сакаат да знаат каде се наоѓа локалниот клуб за борби, но тој инсистира дека во реалноста нема ваква организација, како што е пишувано во книгата. Сепак, тој имал слушнато за вистински клубови за борби, а некои велат дека такви клубови постоеле уште пред романот. Во романот се спомнуваат и вистински пакости во стилот на клубовите за борби од “келнер од еден од најелитните ресторани во Лондон” кој вели дека ејакулирал во јадењето на Маргарет Тачер. Уште повеќе, Проектот Мејхем е делумно заснован на Какофонското Општество, во кое што и самиот тој е член, но и други настани кои се изведени од приказни кои му биле раскажувани нему.

Културното влијание на Клуб за борби се забележува и во формирањето на клубови за борби од страна на американските тинејџери. Обожавателите на книгата повторувале шеги од типот на мешање на храната кои се документирани во есејот на Паланик “Мајмуните мислат,мајмуните прават”, во книгата Почудно од фантастика : Вистински приказни, и во воведот на изданието на Клуб за борби од 2004. Други обожаватели кои биле поттикнати на други социјални активности, му рекле на Паланик дека книгата ги натерала повторно да се вратат на факултет. Покрај Клуб за борби, само неколку романи на Паланик биле адаптирани на филм, иако од неговиот роман Давење беше направен филм во 2008. Во 2004 од Клуб за борби требаше да се направи музички театар а зад кој стоеја Паланик, Финчер и Трент Резнор.Дилан Јејтс напиша драматична верзија која беше изведена во Сиетл и во Шарлот, Северна Каролина.

Дејство

Во центарот на Клуб за борби се наоѓа анонимен Раскажувач кој работи како специјалист за повлекување на производи од продажба за неименувана компанија за автомобили. Поради стресот од неговата работа и заморот од многуте бизнис патувања, тој почнува да страда од периодична несоница. Кога ќе побара лекување, лекарот на Раскажувачот го советува да посети група за поддршка на луѓе болни од рак на тестисите „за да види што всушност е вистинско страдање”. Раскажувачот сфаќа дека ислушувањето на туѓите проблеми (иако тој самиот нема рак на тестисите) му ја ублажува несоницата.

Необичното лекување на раскажувачот е успешно сè додека не ја запознае Марла Сингер, уште една “туристка” која се претставува лажно и ги посетува групите за поддршка. Марла, која е можно да е пореметена, го потсетува раскажувачот дека е лажго кој не припаѓа таму. Тој почнува да ја мрази Марла бидејќи го спречува да плаче, но и да спие. По една расправија,двајцата се согласуваат да посетуваат различни состаноци на групи за поддршка за да се избегнуваат еден со друг. Ова примирје е тешко и несоницата на Раскажувачот повторно се појавува. Додека Раскажувачот е на нудистичка плажа го запознава Тајлер Дарден, харизматичен, но и мистериозен екстремист. Откако една експлозија ќе му го уништи станот на раскажувачот ,тој го замолува Тајлер да остане во неговиот стан.Тајлер се согласува, но бара нешто за возврат: “Сакам да ме удриш силно колку што можеш“Паланик, Клуб за борби, 1999, стр. 46.. Двајцата мажи сфаќаат дека уживаат во борбата со тупаници. Потоа се вселуваат заедно и формираат “клуб за борби“ повлекувајќи со тоа безброј мажи со слични темпераменти во борби со голи раце усогласени според следните правила:

1. Не зборуваш за клубот за борби.

2. Не зборуваш за клубот за борби.

3. Koга едниот ќе рече “доста “или ќе почне да куца, борбата е завршена.

4. Во една борба учествуваат само двајца.

5. Не може да има две борби во исто време.

6. Се борат без маици и чевли.

7. Борбите траат колку што треба.

8. Ако ова ти е прва ноќ во клубот, мораш да се бориш.

Понатаму во книгата еден механичар му кажува на Раскажувачот за две нови правила во клубот за борби: дека во центарот на клубот за борби се само оние кои се борат и дека клубот за борби секогаш ќе биде бесплатен.

Марла, којашто забележува дека Раскажувачот не ги посетувал неговите групи за поддршка, му се јавува за да му потврди дека се предозирала со Ксанакс во еден нерешителен обид за самоубиство.Тајлер се враќа од работа и откако Марла, која е под дејство на дрога, се заканува дека ќе се самоубие, ја спасува.Тајлер и Марла завршуваат во една турбулентна афера која го изненадува Раскажувачот и ја збунува Марла. За време на оваа афера, Марла не е свесна ниту за постоењето на клубот за борби, ниту за односот помеѓу Раскажувачот и Талјер. Бидејќи Раскажувачот никогаш не ги гледа Тајлер и Марла во исто време, тој се прашува дали Марла и Тајлер се една иста личност. Додека клубот за борби се шири низ целата земја,Тајлер го користи тоа за да ги шири своите анти-конзумеристички идеи наговарајќи ги членовите на клубот да учествуваат во вешто разработени планови со цел да ѝ наштетат на Америка. На крај тој ги прибира најпосветените членови на клубот и го формира Проектот Мејхем, култна организација која се стреми да ја сруши модерната цивилизација. Како и клубот за борби, и оваа организација се води според некои правила :

1. Нема прашања.

