Џордин Брајана Спаркс (родена на ) е американска поп и Р&Б пејачка, текстописец and глумица. На седумнаесет годишна возраст, Спаркс победи на шеста сезона на Американски идол, со што стана најмладиот победник во историјата на Американски идол и останува како последната девојка која победила на оваа шоу. Нејзиниот истоименуван албум Jordin Sparks беше издаден во 2007 година од кој произлегоа два хита кои се најдоа помеѓу првите десет на табелата Билборд Хот 100—"Tattoo" и "No Air" ( со Крис Браун) – и беше награден со платина од страна на Здружението на музичките сниматели на Америка (англ. Recording Industry Association of America) кратко RIAA. Албумот се продаде во повеќе од 2 милиони копии низ целиот свет. „No Air” е моментално трет најмногу продаван хит досега од Американски идол натпреварувач, со продадени преку три милиони дигитални примероци во САД. Песната и ја донесе првата номинација на Греми награди за Најдобра Поп соработка со вокали ( англиски: Best Pop Collaboration with Vocals.)
Вториот студиски албум на Спаркс Battlefield (album)|Battlefield е издаден во 2009 , кој го достигна седмото место на табелата Bilboard 200. Водечкиот хит од албумот, истоимениот Battlefield, го достигна десеттото место на табелата Билборд Хот 100, правејќи ја Спаркс единствениот учесник на Американски идол кој има пет хитови кои достигнале на табелата во топ дваесет. Вториот хит од Battlefield, "S.O.S. (Let the Music Play)", го достигна првото место на табелата US Hot Dance Club Play, станувајќи нејзиниот прв број еден хит на табелата. . Низ кариерата, Спаркс има добиено повеќе награди, вклучувајќи ги NAACP Image Awards, BET Award, American Music Award, People's Choice Award и две Teen Choice Awards. Во 2009 година, Billboard списанието ја рангира Спаркс на 91 место од артистите на 2000 декада. Во 2012, Спаркс беше рангирана на 92 место на VH1 списокот на 100 Најдобрите жени во музиката. Во февруари 2012, таа продаде 1,3 милиони копии од албумот и 9,8 милиони хитови само во САД, со тоа станувајќи еден од најуспешниот учесник на Американски идол на сите времиња.
Спаркс се оддалечи од снимањето на музика,создавајќи кариери во глумење и Бродвеј, како и дизајнирајќи парфеми. Таа се има појавено како гостин во повеќе телевизиски серии започнувајќи со The Suite Life On Deck во 2009 и подоцна во Big Time Rush во 2010. Истата година, Спаркс го имаше своето прво појавување во мјузиклот In The Heights во улогата на Нина Росарио. Нејзината поголема улога беше во филмот Sparkle (2012) во којшто заедно глумеше со Витни Хјустон, Дерек Лук, Кармен Иџого и Тика Самптер. Во октомври 2010, Спаркс го промовира својот парфем Because of You... по кој беше промовиран и нејзиниот втор парфем “Fascinate” во март 2012 година. Истата година People (magazine) списанието ја назначи Спаркс како една од „Најубавите на секоја возраст„ (англиски: “Most Beautiful at Every Age") за 2012.
Животопис Личен живот Спаркс е родена во Финикс, Аризона, од мајка Џоди (моминско Веидман) Спаркс, и татко поранешен професионален фудбалер Филипи Спаркс. Спаркс има помлад брат, Филипи Спаркс џуниор ( скратено „PJ” од Philippi Sparks), кој игра фудбал на Универзитетот во Северна Дакота. Нејзиниот татко по потекло е Афроамериканец а нејзината мајка е caucasian. Пораснала во предградијата на Риџвуд, Њу Џерси додека нејзиниот татко играл како одбрана за Њујорк Џајантс (англиски: New York Giants ). Од Њу Џерси, Спаркс се образовала во северозападното општинско Христијанско училиште во Финикс сè до осмото одделение. До 2006 година учела во средното учулиште Sandra Day O'Connor High School каде што потоа се образовала дома со цел да може да се сконцентрира на пеењето.Rennie Dyball (May 28, 2007). Hometown Idols . People. Retrieved 2010-02-25. Спаркс е евангелистички Христијанин и ја посетува општинската црква Калвари во Финикс. Во нејзината Американски Идол биографија, таа им заблагодарува на своите родители и на Господ за нејзината победа. Добитник е на наградата за најдобар млад изведувач на годината во Аризона три години по ред.
