мини|Хју Лори Грегори Хаус M.D. често нарекуван и само Хаус — е името на ликот и главниот учесник во американската телевизиска серија House (2004-2012). Улогата ја игра Хју Лори. Хаус е раководител на одделот за дијагностичка медицина во измислената болница Princeton-Plainsboro во Њу Џерси, каде тој води тимот на дијагностичари. Ликот на Хаус се опишува како мизантроп, циник, нарцис, и скаперник. Тој е единствениот лик кој се појавува во сите 177 епизоди. Премиерата на шестата сеозна е единсвената епизода во кој Хаус е единствениот постоја лик кој се појавува, освен Вилсон (накратко).

Во серијата, необичните дијагностички пристапи, радикални терапевтски мотиви и смелата рационалност на карактерот, резултираат со многу конфликти помеѓу него и неговите колеги. Хаус често е прикажан како личност со недостаток на сочувство за неговите пациенти и поседување пракса која му обезбедува време да ги разјасни патолошките мистерии. Неговиот лик е делумно инспириран од Шелок Холмс. Дел од дејствието на серијата се концетрира на честата употреба на викодин кој му помага на Хаус да се справи со болката. Тој има повреда на ногата која го принудува да оди со бастун. Оваа зависност од викодин е една од сличностите со Холмс, кој е чест корисник на кокаин.

Низ текот на серијата, ликот прими позитивни критики. Том Шејлс of The Washington Post го нарече Хаус „единствениот лик кој успеал да ја „запали“ телевизијата со години“. Во 2008 година, BuddyTV го прогласи Хаус за вториот најсекси доктор, по д-р Даг Рос (Џорџ Клуни) од ER. TV Overmind го прогласи Хаус за најдобриот телевизиски лик во последната деценија. Во јуни 2010 година, Entertainment Weekly, исто така, го прогласи Хаус за еден од 100те Најдобри Ликови во последните 20 години. Во анкета направена од Zap2it Хаус беше одбран за доктор во кој најмногу се заљубуваат, дури и повеќе од Даг Рос од ER. За неговата улога, Лори има освоено разни награди вклучувајќи ди два златни глобуса за најдобар глумец во телевизиска драма серија и награда за најдобар глумец во драма серија од Screen Actors Guild Award. Laurie also earned Primetime Emmy Award nominations in 2005, 2007, 2008, 2009, 2010 and 2011.

Историја на ликот Хаус е роден на 15 мај 1959 година и е син на Џон и Блит Хаус (Р. Ли Ерни и Диан Бејкер) Хаус е „дете на војската“, татко му бил воздухопловец на Marine Corps и во текот на детството на Хаус, тој често бил префрлан од една во друга база. Египет бил едно од местата каде татко му бил стациониран и таму Хаус го развил својот восхит кон археологијата и ловење богатства. стациониран и таму Хаус го развил својот восхит кон археологијата и ловење богатства. Друго место била Јапонија, каде, на 14 години, по еден инцидент при качување карпи со пријател, Хаус го открива своето идно занимање. Тој бил сведок на почитта дадена на buraku доктор кој успеал да го реши случајот кој ниту еден доктор не можел. Тој, исто така поминал некое време на Филипинити каде му била извршена забна операција. Хаус ја сака мајка му но го мрази татко му и намерно ги одбегнува двајцата родители. Во еден момент, Хаус раскажува како неговите родители го оставале кај баба му, чии казни претставувале злоупотреба. Сепак, тој, подоцна признава дека татко му бил тој кој го злоупотребувал. </ref> Поради злоупотребата, Хаус никогаш не поверувал дека Џон Хаус му е билошки татко и на 12 години, приметил дека пријател на семеството има ист вроден белег како него и заклучил дека тој е неговиот татко. Во епизодата „Birthmarks“ од петатта сезона, Хаус нарачува ДНК тест за да ја спореди неговата со таа на Џон и резулатите покажуваат дека тој не му е татко. Во епизодата „Love is Blind“ од осмата сезона, откако Хаус ќе направи втор ДНК тест да ја спореди неговата со ДНК-та на човекот кој го смета за неговиот билошки татко, Томас Бел тој дознава дека и тој не му е татко. Идентитетот на неговиот вистински татко е непознат.

