Дорнбург-Камбург () — мало гратче во округот Зале-Холцланд, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Бил создаден на 1 декември 2008 година, кога се споиле градовите Дорнбург и Камбург и општината Дорндорф-Штојдниц.
Градот претставува административно седиште на општинската заедница Дорнбург-Камбург.
Географија
Градот се наоѓа во северозападниот дел на округот Зале-Холцланд во средниот тек на долината на Зале помеѓу градовите Јена и Наумбург.
Спојување на градовите Дорнбург и Камбург се случила, иако двата града немале заеднички граници.
Градски единици
Камбург Камбург (2846 жители) се наоѓа на патот Б88 помеѓу Дорнбург/Дорндорф-Штојдниц и Наумбург. Таму се наоѓа и градската управа, како и управата на општинската заедница Дорнбург-Камбург. Дебрихау Дебричен Дорнбург од 1 декември 2008 година е дел од градот Дорнбург-Камбург. Дорндорф-Штојдниц Хиршрода Позевиц Шиндиц Штебен Тимплинг Вилсдорф Вониц Цетен
Политика Градски совет
Градскиот совет на градот Дорнбург-Камбург се состои од 20 членови. Според последните општински избори на 26 мај 2019 година биле добиени следниве резултати:
Партија / Листа Удел Места +/−CDU 41,6 % 8 − 3 FWG Дорнбург-Камбург 29,6 % 6 + 2 FWG Дорнбург 22,7 % 5 + 2 Граѓански сојуз Дорнбург-Камбург (D-CBV) 6,0 % 1 − 1
Градоначалник
Во мај 2012 година била избрана адвокатката Доротеа Шторх од CDU за нова градоначалничка.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Зале-Холцланд