Почетоци на кариерата Пред да се појави на Американски идол, таа учествувала и победила на повеќе натпревари за таленти како Coca-Cola's Rising Star, Gospel Music Association Academy's Overall Spotlight Award, America's Most Talented Kids, Colgate Country Showdown, и 2006 Drug Free AZ Superstar Search. Пред Идол, Спаркс често ја изведувала државната химна на различни спортски настани, особено за Phoenix Suns, Arizona Cardinals, и Arizona Diamondbacks. Исто така се појавува со Алис Купер во неговото Божиќно шоу во 2004 година и била дел од турнеја со христијанскиот пејач Мајкл В.Смит во 2006. Истата година таа беше еден од шесте победници на Финикс Торид, потрагата за следниот „Модел со плус големина„(англиски: "Next Plus Size Model"). Таа замина за Калифорнија каде што се појавила во бројни Торид реклами. . Реклама од цела страна со Спаркс на Торид се појави во декемврискиот број на Seventeen списанието во 2006.
На 16 Јуни 2011 година, Спаркс ја имала својата прва бикини фотосесија за насловната страна на People (magazine) списанието во изданието за Најневеројатни тела. Кога зборува за намалувањето на нејзината тежина и режим на исхрана за Access Hollywood, Спаркс вели: „Мојот режим на исхрана остана скоро ист. Ако сакам парче леб, јас јадам парче леб, но донесувам поздрави одлуки како наместо да јадам кесе чипс за ужина, гледам да најдам јаболка. Исто така си го зголемив внесувањето на зеленчук и пијам многу повеќе вода.„.
2006: Американски идол
Летото во 2006 година, Спаркс се пријави двапати на аудициите за петта сезона од Американски идол: првиот пат во Лос Анџелес но не успеа да помине во првиот круг , и вториот пат во Сиетл после победата на Аризона идол, натпревар за таленти спроведен од Финикс Фокс на каналот KSAZ-TV. Аудицијата во Сиетл се гледаше на 17 јануари 2007 година емитувана од Американски идол, на која што таа заработи „златна карта„ и правото да се појави на аудицијата во Холивуд. Судијата на Американски идол, Ренди Џексон, рекол како на шега дека „ Природната коса ќе победи оваа година„. За време на шоуто, Спаркс се здоби со лојални обожаватели кои се познати како "Sparkplugs". На 23 Мај 2007 година, Спаркс беше прогласена за победник на шестата сезона на Американски идол. Таа е сè уште најмладиот победник во историјата на Американски идол. Ковел рекол: „Џордин беше таа која најмногу се подобри во текот на сезоната- не започна баш најдобро, но на пола пат од ова беше девојката која одеднаш доби моментум.” Тој додаде дека „Млада девојка, симпатична и.. го помина забавувачот(Луис).„ Таа изевде четири одбрани песни на Американски Идол, вклучувајќи ја и крунисувачката песна "This Is My Now", која што е достапна на нејзиниот истоименуван мини-албум, издаден на 22 мај во 2007 година, денот пред големото финале. Крунисувачката песна "This Is My Now", го достигна петнаесеттото место на Билборд Хот 100, со тоа станувајќи првиот хит на Спаркс во петнаеститите најдобри на табелата. Следното лето таа беше дел од турнејата на Американски идол LIVE! Tour 2007 од 6 Јули сè до 23 Септември заедно со преостанатите натпреварувачи од топ десет кругот.
Откако победи во 2007, Спаркс се врати во Идол уште пет пати. Двапати настапуваше на седма сезона на Американски идол, еднаш на Idol Gives Back шоуто изведувајќи ја "No Air" заедно со Крис Браун, и другито пат на финалето изведувајќи ја "One Step at a Time" на 21 Мај, 2008 година. На 13 Мај, 2009 ја изведе "Battlefield (song)|Battlefield" на една од епизодите на Американски идол. Следната година на 26 Мај,2010, заедно со останатите натпреварувачи од финалето од деветтата сезона, му изаде почит на Сајмон Конвел. Од неодамна ја изведе нејзината нова песна "I Am Woman" за време на десеттата сезона. Сè до денес, таа е последната женска личност која победила на овој натпревар. Последните пет победници после неа се само мажи.