Хаус прво се запишал на додипломски студии на Универзитетот Џонс Хопкинс. Пред целосно да се посвети на неговата дисциплина, тој размислува да прави докторат од физика. Тој бил примен на Медицинскиот факултет на Џонс Хопкинс и бил одличен за време на неговиот престој овде. Тој бил меѓу првите кои се натпреварувале за престижното и конкурентско место за стажирање во Клиниката Мејо, но, за време на неговите студии тој е фатен дека препишува и како резултат на ова тој е избркан од Џонс Хопкинс. Додека се жалел за неговото исклучување од Џонс Хопкинс, тој се запишал на Медицински факулет на Универзитетот во Мичиген, каде, додека работел во книжара, тој ја запознал Лиса Кади (Лиса Еделстајн). Лиса ќе биде идната работодавачка на Хаус и девојка и со која, според неговите зборови, ќе помине со неа и ќе и даде сè што побарала. . По процесот на жалба, тој е одбиен и не може да се врати во Џон Хопкинс. За време на една медицинска конференција во Њу Орлеанс, на која тој ќе присуствува кратко откако ќе дипломира, Хаус го запознава својот најдобар другар д-р Џејмс Вилсон. Вилсон, кој во тоа време поминувал низ развод, ќе скрши огледало и ќе започне тепачка во бар откако еден човек постојано ќе ја пушта "Leave a Tender Moment Alone" на џубокс. Хаус ќе плати за штетата, ќе му плати кауција и ќе најми адвокат да му го исчисти името на Вилсон (кој нема да успее во тоа), со што ќе започне нивната професионален и приватен однос. Хаус, со тек на време ќе стане лиценциран diagnostician со двојна специјализација - заразни болести и нефрологија.

Отприлика десет години подоцна, пред почетокот на серијата, Хаус започнува врска со Стејси Ворнер (Села Вард),адвокат, откако таа ќе го погоди за време на еден пејнтбол меч помеѓу адвокати и доктори. Пет години подоцна, за време на една голф игра, Хаус ќе има несреќа која ќе резултира со изумирање на мускулот на неговата десна нога.Неговата повреда, три дена ќе биде погрешно дијагнозирана поради тоа што лекарите сметаат дека тој покажува знаци на зависник од лекови. Најпосле, Хаус сам ќе постави дијагноза за неговата повреда. Аневризма во неговиот бут ќе се згрутчи и ќе предизвика неговиот мускул да стане некротично. Хаус ќе побара анализа на мртвиот мускул со цел да се врати циркулацијата во останатиот дел на ногата со што ризикува да му откажат органите и да добие срцев удар. Тој е спремен да издржи ужасни пост-оперативно болки само за да ја задржи функцијата на ногата.

Сепак, откако ќе биде подложен на хемиски индуцирана кома за да ги преспие најголемите болки, Ворнер, заменикот на Хаус ќе се спротивстави на желбите на Хаус и ќе одобри побезбедна хируршка интервенција со која ќе му се отстрани само мртвото ткиво. Ова ќе резултира со делумно губење на функцијата на ногата и го остава Хаус со помали, но сериозни болки до крајот на животот. Хаус не може да и прости на Стејси за донесување на оваа одлука која подоцна ќе биде причината поради која таа ќе го напушти. Хаус сега пати од хронични болки во неговиот бут и користи бастун да му помогне при одењето. Исто така, тој често користи викодин за да ги олесни болките. Откако ќе претрпи нервен слом, со помош на психијатриска помош, Хаус ќе успее да ја прекине својата зависност. Кога Ворнер ќе се појави во првата сезона, таа е омажена со Марк Ворнер, советник од средно школо. Иако таа и Хаус ќе имаат кратка афера во втората сезона, тој најпосле ќе и каже да се врати кај нејзиниот сопруг со што ќе ја уништи.

На почетокот на третата сезона, откако ќе се подложи на кетамин третман, Хаус привремено ќе му се врати целосна функција на ногата и тој ќе може да оди и трча. Сепак, хроничните болки ќе му се вратат и тој продожува да зема лекарства и да го користи бастунот.

