Боливуд ()— неформален поим кој се употребува во филмската индустрија на хинди јазикот, основана во Мумбаи (поранешен Бомбај), Махараштра, Индија. Терминот многу често неправилно се употребува за посочување на целата индиска кинематографија; тоа е само дел од целокупната индиска филмска индустрија, која вклучува и други продукциски центри кои прават филмови на регионалните јазици. Боливуд е најголемиот производител на филмови во Индија и еден од најголемите филмски центри во светски рамки. Формално, под Боливуд се мисли на Хинди кинематографијата. Расте бројот на индиско-англиски дијалози и песни. Многу често се среќаваат филмови каде дијалозите се на англиски јазик (се нарекува и Хинглиски), па дури и фразите и цели реченици. Етимологија
Име Името „Боливуд“ се добива од Бомбај (поранешен назив за Мумбаи) и Холивуд, центарот на американската кинематографија. Сепак, за разлика од Холивуд, Боливуд не постои како физичко место, го нема на карта. Иако сите го сожалуваат името, велејќи дека е посиромашниот роднина на Холивуд, сепак истото име се наоѓа и во речникот на Оксфорд. Името „Боливуд“ е инспирирано од „Толивуд“ , име употребувано за да се означи кинематографијата на Западен Бенгал. Датирајќи од 1932 година, Толивуд е првото име инспирирано од Холивуд за означување на Бенгалската филмска индустрија, сместена во Толигунг, Калкута, чие име потсетува на Холивуд, а во тоа време бил центар на индиската кинематографија. Името Толивуд продолжува да се користи како прекар за бенгалската филмска индустрија од страна на Јуниор Статесман магазинот, по што предизвика и другите индустрии да применуваат вакви имиња со слично звучење, што доведе до терминот „Боливуд“. Во денешно време, Толивуд се применува за посочување на Телугу филмската индустрија во Андра Прадеш. Самиот терин Боливуд своите корени ги влече од 70-те години кога Индија ја престигна Америка како најголем кинематографски центар. Многу луѓе се спомуваат за заслужни за името, меѓу кои и текстописецот, режисер и учител Амит Кана, како и новинарот Бевинда Колако.
Историјат “Раџа Харишчандра” (1913) од Дасаеб Фалке е првиот нем филм снимен во Индија. До 30-те години, филмската индустрија прави по повеќе и од двесте филмови годишно. Првиот звучен филм, Алапм Ара (1931), е голем финансиски успех. Набрзо, Боливуд и останатите филмски индустрии почнуваат да снимаат звучни филмови. Во 1937, Ардешир Ирани, од славата на Алам Ара , го направи и првиот филм во боја на Хинди, Кисан Канја . Следната година, нарпави и уште еден филм во боја, некаква верзија на Мајка Индија. Сепак, колор филмовите не стануваат популарни сè до 50-те години. До тогаш, романтичните мјузикли и мелодрами беа најпопуларни во киносалите.
Златната ера
По осамостојувањето на Индија, периодот помеѓу 40-те и 60-те години се смета за златната ера на хинди кинематографијата. Некои од најдобро оценетите филмови во историјата на Индија се создадени токму во тој период. Тука се филмовите на “Гуру Дут “ “Пјаса” (1957) и “Кагаз ке Фол “ (1959) и филмовите на Раџ Капор , “Авара” (1951) и “Shree 420” (1955). Овие филмови најчесто говорат за урбаниот живот на работничката класа во Индија; Авара го претставува градот како кошмар, но и како сон, додека Пјаса ја критикува нереалноста на градскиот живот. Некои од најпознатите епски филмови се направени во тој период,исто така, како на пример,”Мајка Индија” на Мехбоб Кан (1957), кој е номиниран и за Оскар за најдобар странски филм и “Мугал-е-Азам” на К.