Харли Дејвидсон мини|Логото на Харли-Дејвидсон Претпријатието Харли Дејвидсон,Х-Д или Харли е американски производител на мотоpцикли.Ова претпријатие е основано во Милвоки,Висконсин за време на првата декада на 20 век и е една од двете американски производители на мотоpцикли кои ја преживеаја големата депресија.Харли Дејвидсон исто така преживеа и период на слаб квалитет и конкуренција од страна на Јапонски производители. Оваа компанија продава мотоpцикли од тешка категорија (над 750 кубика) дизајнирани за возење по автопат.Мотоpциклите на Харли Дејвидсон (популарно познати како ``Харли``) имаат претпознатлив дизајн како и издув.Тие се особено познати по нивната традиција од менувањето на изгледот на мотоpциклот како и произведување на мотоцикли по нарачка што го поттикна чоперскиот стил на мотоpциклите.Освен моделот на модерната ВРСЦ фамилија,сегашните мотоцикли на Харли Дејвидсон се огледуваат на стилот класичните Харли дизајни.Обидите на Харли Дејвидсон за да се претстави? во маркетот на лесни мотоrцикли се покажаа со ограничен успех и беа напуштени од продажбата на италијанскатa Аермачи филијала во 1978. Харли Дејвидсон одржува лојален бренд кој е активен преку клубови,настани,и еден музеј.?Лиценцирањето на брендот и логото Харли Дејвидсон беше изнесува 40 милиони долари (0.8%) од нето приходите на компанијата

Историја

Почеток

Во 1901,Вилијам.С.Харли на 22 години, нацрта планови за мала машина со зафатнина од 7.07 кубни сантиметри (116 кубика) и четири инчни (102 милиметри) замајци.Машината беше дизајнирана за да се користи во обична рамка за велосипед со педали.Преку следните две години,Харли и неговиот другар од детството Артур Дејвидсон работеа на нивниот велосипед со мотор користејки ја машинската работилница во северната страна на Милвоки во домот на нивниот другар Хенри Мелк.Завршена беше во 1903та со помош од Валтер Дејвидсон братот на Артур.Во текот на тестирањето на нивниот моќен - цикл Харли и браќата Дејвидсон увидоа дека не може да ги искачи ридовите околу Милвоки без помош на педалите.Тие брзо го запишаа нивниот прв велосипед со мотор како скапоцен поучен експеримент.

Веднаш се запошна работа на нова и подобра машина од втора генерација.Првиот ``вистински`` Харли Дејвидсон мотоцикл имаше поголема машина од 24.74 кубни инчи (405 кубика) со 9.75 инчни (25 сантиметри) тркала кој тежеа 28 лб ( 13 килограми ).Напредната циклусна рамка на машината беше слична на мотоциклот Милвоки Меркел од 1903 година (дизајнирана од Џозеф Меркел).Поголемата машина и дизајнот на рамката го зедоа од категоријата на велосипедот со мотор кој би требало да помогне да дефинира што еден модерен мотоцикл би требало да содржи во следните години.Момчињата исто така добија помош со нивната поголема машина од надворешниот мото пионер Оле Евинруд,кој тогаш правеше бензински машини со негов дизајн за авто употреба на Милвоки Лејк Стрит.

Прототипот на новиот Харли Дејвидсон со нова циклусна рамка беше составен во барака од 10 х 15 стапки (3.0 метра х 4.6 метра) во дворот на фамилијата Дејвидсон.Повеќето од главните делови,сепак, беа произведени на друго место,вклучувајќи и некои најверојатно фабрички делови произведени во западната железничка работилница каде најстариот брат Вилијам А.Дејвидсон работеше како надзорник.Овој прототип беше функционален до 8 септември 1904 година,кога се натпреваруваше во трка со мотоцикли во Милвоки во Стејт Феир Парк?.Го возеше Едвард Хилдебранд и се пласираше четврти.Ова е првата документирана појава на Харли Дејвидсон мотоцикл во историјата.

