Калифорниум — радиоактивен хемиски елемент со симбол Cf и атомски број 98. Овој елемент првпат бил синтетизиран во 1950 година во Националната лабораторија на Лоренс Беркли (тогашна радијациона лабораторија при Калифорнискиот универзитет), со бомбардирање на кириумот со алфа-честички ( хелиум-4 јони ). Тоа е актиноиден елемент, шестиот трансурански елемент кој треба да се синтетизира, и ја има втората највисока атомска маса од сите елементи кои се произведени во количества доволно големи за да се видат со голо око (по ајнштајниумот ). Овој елемент е именуван по универзитетот и државата Калифорнија .

Постојат две кристални форми на калифорниум под нормален притисок: еден погоре и еден под . Третиот облик постои при висок притисок. Калифорниумот полека потемнува на воздух при собна температура. Соединенијата на калифорниум доминираат при оксидационата состојба +3. Најстабилниот калифорниумов изотоп, од дваесетте познати изотопи е калифорниум-251, кој има полуживот од 898 години. Овој краток полуживот значи дека елементот не се наоѓа во значајни количини во Земјината кора. Калифорниум-252, со полуживот од околу 2.645   години, е најчест изотоп кој се користи и се произведува во Националната лабораторија во Оук Риџ во САД и истражувачкиот институт за атомските реактори во Русија.

Калифорниумот е еден од ретките трансураниумски елементи кои имаат практична примена. Повеќето од овие примени го искористуваат својството на одредени изотопи на калифорниумот за емитување на неутрони. На пример, калифорниумот може да се искористи за да се започнат со работа јадрените реактори и се користи како извор на неутрони при проучувањето на материјали со помош на неутронско расејување и неутронска спектроскопија. Калифорниумот, исто така, може да се користи во јадрена синтеза на повисоки масивни елементи, оганесонот (118 елемент) се синтетизира со бомбардирање на атоми на калифорниум-249 со јони на калциум-48. Корисниците на калифорниумот мора да ги земат предвид радиолошките опасности и способноста на елементот да го наруши создавањето на црвените крвни клетки со биоакумулација во скелетното ткиво.

Особености

Физички својства

Калифорниумот е сребрено бел актиноиден метал со точка на топење од и проценета точка на вриење од . Чистиот метал е ковлив лесно се сече со жилет. Самиот метал започнува да испарува над кога е изложен на вакуум. Под калифорниумот е феромагнетен или феримагнетичен (се однесува како магнет), меѓу 48 и 66 K тој е антиферомагнетичен (преодна состојба), и над е парамагнетизам (надворешните магнетни полиња може да го направат магнетичен). Создава легури со лантаноидите но многу малку се знае за истите.

Елементот има две кристаални облици под притисок од 1 стандардна атмосфера: двојна-близуслеан шестаголен облик наречен алфа (α) и челно централен коцкест облик наречен бета (β). Обликот α постои под 600–800 °C со густина од 15,10 g/cm3 и обликот β кој постои над 600–800 °C со густина од 8,74 g/cm3. на притисок од 48 GPa обликот β се менува во орторомпски кристален систем поради промената на местоположбата на 5f електроните на атомот, што пак овозможува истите да се сврзат.

Модулот на збивливост на еден материјал е мерка за неговиот отпор на подеднаков притисок. Модулот на збивливост на калифорниумот изнесува , што е слично н тривалентнителантаноидни метали но помал од попознатите метали, како на пример алуминиумот чиј модул на збивливост изнесува (70 GPa).

Хемиски својства и соединенија

+ Претставителни калифорниски соединенија состојба соединение равенка боја +2 калифорниум (II) бромид CfBr 2 жолта +2 калифорниум (II) јодид CfI 2 темновиолетова +3 калифорниум (III) оксид Cf 2 O 3 жолто-зелена +3 калифорниум (III) флуорид CfF 3 светлозелена +3 калифорниум (III) хлорид CfCl 3 смарагд зелен +3 калифорниум (III) бромид CfBr 3 жолтеникаво зелено +3 калифорниум (III) јодид CfI 3 лимон жолта +3 калифорниум (III) борат CF [B 6 O 8 (OH) 5 ] бледо зелено +4 калифорниум (IV) оксид CfO 2 црно кафеава +4 калифорниум (IV) флуорид CfF 4 зелена