Асиф (1960) “Мадхуматиi” (1958), режиран од Бимал Рој и напишан од Ритвик Гатак , ја популаризира темата за реинкарнација во западната поп-култура. Други познати режисери од тоа време се Камал Амрои и Виџеј Бат . Познати глумци и глумици од тоа време се: Дев Андад , Дилип Кумар, Рај Капор и Гуру Дут, Наргис, Виџејантимала, Мена Кумари, Нутан , Матхубала, Ваеда Реман и Мала Шина. Додека комерцијалната хинди кинематографија е успешна, во 50-те години се појавува и ново движење за паралелна кинематографија. Иако ова движење во голем дел го спроведува бенгалската кинематографија, тоа се пробива и во хинди кинематографијата. Првите примери за хинди филмови од ова движење се “Neecha Nagar” на Четан Ананд (1946)http://en.wikipedia.org/wiki/Bollywood - cite_note-Hindu-22 и “Do Bigha Zamin” (1953) на Бимал Рој . Позитивната критика и подоцнежниот комерцијален успех, ги отвора портите за индискиот неореализам и Новиот индиски бран. Некои од попознатите светски признати хинди режисери се: Мани Каул ,Кумар Шани ,Кетан Мета ,Говинд Ниалани ,Сјам Бенегал и Виџаја Мета Откако социјал реалистичкиот филм “Neecha Nagar” ја доби Гран При наградата на Канскот филмски фестивал, хинди филмовите во 50-те и 60-те години секогаш се меѓу конкурентите за првата награда на Канскиот филмски фестивал, каде некои дури и ги освојуваат истите. Гуру Дут се смета за еден од најдобрите режисери од Азија на сите времиња, рамо до рамо со бенгалскиот режисер Сатјаџит Реј. Анкетата на режисери и критичари во изданието на “Sight & Sound” од 2002 година, го рангираат Дут на 73 место на листата на најдобри режисери на светот. Некои од неговите филмови се сметаат за едни од најдобрите на сите времиња, каде “Pyaasa” (1957) е дел од 100-те најдобри на магазинот Тајмс, а “Pyaasa” и “ Kaagaz Ke Phool “ (1959) се на 160 место на листата на “Sight & Sound” од 2002 година. И други филмови се наоѓаат на истата листа, меѓу кои и : “Awaara” (1951) на Раџ Капор , “ Baiju Bawra “ (1952) на Виџеј Бат , “Мајка Индија “(1957) на Мехбоб Кан и “Mughel-e-Azam” (1960) на K. Аси кои се наоѓаат на место број 346 на истата листа.
Современа кинематографија
Кон крајот на 60-те и почетокот на 70-те, глумци и глумици како Раџеш Кана, Дармендра, Сањев Кумар и Шаши Капор и глумиците Шармила Тагор, Мумтаз, и Аша Парек, ги имаат главните улоги во романтични филмови и акциони филмови. Во средината на 70-те романтичните филмови беа заменети со тешки, насилни филмови за мафијаши и бандити. Амитаб Бачачан, ѕвездата позната по улогите на „бесен млад човек“, глумеше заедно со глумци како Митун Чакраборти и Анил Капор кои траеја до почетокот на 90-те години. Од глумиците од ова ера најпознати се Хема Малини, Јаџа Бачачан и Река . Некои режисери како Шјам Бенегал продолжија да прават реалистични филмови од паралелната кинематографија во текот на 70-те години, заедно со Мани Каул ,Кумал Шахан , Кетан Мета , Говинд Нихалани и Виџаха Мета . Сепак, „уметничкиот филм“ е на мета на критики за време на истражувањата на Комитетот за јавни работи, каде го обвинуваат дека телото не се ангажира доволно за охрабрување на комерцијални филмови. Оттука, во 70-те години доаѓа до пораст на комерцијалните филмови како што е и “ Sholay” (1975), кој на Амитаб Бачачан му ја зацементира позицијата на главна ѕвезда. Класикот “Jai Santoshi Ma “ излегува во 1975 година. Друг попознат филм од истата година е “ Deewar” во режија на Јаш Копра , а е напишан од Салим Џавид. Еден крими филм за полицаец против својот брат, водач на мафијашка група, базирана на вистинскиот криминалец Хаџи Мастан улога одиграна од страна на Амитаб Бачачан , Дени Бојл го опишува како врвот на индиската кинематографија. Најдобро оценет индиски филм од 89-те години е “Salaam Bombay” (1988) на Мира Наир кој ја доби наградата “Камера Д’Ор” на филмскиот фестивал во Кан во 1988 година и беше ниминиран за Оскар за најдобар странски филм. Кон крајот на 80-те и почетокот на 90-те, во мода се враќаат романтичните мјузикли, каде најголем успех доживуваат: “Qayamat Se Qayamat Tak” (1988),”Maine Pyar Kiya” (1989), “Hum Aapke Hain Kaun “(1994) и” Dilwale Dulhania Le Jayenge” (1995), каде се појавуваат ѕвезди од новата генерација (како Амир Кан,Салман Кан и Шарук Кан) и глумиците ( Сридеви Мадхури Диксит , Џуи Чавла и Каџол) Во тој период успешни се и акционите филмови и комедиите, каде најпознати глумци се Говинда, Равена Тандон и Карисма Капор, кои се појавуваат во познати комедии, а тука е и каскадерот глумец Акшај Кумар кој