Кристофер Морис „Крис“ Браун (роден на 5 мај 1989 г.) е американски пејач, текстописец, рапер, танчер и глумец. Тој е роден во Тапаханок, Вирџинија. Браун сам се научил да пее и да танцува кога бил мал. Тој исто така пеел во црковниот хор и учествувал во повеќе локални шоуа за талент. Во 2004 г. потпиша договор со продуцентската куќа Jive Records, и по една година го издаде својот прв албум нарачен по неговото име. Албумот се искачи на второ место на американската табела Билборд 200. На него е и хит синглот "Run It!" којшто се најде на прво место на топ-списокот на Билборд Хот 100, правејќи го Браун првиот машки артист што успеал да го има својот прв сингл на прво место на топ-листата после Диди во 1997 г. Албумот Крис Браун беше двапати сертифициран како платина од страна на здружението на музичките сниматели на Америка.

Вториот студиски албум на Браун, наречен Exclusive, беше издаден во 2007 г. Во него се ноѓаа трите успешни синглови: неговиот втор сингл "Kiss Kiss" на којшто пее со Т-Пејн, што се најде на прво место на топ-листата Хот 100, "With You" и "Forever". Албумот Exclusive исто така беше двојно сертифициран како платина од страна на здружението на музичките сниматели на Америка.Третиот студиски албум на Браун, Graffiti (2009 г.), го вклучуваше синглот "I Can Transform Ya", со Лил Вејн и Суиц Биц којшто се најде на листата топ-дваесет. Во 2011 г. Браун го издаде својот четврт студиски албум F.A.M.E., којшто стана неговиот прв албум што се најде на прво место на табелата на Билборд 200. Албумот ги содржи сингловите "Yeah 3x", "Look at Me Now" со Лил Вејн и Баста Рајмс, и "Beautiful People" со Бени Бенаси. Албумот F.A.M.E. му ја донесе првата Греми награда на Браун за најдобар РнБ албум на 54те Греми награди. Неговиот петти студиски албум Fortune, беше издаден во јули 2012 г. Сепак, освен албумот Exclusive, албумите на Браун не беа добро примени од страна на музичките критичари.

Освен што снима музика, Браун исто така започна и глумечка кариера. Во 2007 г. тој ја започна својата филмска кариера во филмот Stomp the Yard, а се појави и како гостин во телевизиската серија The O.C. Други филмови во кои Браун се има појавено, ги вклучува: This Christmas (2007), Takers (2010) и Think Like a Man (2012). Во својата кариера Браун има освоено многу награди меѓу кои и: две NAACP Image Awards награди, три Американски Музички награди и девет БЕТ награди.

Во 2009 г. Браун се изјави виновен за физички напад врс пејачката и тогашната негова девојка Ријана. Тој беше осуден на пет години условна казна и на шест месеци служба на заедницата. Случајот доби огромно внимание од страна на медиумите и негативно влијаеше врз неговата кариера.

Кариера 1989–2004: Ран живот и почеток на кариерата Кристофер Морис Браун е роден на 5 мај 1989 г. во малиот град Тапаханок, Вирџинија. Мајка му се вика Џојс Хокинс и е поранешен директор на дневен центар за згрижување, а татко му се вика Клинтон Браун и е поправен службеник во локален затвор. Крис има постара сестра, Литрел Банди, којашто работи во банка. Музиката отсекогаш била во животот на Браун, уште од неговото детство. Тој слушал соул албуми коишто припаѓале на неговите родители, и со текот на времето почнал да покажува желба за хип-хоп музиката.

Браун се научил самиот себеси да пее и да танцува кога бил мал и честопати го цитира Мајкл Џексон како како негова инспирација. Почнал да настапува во црковниот хор а исто така учествувал и во повеќе локални шоуа за талент. Кога го имитирал Ашер како ја пее "My Way", неговата мајка сфатила дека тој има талент за пеење и почнале да бараат можност за музички договор. Во исто време, Браун имал лични проблеми. Родителите му се разведувале, а дечкото на мајка му го плашел со тоа што таа била подложна на семејно насилство.

