thumb|450п|десно|Зимскиот дворец, од плоштадот на дворецот thumb|450п|десно|Зимскиот дворец, од плоштадот на дворецот Зимскиот дворец (од руски: Зи́мний дворе́ц), Санкт Петербург, Русија била официјалната резиденција на руските владетели, од 1732 до 1917 година. Сместена помеѓу кејот и плоштадот на дворецот, соседна на поранешната локација на Зимскиот дворец од Петар Велики, денешната и четврта Зимски дворец била изградена и изменувана при крајот на 1730 и 1837 година, кога тешко била оштетена во пожар и непосредно обновена. Наводниот напад на дворецот во 1917 година, насликан во Советските слики и прикажан во филмот на Сергеј Ејзенштејн Октомври (1927 година), стана ироничен симбол на Руската револуција.

Дворецот била конструирана во огромен размер со цел да ја одразува власта и силата на Царска Русија. До крајот на 19 век од дворецот царот владеел со преку 22.400.000 км (речиси 1/6 од Земјината маса) и со преку 125 милиони жители. Дворецот била изградена од многу архитекти, особено од Бартоломео Растрели, во Елизабетски барокен стил. Зелено-белата дворец има форма на издолжен правоаголник а нејзината првична предна страна е долга 250 метри и 100 стапки (30 метри) висока. Зимскиот дворец има 1,786 врати, 1,945 прозорци, 1,500 соби и 117 скалила. При обнвувањето во 1837 година надворешноста остана недопрена, но големи делови од внатрешноста биле одново дизајнирани во различни вкусови и стилови, назначувајќи ја дворецот како „дворец од 19 век инспирирана од модел во Рокококо стил„. Во 1905 година се случил масакарот Крвава недела каде што протестантите марширале кон Зимскиот дворец, но дотогаш царската фамилија веќе одлучила да живее во посигурната и поизолираната Александровскиот дворец во Царско Село, и се враќале во Зимскиот дворец само за најформалните и ретки државни прилики. По Февруарската револуција во 1917 година, краток период дворецот била седиште на Руската привремена влада, водена од Александар Керенски. Подоцна во истата година, војници и морнари од Црвената Армија ја нападнала дворецот – важен момент во раѓањето на советската држава. Едномесечниот грабеж во палатските винарски визби за време на овие немирни времиња доведе до она што се опишува како „најголемиот мамурлак во историјата“. Денес, зачуваната дворец е дел од комплексот згради, место каде што се наоѓа музејот Ермитаж.

Зимскиот дворец на Петар Велики (1711-1753)

мини|лево|Првата Зимски дворец, изградена во 1711 година за Петар Велики, од Доменико Трезини

По враќањето од неговата Голема амбасада во 1698 година, Петар I од Русија отпочнал политика на усвојување и проширување на културата на Западот со цел да го превори Руското царство во Руска Империја и главна европска сила. Оваа политика била манифестирана преку тули и малтер со изградба на нов град Санкт Петербург во 1703 година. Културата и дизајнот на новиот град била свесно отфрлање на традиционалната Руска архитектура која била под влијание на Бизантин, каков што е тогашно модерниот Наришкин барок, давајќи предност на архитектура инспирирана од класичното која била актуелна во големите европски градови. Царот сакал неговиот нов град да е граден во фламански ренесансен стил, подоцна познат како Петрин барок, овој бил стилот којшто тој го одбрал и за неговата нова дворец во градот. Првата царска резиденција била скромна колиба тогаш позната како Домик Петра I, изградена во 1704 година, којашто била свртена кон реката Нева. Во 1711 година била преместена на браната Петровскаја, каде што стои до ден денес. По растеретувањето на местото царот отпочнал со градење на поголема куќа помеѓу 1711 и 1712 година. Оваа куќа, којашто денес се смета за првиот Зимски замок, била конструирана од Доменико Трезини.