се здобива со популарност по изведување на опасни егзибиции во акционите филмови. Оваа декада го означува и појавувањето на нови глумци во артхаус и независни филмови, од кои некои имаа комерцијален успех, а најпознат пример е “Satya ” (1998), во режија на Рам Гопал Варма напишан од Анураг Кашјап. Критичкиот и комерцијален успех на “Satya” доведе до појава на сличен жанр познат како “Mumbai noir,” урбани филмови кои ги посочуваат социјалните проблеми во градот Мумбаи. Ова доведе до повторна појава на Паралелната кинематографија кон крајот на декадата. Во овие филмови најчесто се појавуваат: Нана Паткар, Маноџ Баџпаи, Маниша Корала, Табу и Урмила Метондикар, чии перформанси најесто беа проследени со добра критика. Новиот милениум го виде подемот на популарноста на Боливуд во светски рамки. Ова ја вивна кинематографијата на нови нивоа во смисла на квалитет, кинематографски и иновативни приказни, како и нови технилки предности како специјални ефекти, анимација и сл. Некои од поголемите продуцентски куќи како “Yash Raj Films “ и “Dharma Productions” се создавачи на нови филмови. Отворањето на прекуокеанскиот пазар, поголемиот број на боливудски филмови во странство, доведе до поголем успех во киносалите во Индија и ширум светот на филмови како: “Lagaan” (2001), “Devdas” (2002), “Koi... Mil Gaya” (2003), “Kal Ho Naa Ho “(2003), “Veer-Zaara “(2004), “Rang De Basanti “(2006), “Lage Raho Munnabhai” (2006),” Krrish” (2006), “Dhoom 2” (2006), “Om Shanti Om” (2007), “Chak De India” (2007), “Rab Ne Bana Di Jodi” (2008), “Ghajini” (2008), “3 идиоти “(2009), Моето име е Кан (2010),”Dabangg” (2010) и Валканата слика кои произведоа нов бран на познати глумци како: Аишварија Рај , Преити Зинта, Рани Мукерџи , Карена Капор, Пријанка Чопра и Видја Балан, но и глумците од претходните декади не замреа во нивната популарност. Од комерцијалните филмови, “Lagaan” ја доби наградата од публиката на Меѓународниот филмски фестивал во Локарно и беше номиниран за 74-те Оскари за Најдобар странски филм, додека Девдас и Ранг де Басантивере беа номинирани за БАФТА наградата за најдобар странски филм. Хинди филмската индустрија претпочита филмови од сите сегменти на живеењето, за секаква публика, а одбива да снима филмови само за одредена група на публика.Се верува дека поширокиот спектар ќе ги зголеми и добивките од кино благајните. Сепак, режисерите се движат кон прифаќање на некаква сегментација на кино благајните, помеѓу филмови кои им се допаѓаат на руралната публика во Индија и оние кои им се допаѓаат на урбаните Индијци и публиката во странство.
Влијанија врз Боливуд
Гокулсинг и Дисанјаке идентификуваат седум најважни влијанија за оформување на индиската популарна кинематографија
°Древните индиски епски Махабхарата и Рамајана кои изразуваат голем влијание за смислата и имагинацијата на индиската популарна кинематографија, особено приказните. Пример за ова влијание се техниките за споредна приказна, приказна од позадина и приказна во приказна. Индиските популарни филмови често имаат залети кои се разгрануваат на други подзаплети, а такви може да се видат во филмовите од 1993 година Калнајак и Гардиш °Древната санскрит драма со високо стилизирана природа со акцент на спектаклот, каде музиката, танцот и гестикулациите се комбинираат со цел да создадат една вибрантна уметничка целина каде танцувањето и мимиките се центарот на драмското искуство.Санскрит драмите се познати како натја, се добиваат од коренот нрит (танцува), карактеризирајќи ги како спектакуларни танцувачки драми кои ја одржаа индиската кинематографија. Теоријата за раса која потекнува уште од древната санскрит драма, се верува дека е самата основа која ја разликува индиската, особено хинди кинематографијата, од онаа во западниот свет. Традиционалниот фолклорен театар на Индија, кој станува познат некаде во десеттиот век по падот на санскрит театарот. Овие регионални традиции ги вклучуваат Јатра од Бенегал, Рамлила од Утар Прадеш, и Терукуту од Тамил Наду .