Кога имал 13 г., Браун бил откриен од Hitmission Records, локален продуцентски тим којшто ја посетил бензинската станица на татко му додека барал нов талент. Hitmission's Lamont Fleming обезбедил вокален тренер за Браун, тимот помогнал да се среди демо пакет и да контактира луѓе во Њујорк за да најдат музички договор. Тина Дејвис, висок A&R извршител на продуцентската куќа Def Jam Recordings, била импресионирана кога Браун аудицирл во нејзината канцеларија во Њујорк и веднаш го претставила на поранешниот претседател на Island Def Jam Music Group, Антонио Ел Еј Рид којшто му понудил да го потпише уште тој ден. "Знаев дека Крис има вистински талент," рече Дејвис. "Едноставно знаев и сакав да бидам дел од тоа."

Преговорите со Def Jam продолжија два месеци, и тогаш Дејвис ја загуби својата работа поради корпоративно соединување. Браун ја прашал таа да му биде менаџер, и веднаш откако Дејвис прифатила, таа го унапредила пејачот во продуцентски куќи како што се Jive Records, J-Records и Warner Bros. Records. Records. Според Марк Питс во интервју за HitQuarters, Дејвис го претставила Браун со видео запис и реакцијата на Пит била: "Го видов потенцијалот... Не ги сакав сите песни, но го сакав неговиот глас. Тоа не беше проблем бидејќи знаев дека тој може да пее, а јас пак знаев како да снимам песни." Накрај, Браун ја одбра продуцентската куќа Jive поради успешната работа што таа куќа ја имала со млади пејачи, како што се Бритни Спирс и Цастин Тимберлејк. Браун изјави, "Ја избрав Jive бидејќи тие имаа најмногу успех со млади уметници на поп пазарот, [...] Знаев дека ќе ја придобијам мојата африканско-американска публика, но Jive има многу сила во поп областа а исто и во долговечноста во кариерата.“ Браун одел во средното училиште Есекс во Вирџинија до почетокот на 2005 г., кога се преселил во Њујорк за да ја проследи својата музичка кариера.

2005–06: Крис Браун и почетокот на глумечката кариера

Откако потпиша со Jive Records во 2004 г., Браун го започна снимањето на неговиот албум во февруари 2005 г. До мај, веќе снимиле 50 песни, од кои 14 биле избрани за конечниот список на песни. Пејачот работел со повеќе продуценти и текстописци, меѓу кои и Скот Сторч, Кул & Дре и Џази Фа, и сите коментирале дека “навистина верувале во него“. И Браун придонел за албумот, тој помогнал во пишувањето на пет песни. "Пишувам за работите што им се случуваат секојдневно на 16 годишни деца" рече Браун. "Како кога ќе влезеш во неволја што си прикрал некоја девојка во куќата, или не можеш да возиш па затоа крадеш автомобил или сл. Целиот албум одземал помалку од осум недели да се подготви.

Албумот наречен како неговото име Крис Браун беше издаден на 29 ноември 2005 г. и се искачи на второто место на Билборд 200 со 154 000 албуми продадени во текот на првата недела. Крис Браун, со текот на времето, имаше релативен комерцијален – продадени повеќе од два милиона албуми во САД каде што албумот беше двапати сертифициран како платина од страна на здружението на музичките сниматели на Америка, и три милиона продадени албуни насекаде низ светот. Главниот сингл на албумот, “Run it!”, го направи Браун првиот машки артист (од Монтел Џордан во 1995 г.) да го има првиот сингл од својата кариера да се искачи на прво место на топ-списокот на Билборд Хот 100 и останувајќи на тоа место и во следните четири недели. Три од останатите синглови: "Yo (Excuse Me Miss)," "Gimme That" и "Say Goodbye" се искачија во првите топ-дваесет на истата листа.

На 13 јуни 2006 г., Браун издаде ДВД наречено “Chris Brown's Journey“, коешто покажува видеа од неговите патувања во Англија и Јапонија, од подготвувањето за неговата прва посета на Греми Наградите, од зад сцената на неговите музички видеа и грешки. За уште поголема промоција на својот албум, на 17 август 2006 г. Браун ја започна својата огромно профитабилна турнеја “The Up Close and Personal Tour“. Поради неговата турнеја, снимањето на неговиот следен албум беше одложена за два месеца. Болницата St. Jude Children's Research Hospital доби 10,000 американски долари од приходите од билетите од "Up Close & Personal" турнејата на Браун од 2006 г. Браун се појави на телевизиското шоу One on One на програмата UPN и на првата епизода на шоуто The N's Brandon T. Jackson Show.