Осумнаесеттиот век бил период на голем развој во Европската кралска архитектура. Овој процес, којшто започнал при крајот на 16 век, се забрзал и драгоцените класични палати брзо ги замениле затврдените замоци низ помоќните европски земји. Еден од најпрвите и знаменити примери е Версај во времето на Луј XIV. Изработен во 1710 година, Версај – со неговата големина и раскош – го зголемил соперништвото помеѓу европските владетели. Петар Велики од Русија, којшто бил склон да ги промовира сите западни концепти, посакал да има модерна дворец како онаа на владетелите. Сепак, за разлика од неговите следбеници, Петар никогаш не тежнеел кон тоа да се натпреварува со Версај.

Првата Зимски дворец била скромна зграда со два главни спрата под поплочен покрив. На Петар му било преку глава од првата дворец, па така во 1721 година втората верзија на Зимскиот дворец била изградена под водство на архитектот Георг Матарнови. Дворецот на Матарнови иако сè уште била скромна во споредба со кралските палати во другите европски метрополи, била на два спрата на приземен кат, со централна проекција под педимент поткрепена со столбови. Токму на тоа место починал Петар Велики во 1725 година.

Зимскиот дворец не била ниту единствената дворец во некомплетираниот град ниту најраскошната бидејќи Петар им наредил на неговите благородници да градат резиденции и да поминат пола година таму. Оваа барање не било омилено; Санкт Петербург бил основан врз мочуриште, со малку сончева светлина каде што се одгледувало само зелка и репка. Било забрането да се отсекуваат дрвја за гориво, така што било дозволено да се користи топла вода само еднаш во неделата. Само втората жена на Петар, царицата Катерина, се преправала дека ужива во животот во новиот град. Како резултат на исцрпувачката принудена работа низ целото царство, градот напреднал бргу. Проценето е дека 200.000 луѓе умреле во дваесет години додека го граделе градот. Еден дипломат од тоа време, кој го опишал градот како „купишта селани поврзани заедно, како некоја плантажа во Западните Инди“, по неколку години го нарекол „светско чудо, сметајќи на прекрасните палати“. Некои од овие нови палати во омилениот фламански барок на Петар како што се Кикин хол и Дворецот Меншиков сè уште постојат.

Дворецот 1725-1855

мини|лево|Првите Јорданови скалила

На денот на смртта на Петар Велики во 1725 година, градот Санкт Петербург ни приближно не бил центарот на западната култура и цивилизација како што тој предвидил. Многу од аристократите кои од царот биле принудени да го населат Санкт Петербург си заминале. Петар I е наследен од неговата вдовица Екатерина I, која владеела до нејзината смрт во 1727 година. Таа е наследена од внукот на Петар I, Петар II кој во 1727 година доста ја зголемил дворецот Матарнови. Трезини, којшто ја дизајнирал Летната дворец во 1711 година, е еден од најголемите застапници на стилот Петрин барок. Летната дворец била целосно реновирана и ја надминала постоечката Зимски дворец на Матарнови до тој степен што дворецот Маратнови станала само една од двете завршени сали од новата и трета Зимна дворец. Третата дворец, како и втората е во стилот Петрин барок.

Во 1728 година, веднаш откако е изградена третата дворец, царскиот дворец бил преместен од Санкт Петербург во Москва и со тоа Зимскиот дворец го изгубила статусот на главна царска резиденција. Москва уште еднаш била назначена за главен град, статус којшто претходно бил гарантиран за Санкт Петербург во 1713 година. По смртта на Петар II во 1730 година, престолот го наследила внуката на Петар I, Ана Ивановна.

Ана (1730-1740)

Новата царица се грижела повеќе за Санкт Петербург од нејзините претходници; таа го вовела одново Царскиот дворец во Зимскиот дворец и во 1732 година, Санкт Петербург повторно станал главен град на Русија, позиција која ја задржал до 1918 година.