Во јануари 1905 година,мали реклами беа поставени во ``Automobile and Cycle trade Journal`` кои им понудија голи машини од Харли Дејвидсон на трговијата направи-сам.До Април,целосни мотоцикли беа во изработка во многу ограничени количини.Таа година првиот дилер на Харли Дејвидсон,Карл Х.Ланг од Чикаго продаде три мотоцикли од дузината кои беа произведени во бараката во дворот на Дејвидсон.(Неколку години подоцна оригиналната барака беше донесена во фабриката во Џуно Авенијата каде требаше да стои многу декади како трибут до потеклото на фабриката за мотоцикли.За жал,првата барака беше по грешка уништена од страна на градежници во раните седумдесетти за време на чистењето на дворот на фабриката.)

Во 1906та година,Харли и браќата Дејвидсон ја изградија својата прва фабрика на Честнат Стрит (подоцна Џуно Авенија).Оваа локација остана корпоративниот центар на Харли Дејвидсон денес.Првата фабрика на Џуно Авенијата имаше еден спрат од 40 х 60 стапки (12 х 18 метри) од дрвена структура.Компанијата произведе околу 50 мотоцикли таа година.

Во 1907 година,Вилијам С.Харли дипломира на Универзитетот за машинско инженерство во Висконсин-Медисон.Таа година донесе дополнителна експанзија со втор спрат фасади и додатоци од бледо жолтата (``крем``) тула на Милвоки.Со новите додатоци производството се зголеми до 150 мотоцикли во 1907 година.Компанијата офицјално се инкорпорира во тогашниот септември.Тие исто така почнаа да им ги продаваат мотоциклите на полицијата во ова време,пазар кој им е значаен од тогаш па натаму.

Производствата на машините во 1905 и 1906 година беа сите модели со еден цилиндар со 26.84 кубни инчи (440 кубика).Во февруари 1907 година беше изложен прототип на машина со агол од 45 степени В - твин на Автомобилското шоу во Чикаго.Иако беше покажан и рекламиран овој модел,многу малку од овие модели беа произведени од 1907 и 1910 година.Овие први В - твин модели имаа зафатнина од 53.68 кубни инчи (880 кубика) и произведуваа околу 7 коњски сили (5.2 киловати).Ова им даде околу двојно повеќе моќност за разлика од моделите со еден цилиндар.Максималната брзина им беше околу 60 милји на час (100 километри на час).Производството скокна од 450 мотоцикли во 1908 до 1.149 машини во 1909.

До 1911, некои 150 макети од мотоцикли веќе беа направени во САД - иако само неколку би преживеале во 1910. Во 1911,подобрен В-твин модел беше претставен.Новата машина имаше механички оперирани влезни вентили, спротивно од претходните В-твин модели кои имаа автоматски влезни вентили кои се отвораа со вакуум на машината.Со капацитет од 49.48 кубни инчи (811 кубика) В-твин моделот од 1911 година беше помал од претходните,но покажа подобар перформанс.После 1913 година поголемиот дел на мотоцикли произведен од Харли Дејвидсон беа В-твин модели.

До 1913,фабриката изградена од жолти тули беше демолирана,и на таа локација беше изградена нова фабрика од армиран бетон и црвени тули.Почнувајќи во 1910,фабриката од црвени тули со многуте нејзини додатоци зафаќаше два блока од Жунау Авенијата и околу ќошот на 38ма улица.Без разлика на конкуренцијата,Харли Дејвидсон веќе беше понапред од Индијан и се очекуваше да ги доминира трките со мотоцикли после 1914 година.Производството таа година се сведе на 16,284 машини.

Прва светска војна

Во 1917,САД влезе во прва светска војна и војската побара мотоцикли за војната.Харли мотоцикли веќе беа користени од страна на војската во експедицијата Панчо Вила но во првата светска војна за првпат беше користен мотоцикл во борба.Харли Дејвидсон обезбеди околу 15.000 машини за воените сили во текот на првата светска војна.

1920-тите

До 1920 година Харли Дејвидсон беше најголемиот производител на мотоцикли во светот.Нивните мотоцикли беа продавани од страна на дилери во 67 земји.Производството се сведе на 28,189 машини. Во 1921 , Харли Дејвидсон мотоцикл, возен од Ото Вокер, беше првиот мотоцикл кој победи во трка со стандардна брзина од 100 милји на час (160 километри на час). Во текот на 1920 година,неколку подобрувања беа ставени на место, како новиот В – твин од 74 кубни инчи (1,212.6 кубици) кој беше претставен во 1922,и резервоарот во форма на солза во 1925 година.Во 1928 година беше додадена и предна кочница иако беше само на Ј/ЈД?? Моделите.