Калифорниумот може да има оксидациони состојби 4, 3, или 2. Вообичаено образува осум или девет врскисо ближните атоми или јони. За хемиските својства се предвидува дека се слични на останатите 3+ валентни актиноиди и со елементот диспрозиум, кој е лантаноидот над калифорниумот во периодниот систем. Елементот полека потемнува на собна температура, процес кој се забрзува со додавањето на влага.Калифорниумот реагира кога е загреан со водород, азот или халкогени (кислородно семејство елементи), реакциите со сув водород и водени неоргански киселини се брзи.

Калифорниумоте само растворлив во вода како калифорниум(III) катјон. Обидите да се редуцира или оксидира +3 јонот во раствор се неуспешни. Елементот образува соединенија растворливи во вода како хлорид, нитрат, перхлорат и сулфат и образува флуорид, оксалат, или хидроксид. Калифорниумот е натешкиот актиноид кој изразува ковалентни својства, како што е случајот со калифорниум боратот.

Изотопи

Опишани се 20 радиоизотопи на калифорниумот, од кои најстабилен е калифорниум-251 со полуживот од 898 години, калифорниум-249 со полуживот од 351 година, калифорниум-250 со полуживот од 13,08 години и калифорниум-252 со полуживот од 2,645 години. Сите останати изотопи се со полуживоти пократки од една година, и повеќето од овие полуживоти се пократки од 20 минути. Изотопите на калифорниумот имаат масен број од 237 до 256.

Калифорниум-249 се добива преку бета-распад на берклиум-249, и повеќето други изотопи на калифорниумот се добиени со изложување на берклиумот на силно неутронско зрачење во јадрени реактори. Иако калифорниум-251 го има најдолгиот полуживот, неговото добивање изнесува само 10% поради склоноста да ги зафаќа неутроните (високо неутронско зафаќање) и неговата склоност да заемнодејствува со други честички (висок неутронски пресек).

Калифорниум-252 е многу силен неутронски оддавач, што го прави крајно радиоактивен и штетен по здравјето. Калифорниум-252 подлежи на алфа-распад 96,9% од времето и се добива кириум-248 додека пак останатите 3,1% распадите се спонтано цепење. Еден микрограм (µg) на калифорниум-252 оддава 2,3 милиони неутрони во секунда, и просечно по 3,7 неутрони при спонтано цепење. Повеќето од другите изотопи на калифорниумот се распаѓаат во изотопи на кириумот (атомски број 96) преку алфа-распад.

Историја алт=Large pieces of equipment with a man standing nearby.|лево|мини| Циклотрон со пречник од 1,52 m кој се користи за првата синтеза на калифорниум

Калифорниумот за првпат е синтетизиран при Калифорнискиот универзитет при Зрачната лабораторија во Беркли, од страна на физичарите Стенли Томпсон, Кенет Стрит, Алберт Џиорсо и Глен Сиборг на или околу 9 февруари 1950 година. Станува збор за шестиот откриен трансураниумски елемент; екипата своето откритие го објавила на 17 март 1950 година.

За да се доие калифорниум, мета со маса од 1 миктро грам кириум-242 () е бомбардирана со 35 MeV-алфа-честички () во циклотронот со пречник од при Веркли, со што се добива калифорниум-245 () плус еден слободен неутрон ().

+ → + При овој експеримент добиени се околу 5.000 атоми на калифорниум, и овие атоми имаат полуживот од 44 минути.

Откривачите елементот го нарекле според државата и универзитетот каде работеле. Ова беше оддалечување д правилото за елементите 95 до 97, чие именување било од елементите кои се наоѓале директно над нив во периодниот систем. Сепак, еленементот над елементот 98 во периодниот систем, диспрозиум, има има кое значи „тежок за добиање“ па истражувачите се решиле да отстапат од досега употребуваното правило на именување. Тие изјавиле „најдоброто е што можеме да посочиме дека на ... истражувачите пред еден век им било тешко да стигнат до Калифорнија.“

