Дарко Станиќ (роден 8 октомври 1978 во Мојковац) ― црногорски и српски ракометен голман, кој играл за српската репрезентација.

Клупска кариера Во ноември 2014 година, по финансиската криза во РК Металург, Станиќ го напуштил клубот и преминал во германскиот клуб ББМ Битигхајм. Несогласувањата меѓу Станиќ и раководството на РК Металург започнале кон крајот на сезоната 2013-2014, а продолжиле и во следната сезона, поради што Станиќ одиграл само еден натпревар за Металург во Лигата на шампионите на ЕХФ.„Станиќ ќе го спасува од испаѓање бундеслигашот Битигхеим“, Дневник, година XVIII, број 5609, среда, 5 ноември 2014, стр. 22.

Репрезентативна кариера На Европско првенство во ракомет за мажи 2012, одржано во Србија, Станиќ бил прогласен за најдобар голман на турнирот.

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1978 година Категорија:Луѓе од Мојковац Категорија:Црногорски ракометари Категорија:Српски ракометни репрезентативци Категорија:Српски Црногорци Категорија:Југословенски Црногорци