Во доцното лето во 1929 година,Харли Дејвидсон го претстави својот В-твин Флетхед од 45 кубни инчи (737 кубни сантиметри) за да се натпреварува со Индијан Скаут 101 и Ексцелсиор супер Х.ИВа беше моделот ``Д``,произведуван од 1929 до 1931.Возачите на Индијан мотоциклите подигравателно го спомнуваа овој модел како ``Харли со три цилиндри`` бидејќи генераторот беше исправен и паралелно наместен на предниот цилиндар.

Големата депресија

Големата депресија започна неколку месеци после претставувањето на моделот од 45 кубни инчи.Продажбите на Харли Дејвидсон опаднаа од 21,000 во 1929 до 3,703 во 1933.Покрај овие лоши бројки Харли Дејвидсон гордо ја претстави својата постава за 1934 година,која вклучуваше уметнички украсен Флетхед.

Со цел за да го преживее остатокот од депресијата,компанијата произведе индустриски постојки кои се засноваа на нивните машини.Тие исто така дизајнираа и произведија возило на три тркала кое остана во производство до 1973 година. Во средината на 1930-тите Алфред Рич Чајлд отвори производствена линија во Јапонија со ВЛ од 74 кубни инчи (1,210 кубни сантиметри).Јапонскиот носител на лиценцата,акционото друштво Санкјо Сеијако,ги прекина своите бизнис врски со Харли Дејвидсон во 1936та и продолжи да го произведува ВЛ моделот под името Рикуо. Флетхед машина од 80 кубни инчи (1,300 кубни сантиметри) беше додадена на поставата во 1935та,од кое време веќе мотоциклите со еден цилиндар беа надвор од производство.

Во 1936та беа претставени моделите 61Е и 61ЕЛ со мотори од Наклхед .Проблемите со вентилите во раните мотори на Наклхед бараа редизајн на половина пат низ својата прва година на производство и надградбата на новиот вентил на поранешните мотори. До 1937 година,сите флтехед мотори на Харли Дејвидсон беа опремени со системи за маслена рециркулација со сув капак слични на Наклхед мотоциклот ос ОХВ мотор.Ревизираните В и ВЛ модели од 74 кубни инчи (1210 кубни сантиметри) беа прекрстени во У и УЛ,ВХ и ВЛХ моделите од 80 кубни инчи (1300 кубни сантиметри) беа прекрстени во УХ и УЛХ,и Р моделот од 45 кубни инчи (740 кубни сантиметри) беше прекрстен во Њ.

Во 1941 година,Наклхедот од 74 кубни инчи (1,210 кубни сантиметри) беше претставен како Ф и ФЛ.УХ и УЛХ моделите на флетхед од 80 кубни инчи ( 1300 кубни сантиметри) беа исфрлени од производство после 1941 година додека 74`` У и УЛ модели на флетхед беа произведувани до 1948 година.

Втора светска војна

Еден од само два американски производители на мотоцикли успеа да ја преживее големата депресија,Харли Дејвидсон повторно произведуваше големи бројки на мотоцикли за армијата на САД во втората светска војна и го продолжи цивилното производство потоа,произведувајки голем опсег на В – твин мотоцикли кои беа успешни и на тракачките стази и за приватните купувачи. Харли Дејвидсон во предвечерието на втора светска војна,веќе ја снабдуваше армијата со армиски специфицирана верзија на ВЛ поставата од 45 кубни инчи (740 кубни сантиметри) кои ги викаа ВЛА.(Буквата А во овој случај значеше ``Армија``).

Во започнувањето на војната,компанијата,заедно со повеќето други производители,се свртија на воена работа.Повеќе од 90,000 воени мотоцикли беа произведени,повеќето ВЛА и ВЛК (Канадската верзија) и многу од нив беа обезбедени за пријателските сили.Харли Дејвидсон прими две Армиски-Navy награди,една во 1943 година и другата во 1945 кои беа доделени за одлично производство.

Пратките во Советскиот Сојуз под програмата за давање под закуп броеја најмалку 30.000. Производството на WLAs во текот на сите четири години на војната генерално имаше околу 1942 сериски броеви. Производството на WLA беше запрено на крајот на Втората светска војна, но беше продолжено од 1950-1952 за употреба во Корејската војна.