Гранодиорит — вариетет на гранитот, кај кои натриумовиот плагиоклас преовладува над алкалниот момирок. Имаат зрнеста (главно среднозрнеста до ситнозрнеста) структура. По боја се сивозелени, зелени или црвеникави (кога бојата им доаѓа од обоениот момирок). Бидејќи се побогати со боени состојки, гранодиоритите се главно потемни од гранитите. десно|170п Минерали кои го градат гранодиоритот се: кварц, алкални момирок, кои може да биде ортоклас или микроклин, интермедијарни плагиоклас, обоени минерали (најчесто од групата на лискуни).

Структурата на гранодиоритот е зрнеста, а текстурата е масивна.

Поврзано Список на карпи

Наводи

Литература Ђорђевић В., Ђорђевић П., Миловановић Д. 1991. Основи петрологије. Београд: Наука

Категорија:Карпи Категорија:Магматски карпи