2. Нема прашања.

3. Нема извинувања.

4. Нема лаги.

5. Мораш да му веруваш на Тајлер.

Иако најпрво беше верен учесник на Проектот Мејхем, Раскажувачот станува незадоволен поради разорувачката моќ на неговите активности. Кога Боб, негов пријател од групите за поддршка на болни од рак на тестисите умира за време на една операција за саботажа на Проектот Мејхем, тој решава да ги спречи Тајлер и неговите следбеници во нивните активности. Сепак ,Раскажувачот сфаќа дека тој самиот е Тајлер, Тајлер не е друг човек, туку друг идентитет.

Како што психичката состојба на Раскажувачот се влошува, неговиот ум си создава друга личност која може да ги избегне проблемите во неговиот живот. Марла ненамерно му кажува на Раскажувачот дека тој и Тајлер се една иста личност. Љубовната врска на Тајлер и Марла (која на Раскажувачот не му се допаѓа), всушност е негова врска со Марла. Нападите на несоница на Раскажувачот всушност се надворешноста на Тајлер. Тајлер бил активен секогаш кога Раскажувачот спиел. Личноста Тајлер не само што го создал клубот за борби туку и го уништил станот на Раскажувачот.

Тајлер планира да разнесе облакодер користејќи бомби направени дома до Проектот Мејхем, но всушност вистинската цел на експлозијата е блискиот Национален музеј. Тајлер планира да умре како маченик за време на овој настан, а со тоа и ќе му го одземе и животот на Раскажувачот. Кога ќе го сфати тоа, Раскажувачот решава да го спречи Тајлер, но тој секогаш мисли пред него. Раскажувачот се качува на покривот на една зграда, а Тајлер вперува пиштол кон него. Сепак, кога Марла доаѓа на покривот со една од групите за поддршка, Тајлер исчезнува бидејќи “тој е негова халуцинација, не нејзина “.

Откако Тајлер исчезнува, Раскажувачот чека за бомбата да експлодира и да го убие. Но тоа не се случува бидејќи Тајлер ставил парафин во експлозивот. Држејќи го пиштолот на Тајлер, жив, Раскажувачот ја прави првата негова вистинска одлука: го вперува пиштолот кон себе и се застрелува. По некое време тој се буди во душевна болница и верувајќи дека е во рајот, си замислува разговор со бог за природата на човекот. Книгата завршува кога на Раскажувачот ќе му се приближат неколку вработени во болницата кои му откриваат дека се членови на Проектот Мејхем. Му велат дека нивните планови продолжуваат и дека го чекаат Тајлер да се врати.

Карактери

Раскажувачот Обичен современ вработен човек, специјалист за повлекување на производи од продажба, крајно депресивен и кој страда од несоница. Низ целиот роман Раскажувачот е неименуван.Некои читатели го нарекуваат Џо бидејќи тој цело време го користи ова име во некои изјави, на пример “Јас сум точката на вриење на Џо”. Исказите “Јас сум ______ на Џо” се однесуваат на статиите Исхрана за читателите кои раскажувачот ги читал и во кои човечките органи пишуваат за себе во прво лице, како на пример “Јас сум црниот дроб на Џо”. Во филмот Џо се заменува со Џек и некои читатели така го нарекуваат Раскажувачот. Во романот и во филмот тој користи лажни имиња во групите за поддршка. На неговата потсвест и треба чувство на слобода, тој се чувствува заробен во сопственото тело и кога го запознава Тајлер Дарден, тој почнува во него да ги гледа сите оние квалитети кои тој ги нема, “Ми се допаѓа се околу тајлер Дарден, неговата храброст и неговата интелигенција. Неговата волја. Тајлер е забавен, силен и независен,луѓето го гледаат и очекуваат од него да им го смени светот. Тајлер е способен и слободен, а јас не сум”Паланик, "Клуб за борби", 1999, стр.174.

Тајлер Дарден

“Поради неговата природа “ Тајлер работи ноќни работи, саботира компании и им наштетува на клиентите. Тој исто така краде остатоци од масно ткиво од клиника за липосукција за да се збогати преку правење на сапун но и за да создаде состојки за производство на бомби што ќе го произведува подоцна, со клубот за борби. Тој е соосновач на клубот за борби бидејќи негова беше идејата за борба која доведе до негово создавање. Подоцна го започнува Проектот Мејхем преку кој тој и неговите членови вршат неколку напади врз потрошуваштвото. Тајлер е рус (ова го дознаваме од коментарите на Раскажувачот)”. Душевно оболениот, но привлечен Тајлер понатаму во романот станува антагонист.

Марла Сингер