2007–08: Exclusive

Во јануари 2007 г., Браун доби мала улога како пејач во бенд во четвртата сезона од телевизиската серија “Округот Оринџ“. Потоа Браун го направи своето филмско деби во филмот Stomp the Yard, заедно со Ни-Јо, Меган Гуд и Колумбус Шорт на 12 јануари 2007 г. Во април 2007 г., Браун беше актот што го отвори концертот на Бијонсе Ноулс во Австралија, дел од нејзината The Beyoncé Experience турнеја. На 9 јули 2007 г. Браун се појави во една епизода на шоуто My Super Sweet 16 на МТВ (за настанот шоуто беше преименувано во: Chris Brown: My Super 18) каде што го прославува својот осумнаести роденден во Њујорк.

Во ноември 2007 г., Браун се појави како гостин во прогамата Math-A-Thon на болницата St. Jude Children's Research Hospital, за да ја покаже својата поддршка со тоа што ги бодрел студентите да ги користат своите математички вештини за да им помогнат на децата болни од рак и други катастрофични болести. Набрзо по завршувањето на неговата летна турнеја со Ни-Јо, Браун брзо го започна снимањето на неговиот втор студиски албум, Exclusive, којшто беше издаден на 6 ноември 2007 г. во САД. Албумот дебитираше на место број четири на американската Билборд 200 листа, со 294 000 албуми продадени во првата недела од неговото издавање и прими доста позитивни коментари од музичките критичари. Од 23 март 2011 г. се продадоа 1,9 милиони албуми во САД. Главниот сингл на албумот, "Wall to Wall", се искачи на 79 место на американската топ-листа Билборд 100, и број 22 на американската Hot R&B/Hip-Hop Songs топ-листа. Песната "Kiss Kiss", продуцирана од Т-Пејн којшто исто така пее со него на овој сингл беше издадена како втор сингл од албумот. Го достигна првото место на американската Билборд 100 топ-листа и стана број два сингл на Браун веднаш по "Run It!" во 2005 г. "With You", е песна продуцирана од Старгејт, и беше издадена како трет сингл од албумот Exclusive, и го достигна второто место на американската Билборд Хот 100 топ-листа. На 21 ноември 2007 г. Браун со појави во филмот This Christmas, семејна драма во којашто глуми Реџина Кинг. За уште поголема промоција на албумот Exclusive, Браун ја започна неговата “The Exclusive Holiday Tour“ турнеја, посетувајќи над триесет локации во САД. Турнејата започна во Синсинати, Охајо на 6 декември 2007 г. и заврши на 9 февруару 2008 г. во Хонолулу, Хаваи. Во март 2008 г. Браун ја издаде песната "No Air" на којашто пее со Џордин Спаркс и којашто се искачи на трето место на американската Билборд 100 топ-листа.Тој исто така, како гостин се појави во синглот "What Them Girls Like" на Лудакрис и на Шон Гарнет. Песната се искачи на 17 место на американската Хот РнБ/Хип-Хоп топ-листата и место број осум на американската Хот Рап Сонгз топ-листа. Браун одново го издаде албумот Exclusive на 3 јуни 2008 г. како делукс верзија, наречена Exclusive: The Forever Edition, или седум месеци по издавањето на оригиналната верзија. Одново издадената верзија содржи четири нови песни, вклучувајќи го и синглот "Forever", којшто го достигна второто место на Билборд Хот 100 топ-листата. Во август 2008 г., Браун се појави како гостин глумејќи се самиот себеси во филмот The Suite Life of Zack & Cody на Дизни. Во октомври 2008 г. тој гостуваше на песната на Т-Пејн "Freeze", од неговиот трет студиски албул Thr33 Ringz. На крајот на 2008 г. Браун беше назначен Уметник на Годината од страна на списанието Билборд.

2009–10: Graffiti и микстејпи