Игнорирајќи ја третата Зимски дворец, кога царицата се враќала во Санкт Петербург се сместила во соседната дворец Апраксин. Во 1732 година царицата го овластила архитектот Франческо Бартоломео Растрели целосно да ја обнови и прошири дворецот Апраксин, присоединувајќи ги соседните куќи. Така, јадрото на четвртата и последна Зимски дворец не е дворецот на Петар Велики туку е дворецот на Генералниот адмирал Фјодор Матвејвич Апраксин. Царицата Ана дизајнирала нови ливреи за нејзините слуги и со нејзина наредба медовина и вотка биле заменети со шампајнско и Бургундец. Таа им наредила на Бојардите да го заменат нивниот бел мебел со боја на махагонија и абонос.

Елизабета (1741-1762)

Царското бебе Иван VI кој ја наследил Ана во 1740 година, наскоро бил соборен од престолот во државен удар без пролевање крв од страна на војвотката Елизабета, ќерка на Петар Велики. Доделувајќи и ја скоро цела моќ на нејзините омилени, новата царица Елизабета преземала живот исполнет со задоволство што го инспирирало рускиот историчар Василиј Клјучевски да ја нарече Зимскиот дворец како место со „позлатена мизерија“. За време на владеењето на Елизабета, Растрели којшто сè уште работел на неговиот првичен план, смислил целосно нова замисла во 1753 година – денешната Зимски дворец. Забрзеното довршување на дворецот било важно за честа на царицата, која ја сметала дворецот како симбол за државен престиж. Изградбата продолжила во текот на годината, дури и во најгрубите месеци од зимата. Бедата на рускиот народ и на армијата што довела до Седумгошната војна не смеела да го забавува прогресот. 859,555 рубљи биле доделени за проектот. Иако работниците добивале месечни плати од една рубља, цената на проектот го надминал буџетот толку многу што заради недостиг од ресурси прекинала изградбата и покрај опсесивната желба на царицата за брзо завршување. Најпосле, данокот за сол и алкохол бил зголемен со цел да финансираат дополнителните трошоци, иако рускиот народ веќе биле натоварени со даноци за војната. Конечната цена била 2,500,000 рубљи.

Екатерина II (1762-1796)

Царицата Елизабета ја одбрала германската принцеза, Софи од Анхалт-Зербст, да биде невеста на нејзиниот внук и наследник Петар III. Бракот не бил успешен но оваа принцеза позната како Екатерина Велика е главно поврзана со Зимскиот дворец. Во 1762 година, проследено со државен удар во којшто нејзиниот маж бил убиен, Екатерина се фалела со нејзиниот седумгодишен син Павле на балконот од Зимскиот дворец пред возбудената толпа. Меѓутоа таа не го претставувала нејзиниот син како новиот и законски владетел на Русија, туку славата која што си ја поткревала самата. мини|десно|Портрет на младич, купен за Зимскиот дворец во1764 година

Операта која постоела во југозападното крило на замокот била покосена со цел да се овозможат апартмани за фамилијата на Екатерина. Во 1790 година, Куаренџи обновил пет соби од Растрели за да создаде три широки ходници. Екатерина била одговорна за трите големи околни палати, колективно познати Ермитаж – 150 години подоцна целосниот комплекс, вклучувајќи ја и Зимскиот дворец била позната под тоа име.

Екатерина била импресионирана од францускиот архитект Жан-Батист Валин де ла Мот, кој ја дизајнирал Царската академија на уметностите (исто така во Санкт Петербург) и го овластила да додаде ново крило на Зимскиот дворец. Тоа било планирано да биде дворец наменета за одмор од формалностите и церемониите во дворот. Екатерина го крстила Ермитаж (14), име кое било користено од нејзиниот предок царицата Елизабета за да ги опише нејзините приватни соби во дворецот.

Павле I, Александар I и Николај I (1796-1855)

мини|десно|Ротонда(26)Кружен ходник од раниот 19 век, ги поврзува државните и приватните соби на дворецот