На една рутинска посета на клиниката, еден полициски детектив, Мајк Тритер е примен од Хаус. Тритер го набљудува Хаус како зема викодин за болките и тврди дека тоа е причината поради која тој е непристоен и насилник. Тритер верувајќи дека докторите би требало да бидат поодговорни додека работат со медицина, тој решава да започне правна постапка против Хаус за сомневање за злоупотреба на лекови. Во истрагата полека ги вмешуваат Кади, Вилсон и тимот на Хаус и се користат ектремни мерки за да добијат информации од нив. Хаус, за да може да ја прифати понудата да ја задржи својата лиценца, е принуден на одвикнување од викодин. Но Хаус не може да ја поднесе болката па затоа оди предалеку кога краде оксикодон од еден пациент на Вилсон кој умрел, со што Тритер го добива она што му е потребно за да го испрати Хаус на суд. На сослушувањето, судијата одлучува дека Хаус не е опасен за општеството и начинот на кој тој се справува со болката на ногата не е толку сериозен како што го прикажал Тритер. Оваа пресуда се донесува откако Кади ќе произведе доказ со што извршува кривоклетство само за да го спаси Хаус од затвор.

За време на петатта сезона, Хаус откако ќе почне да зема метадон, повторно ја враќа функцијата на ногата но наскоро престанува откако за малку ќе убие пациент поради некарактеристична медицинска грешка. На крајот на петатта сезона, употребата на викодин достигнува ниво каде тој започнува да халуцинира за поранешен кандидат за работа и за врска со Кади. Кога Хаус ќе сфати дека викодинот му предизвикува халуцинации и му го презема животот тој се пријавува во Психијатриската болница Mayfield. На почетокот на шестата сезона, по некое време поминато во болницата, со помош на д-р Дерил Нолан, Хаус наоѓа други начини да се справи со болката и со други аспекти од неговиот живот. Тринаеска и Вилсон откриваат дека Хаус е одличен готвач, припишувајќи го ова на тоа дека Хаус ги смета состојките во готвењето како хемиски состојки.

Хаус, евентуално открива дека медицината е единственото нешто кое му помага против болките. Откако ќе дијагностицира пациент преку интернет за неговиот тим (без нивно знаење) и ќе и покаже на докторката Нолан дека така му се намалува болката, Нолан предлага тој да се врати на работа.[TV Guide House recaps|http://www.tv.com/house/epic-fail/episode/1296797/recap.html?tag=episode_recap;recap ] episode 5,15

Во седмата сезона, Кади, која во овој момент му е девојка на Хаус, има средба со смртта што го враќа Хаус на употребата на викодин за да може да се справи со стравот дека ќе ја изгуби. При крајот на седмата сезона, дознава дека експерименталниот лек кој го користел предизвикач фатален канцероген тумор кај сите лабораториски стаорци. Тој си прави томографија и наоѓа три тумори близу површината на кожата на ногата. Оди дома, ја чисти бањата и си прави операција на себе да ги извади туморите.

Во осмата сезона, откако Хаус ќе удри со неговата кола во куќата на Кади, тој оди во затвор. Откако еден затвореник ќе го натера да украде 20 пилули викодин или че го убие, Хаус сфаќа дека потребата за викодин му е слабост. Низ текот на осмата сезона, употребата на викодин станува почеста од пред петатта сезона.

Првата епизода од последната сезона, делумно открива што би правел затворениот Хаус наместо медицина, откривајќи ја физиката како неговата друга способност. Епизодата „Body & Soul“ го потврдува ова со повикување на текст за честична физика помеѓу неговите книги, како што кажала неговата тогашна жена Доминика Петрова (Каролина Видра). Во финалето на сезоната, Хаус ја лажира својата смрт со што повторно се откажува од работењето со медицина, само за да ги помине со д-р Џејмс Вилсон (Роберт Шон Ленард)последните пет месеци од неговиот живот. Тој го прави ова и за да избегне повторно враќање во затвор бидејќи тој уништилапарат за магнетна резонанца во шега кој не успеала. Серијата завршува со Хаус и Вилсон на мотори како возат накај селото додека д-р Роберт Чејс (Jesse Spencer) го презема одделот на Хаус.

Карактер