мини 1988 () — престапна година според општоприфатениот календар. Тоа била 1988 година од новата ера, 988. од вториот милениум, 88. од XX век и деветта од 1980-тите.
Други календари Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7496 и 7497 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6738 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5748 и 5749 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2741.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт Цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот Цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1988 година се протега во 4624 и 4625, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4684 и 4685 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2531. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1408 и 1409 исламска година. Настани 1 јануари - СССР започнува со својата програма на економски реформи позната како перестројка 13-28 февруари - Во Калгари, Канада, се одржуваат Зимските олимписки игри 15 мај - По осум години војна, Советската армија го започна своето повлекување од Авганистан. 3 јули - Во Скопје е одржана Првата светска средба на децата бегалци од Егејска Македонија 8 август - Во Мјанмар започнува народно востание против воената диктатура во земјата 20 август - Завршува Иранско-ирачката војна 11 септември - Во Естонската ССР се одржуваат демонстрации за независност од СССР 17 септември - 2 октомври - Во Сеул, Јужна Кореја, се одржуваат Летните олимписки игри 5 октомври - Во Чиле на национален плебисцит е отфрлено продолжувањето на мандатот на Августо Пиноче 8 ноември - На американските претседателски избори републиканецот Џорџ Буш го победува демократот Мајкл Дукакис 2 декември - Беназир Буто станува премиер на Пакистан, како прва жена која застанува на чело на влада во една исламска земја 7 декември - Ерменската ССР ја погодува силен земјотрес од кој загинаа околу 25.000 луѓе
Родени
Починале 7 јануари - Венко Марковски, македонски поет 14 јануари - Георги Маленков, советски политичар 9 март - Курт Георг Кисингер, германски канцелар 16 април - Абу Џихад, палестински водач 21 август - Реј Имс, американска дизајнерка и архитект 1 октомври - Павле Вуисиќ, српски глумец 6 декември - Рој Орбисон, американски пејач
Поврзано Календарот за таа година
Надворешни врски
81988