Изведби/Резултати ЕпизодаТемаИзбор на песнаОригинален изведувачРедослед #РезултатиАудицијаN/A"Because You Loved Me"Селин ДионN/AПоминаХоливудN/A"Some Kind of Wonderful"Соул брадерс сиксN/AПоминаТоп 24 (12 Жени)N/A"Give Me One Reason"Трејси Чапман6СигурнаТоп 20 (10 Жени)Недела со посвета"Reflection"Кристина Агилера6СигурнаТоп 16 (8 Жени)N/A"Heartbreaker"Пет Бенатар1СигурнаТоп 12Диана Рос"If We Hold On Together"Диана Рос12СигурнаТоп 11Британска инвазија"I (Who Have Nothing)"Бен Е.Кинг7СигурнаТоп 10No Doubt/изведувачи инспирирани од Гвен Стефани"Hey Baby"No Doubt9СигурнаТоп 9Амеиканска класика"On a Clear Day"Тони Бенет5СигурнаТоп 3Топ 8Латинo - Американска музика/Латино"Rhythm Is Gonna Get You"Глорија Естефан6СигурнаТоп 7Кантри-музика"A Broken Wing"Мартина МекБрајд2СигурнаТоп 6Инспиративна"You'll Never Walk Alone"Роџерс и Хамерстејн6СигурнаБез елиминации неделаТоп 6Бон Џови"Livin' on a Prayer"Бон Џови2СигурнаTop 4Бери Гиб"To Love Somebody""Woman in Love"Bee GeesBarbra Streisand48СигурнаТоп 3Избор на судијата (Simon Cowell)"Wishing on a Star""She Works Hard for the Money""I (Who Have Nothing)"Рос Ројерс[Дона Самер]Бен Е.Кинг147СигурнаФиналеНова песнаПретходна песнаПесна на крунисување"Fighter""A Broken Wing""This Is My Now"Кристина АгилераМартина Мек БрајдЏордин Спаркс246Победник
2007–2008: Jordin Sparks
По победата на Американски идол, Спаркс потпиша со 19 Recordings/Jive Records, и беше првиот победник на Идол кој се придружи на таа музичка куќа. На 27 август, 2007, го издаде својот прв хит "Tattoo", кој го достигна осмото место на Билборд Хот 100 а со тоа и првиот хит на Спаркс кој се најде помеѓу првите десет на табелата. Таа песна се здоби со платина во Соединетите Држави(САД) и во Австралија. and Australia."Tattoo" е продадена во преку два милиони копии во САД сè до денес. Таа го изаде својот прв албум именуван по самата себе Jordin Sparks на 20 ноември во 2007 година којшто го достигна десеттото место на Билборд 200. Сè до денес се продаде во преку милион копии во САД и се здоби со платина од страна на RIAA. . Дуетот со Крис Браун, "No Air", беше издаден како втор хит од албумот во февруари 2008. Во САД песната го достигна третото место на Билборд Хот 100 со што стана најдобро-рангираниот хит на Спаркс до денес. Тоа исто така беше и нејзината прва песна што се појави на табелата Hot R&B/Hip-Hop Songs, каде го достигна четвртото место. Сè до денес се има продадено во преку три милиони копии во САД со што ја напави Спаркс првиот Американски идол наптреварувач да достигне до три милиони цифра. Тоа беше и нејзината прва песна која достигна три милиони исто така. "No Air" го достигна првото место и на табелите во Австалија. и Нов Зеланд каде што беше наградена со платина и во двете земји..
На 3 февруари, 2008 година, Спаркс ја пееше Државната химна на Super Bowl XLII. Има настапувано во чест на Арета Френклин на NAACP Awards во февруари исто така. Пред тоа, наставуваше во чест на Диана Рос во декември 2007.
Како поддршка на нејзиниот албум, таа ја отвори турнејата на Алиша Кис во Северна Америка позната како As I Am Tour, која започна на 19 април во 2008. . Пред турнејата, се појави закана за нејзината кариера каде што повредата на грлото ја принуди да откаже неколку недели од шоуто. Таа страдала од акутна хеморагија на гласните жици и било наредено строго да го одмара гласот сè додека состојбата не се подобри. Таа се врати на својата работа на 30 април, 2008 и остана на турнејата сè до 18 јуни, 2008. Подоцна се придружи на Keys и нивната турнеја во Австралија и Нов Зеланд во декември 2008та.
Третиот хит од албумот "One Step at a Time" беше издаден во јуни 2008та. Го достигна седумнаесеттото место на Билборд Хот 100 со што стана нејзиниот четврти хит кој се најде помеѓу првите дваесет на табелата. Со оваа таа стана првиот учесник на Американски идол кому првите четири хита го достигнале тоа место на табелата. Исто така се најде и помеѓу првите дваесет на табелата и во Австалија, Канада и Обединетото Кралство. Во Нов Зеланд, песната го достигна второто место и беше наградено со злато од страна на RIANZ.