Ториум (Th, лат. thorium) — хемиски елемент кој припаѓа на групата актиноиди (7 периода, ф-блок на периоден систем).Housecroft C. E., Sharpe A. G. (2008). Inorganic Chemistry (3rd ed.). Prentice Hall. ISBN 978-0131755536.Parkes, G.D. & Phil, D. (1973). Melorova moderna neorganska hemija. Beograd: Naučna knjiga. Неговиот атомски број е 90, и незначително е радиоактивен. Заедно со ураниум се користи како примарно гориво во јадрените реактори.

Ториумот е откриен во 1828 година од страна на шведскиот хемичар Јенс Јакоб Берцелиус. Името го добил според еден од нордиските богови - Тор (Thor).

Својства Ториум е сребрено бел метал со висок сјај. Изложен на кислород од воздухот тој постепено се затемнува. Чистиот ториум е мек, лесно се извлекува (во жици и сл.), може да се пресува и на собна температура. Тој е полиморфан, постојат и две негови модификации. Растворлив е во поголем дел од концентрираните киселини, додека во солите и во фосрфорна киселина доста споро се раствора. Ториумот е застапен во Земјината кора во количини од 12ppm.

Најважни минерали на ториум се: монацит (Ca, La, Nd, Th)PO4

Примена Осветлување Ториумот се користел главно во облик на оксид за правење на гасни лампи, меѓутоа поради радиоактивноста на своето испарување, престанало неговото производство. Тие гасни лампи се правеле од мешавина од 99% торумов оксид и 1% цериум нитрат во која се влекувал ураново волнено плетиво па тоа подоцна е запалено. Во пламенот се распаѓа ториум нитрат на ториум диоксид и азот. Останатата слаба структура која во пламен на гас давала бела светлост, која не е повржана со радиоактивноста на ториумот туку е резултат на обичното согорување.

Јадрено гориво Во рекаторите ториум се користи за производство на ураниумов изотоп 233U. Од изотопот 232Th по пат на бомбардирање на неутрони се добива изотоп 233Th. Тој подоцна се распаѓа преко проактиниум 233Pa на ураниум 233U. Денес е развиена технологија со која овој процес се одвива во реактори со водено разладување со цел да се намали количеството на јадрен отпад.^ „Atomkraft, etwas sauberer“ Настанатиот изотоп 233U може да се дели и користи во јадрени реактори.

Наводи

Категорија:Хемиски елементи Категорија:Актиноиди Категорија:Канцерогени Категорија:Јадрена енергија Категорија:Јадрени материјали Категорија:Јадрени горива