мини|десно|Народната кујна од Берлин (слика од 1859) мини|десно|Невработени чекаат ред пред народна кујна за време на Големата депресија (Чикаго, 1931)

Народна кујна е место каде на гладните им се нуди бесплатна храна или одредени прехранбени производи по симболична цена. Овие објекти најчесто се наоѓаат во сиромашните градски населби, и во нив обично работат волонтери и добронамерни поединци. Овие кујни храната ја добиваат од најразлични донации, претежно од цркви и верски организации, чии верници ја оставаат како помош за сиромасите.

Се верува дека поимот „народна кујна“ официјално влегол во јазичниот речник во текот на 1880-тите, кога една пекарница од Њујорк почнала да им дели бесплатни пекарски производи на сиромасите при крајот на нивното работното време.Wetsteon, Ross, Republic of Dreams Greenwich Village: The American Bohemia 1910-1960, Simon & Schuster, 2003, preface Овие институции станале популарни за време на Големата економска криза во САД, кога една од кујните на Ал Капоне во Чикаго почнала да раздава храна на гладните, како би го подобрила јавното мислење за него.„Народни кујни“ Social Security Online History Page. Бенџамин Томпсон, еден од основачите на модерна Америка, се смета за изумител на народните кујни. Според едно истражување од 1985 г. било дојдено до сознание дека 95% од храната која им се дава на посетителите имала недостаток на витамини.American Journal of Public Health „Нутриционистички податоци за храната која се сервира во народните кујни: Истражување“ Г. Т. Лејвен и К. С. Браун, август, 1985; 75(8): 875–878.

Според статистиката на Министерството за труд и социјална политика, во Р. Македонија има вкупно 41 народна кујна, од кои шест се во Скопје.И селата добиваат народни кујни, преземено од Нова Македонија, 1 декември, 2011 Според истите податоци, преку 4000 приматели на социјална помош ги посетуваат овие места.Народни кујни на секој чекор- вистински излез од кризата?, преземено од ИдиВиди, 26 декември, 2012Народните кујни- егзистенција за најсиромашните , преземено од DW, 6 ноември, 2011

Наводи

Поврзано Сиромаштија Просење

Категорија:Сиромаштија Категорија:Видови ресторани Категорија:Социјала