Лепчанскиот, или роншки (лепчанско: ; Róng ríng), е синотибетски јазик, дел од подгрупата на хималајски јазици. Јазикот го зборуваат Лепчаните во Сиким и во делови од Непал и Бутан.
Население Лепчанскиот се зборува од малцинското население Лепчани во Сиким, Индија. Покрај Сиким, јазикот се зборува и во Западен Бенгал и во делови од Непал и Бутан. Таму каде се зборува, јазикот се смета за староседелски и се зборувал пред навлегувањето на тибетските јазици. Лепчаните се делат на четири заедници: Ренџонгму (Сиким), Тамсангму (Калимпонг, Куресонг и Мирик,), Лами (Лам, Непак) и Прому (Бутан). Лепчаните во Индија сè поголеми од тие во Непал и Бутан. Се проценува дека има околу 53.000 Лепчани, но всушност реалната бројка на Лепчани во Индија може да е близу 30,000.
Класификација Тешко е да се класифицира лепчанскиот јазик, но Ван Дрим (2001) предлага дека јазикот е сроден со махарирантските јазици, подгрупа на хималајските јазици. Од другата страна пак, SIL International го класифицира јазикот во групата на хималајски јазици како член на тибетско-канаурските јазици, но забележува и алтернативна класификација со наганските јазици. Јазикот покажува лексичко влијание од различни поголеми јазици.
Особености Лепчанскиот не е тонски јазик, иако има фонетски акцент кој може да биде означен со лепчанско писмо. Поголем број од лексичкиот фонд на јазикот е составен од едносложни зборови.
Писмо
Јазикот се пишува со лепчанско писмо. Писмото е абугида и потекнува од тибетското писмо. Раните лепчански текстови се пишувале вертикално, по принципот на кинескиот правопис. Пред создавањето на лепчанското писмо, јазикот се пишувал со тибетско писмо.
Фонологија Согласки лабијални забни алвеоларни ретрофлексни палатални веларни глоталниносни /m/ /n/ /ny/ /ng/ експозивнибезвучни /p/ /t/ /tr/ /c/ /k/ /ʔ/призвучни /ph/ /th/ /thr/ /ch/ /kh/ звучни /b/ /d/ /dr/ /g/ африкатибезвучни /ts/ призвучни /tsh/ фрикатибезвучни /f/ /s/, /sh/ звучни /v/ ~ /z/, /j/ апроксимантни /w/ /l/ /y/ /h/вевни /r/
Самогласки предни централни задни затворени /i/, /í/ /u/ /ú/ полузатворено /o/ полуотворени ~ /e/ /a/, /â/ /ó/ отворени /á/
Наводи
Литература
Поврзано
Синотибетски јазици Лепчанско писмо Лепчани
Категорија:Бодски јазици Категорија:Јазици во Непал Категорија:Јазици во Бутан Категорија:Јазици во Индија