Мерливи количества на калифорниум биле за првпат добиени со озрачување на плутониумови мети при Реакторот за тестирање на материјали при Националната реакорска станица за тестирање во источно Ајдахо; и овие откритие биле објавени во 1954 година. Во овие примероци бил забележан високиот чекор на спонтано цепење на калифорниум-252. Првиот експеримент со калифорниум во концетрирани количини се случил во 1958 година. Изотопите калифорниум-249 до калифорниум-252 се изолирани истата година од плутониум-239 кој бил озрачен со неутрони во јадрен реактор во текот на пет години. Две години подоцна во 1960 година, Бурис Канингам и Џејмс Валман од Лоренцовата зрачна лабораторија при Калифорнискиот универзитет ги создале првите калифорниумови соединенија—калифорниум трихлорид, калифорниум оксихлорид и калифорниум оксид, кога калифорниумот го изложиле со хлороводородна кислеина во облик на пареа.

Високофлуксниот изотопен реактор (ВФИР) при Нациионалната лабораторија „Оук Риџ“ (НЛОР) во Оук Риџ, Тенеси, започнал да произведува мали количества на калифорниум во 1960-ите години. До 1995 година, ВФИР номинално произведувал на калифорниум годишно. Плутониумот со потекло од Велика Британија се превезувал во САД според договорот за заедничка одбрана меѓу САД и Велика Британија од 1958 година, се користел за добивање на калифорниумот.

Атомската енергетска комисија го продавала калифорниум-252 на индустриските и академските побарувачи во почетокот на 1970-ите по цена од $10 за микрограм и во просек се испоралувале на калифорниум-252 секоја година од 1970 до 1990 година. Калифорниумот првпат бил добиен хемиски во 1974 година од страна на Хаире и Бајбарзкој го редуцирале калифорниум(III) оксидот сп лантан со што добиле микрограмски количества на тенки филмови со дебелина од неколку микрометри.

Појава Траги од калифорниум може да се забележат во близина на објекти кои го користат металот за потрага на минерали и медицински третмани. Елементот е нерастворлив во вода, но добро се распространува во почвата каде неговите концентрации може да бидат и 500 пати поголеми од водата која се наоѓа во близина на почвата.

Радиоактивните врнежи од атмосферата поради јадрените тестирања пред 1980 година придонеле мало количество на калифорниум да се појави во околината. Калифорниумовите изотопи со масен број 249, 252, 253 и 254 се забележани во радиоактивната прав собрана по јадрената експлозија. Калифорниумот не е опфатен од легислативата на Депарментот за енергија на САД бидејќи не се произвел во доволно големи количества.

Во еден период се верувало дека калифорниумот се добивал во суперновите, бидејќи нивнот распад се поклопувал со полуживотот од 60 дена на 254Cf. Сепак, последователните истражувања покажале дека не постои калифорниум во спектрите на суперновите, и денес се смета дека светлинските криви на суперновите го следат распадот на никел-56.

Трансураниумовите елементи од америциум до фермиум, вклучувајќи го тука и калифорниумот, се добиени природно во природниот цепен реактор во Окло, но денес тоа не се случува.

Производство

Калифорниумот се добива во јадрените реактори и забрзувачите на честички. Калифорниум-250 се добива со бомбардирање на берклиум-249 () со неутрони, со што се добива берклиум-250 () со неутронско зафаќање (n,γ) по што, преку, брз бета-распад (β−) се добива калифорниум-250 () преку следнава реакција: (n,γ) → + β− Бомбардирањето на калифорниум-250 со неутрони образува калифорниум-251 и калифорниум-252.

Подолговременото изложување на америциумот, кириумот и плутониумот со неутрони создава милиграмски количества на калифорниум-252 и кикрограмски количества на калифорниум-249. Од 2006 година, изотопите на кириум 244 до 248 се озрачувани со неутрони во специјални реактори за да се добие калифорниум-252 со помали количества на изотопите 249 до 255.

Микрограмски количества на калифорниум-252 се достапни за комерцијална употреба од страна на Комисијата за јадрена регулација на САД. Само две места произведуваат калифорниум-252: Националната лабораторија „Оук Риџ“ во САД, и Истражувачкиот институт за атомски реактори во Димитровград, Русија. Од 2003 година, произведувачите произведуваат соодветно 0,25 грама и 0,025 грама калифорниум-252 годишно, respectively.