Леброн Рејмон Џејмс (; р. во Акрон) — американски кошаркар кој моментално настапува за екипата Филаделфија севентисиксерс од НБА-лигата.
Често е споредуван со Мајкл Џордан, во контекст на титулата најдобар кошаркар на сите времиња. Во своето наследство досега Џејмс освоил три НБА-првенства, четирипати бил избран за Најкорисен играч во НБА, трипати за Најкорисен играч во НБА финалето, и освоил две олимписки злата со репрезентацијата на САД. Џејмс исто така се појавил на петнаесет НБА Ол-стар натпревари и бил прогласен за НБА Ол-стар МВП трипати. Тој бил најдобар стрелец во НБА за сезоната 2007-2008, а во моментов е водач по бројот на постигнати бодови во натпреварите од НБА плејофот, како и на четвртото место севкупно по бројот на постигнати бодови на сите времиња. Тој бил изгласан во Ол-НБА првиот тим дванаесет пати и пет пати во првиот одбранбен тим.
Џејмс играл кошарка за средното училиште Сент Винсент-Сент Мери во неговиот роден град Акрон, Охајо, каде бил силно прогонуван од националните медиуми како идна суперѕвезда во НБА. Без да се запише на колеџ, на возраст од само 18 години Џејмс се пријавил за НБА драфтот 2003 година, каде бил избран како прв пик од Кливленд Кавалирс. Откако во неговата дебитантска сезона 2003-2004, бил избран за НБА Руки на годината, тој наскоро се етаблирал како еден од најдобрите играчи во лигата; освојувајќи ја наградата за Најкорисен играч во НБА двапати едноподруго во 2009 и 2010 година. Откако не успеал да го освои НБА првенството со Кливленд, Џејмс заминал во 2010 година и потпишал договор како слободен агент со Мајами Хит. Овој потег бил објавен во ТВ специјал на американската телевизиска куќа ESPN насловен како Одлуката, и се смета за една од најконтроверзните одлуки на слободни агенти во американската спортска историја. Џејмс ги освоил своите први две НБА титули со Хит во 2012 и 2013 година; и во двете овие години, тој исто така бил избран за МВП и во лигата и во финалето. По неговата четврта сезона со Хит во 2014 година, Џејмс се одбрал да се откаже од својот договор со Мајами за да се врати назад и да потпише за Кавалирс. Во 2016, тој ги предводел Кавалирс до победата над Голден Стејт Вориорс во НБА финалето, носејќи и ја на франшизата првата НБА титула со што завршила 52-годишната суша на професионалните спортски екипи од Кливленд.
Животопис Џејмс е роден на 30 декември 1984 година во Акрон, Охајо, од тогаш 16-годишната мајка, Глорија Мари Џејмс. Неговиот татко, Ентони Меклеланд, има огромно криминално досие и не бил вмешан во неговиот живот. Додека Џејмс растел, животот честопати бил борба за неговото семејство, бидејќи се преселувале од стан во стан во населбите во Акрон, додека Глорија се борела да најде стабилна работа. Сфаќајќи дека нејзиниот син ќе биде подобар во постабилна семејна средина, Глорија му дозволила да се пресели со семејството на Френк Вокер, локален фудбалски тренер за млади, кој го запознал Џејмс во кошарката кога тој имал девет години.
Џејмс започнал да игра кошарка во петто одделение. Подоцна тој играл за Североисточен Охајо Шутингстарс во склоп на аматерската атлетска унија (ААУ). Тимот уживал успех на локално и национално ниво, предводени од Џејмс и неговите пријатели Сијан Котон, Дру Џојс III и Вили Мекги. Групата се нарекувала „Фаб фор“ (на англиски Fab Four) и си ветиле едни на други дека заедно ќе се запишат во исто средно училиште. Во еден потег што предизвикал локална полемика, тие избрале да присуствуваат на Сент Винсент-Сент Мери, приватно католичко училиште со претежно студенти од белата раса.
Средно училиште Во својата фрешмен година на Сент Винсент-Сент Мери, Леброн имал во просек 21 бод и 6 скокови, и со биланс од 27-0 му помогнал на тимот да ја освои државната титула во Дивизијата III како единствен средношколски тим од Охајо кој некогаш успеал да ја завршил сезоната не поразен. Следната сезона тој ги подобрил својте бројки откако регистрирал во просек 25.2 бода, 7.2 скокови, 5.8 асистенции и 3.8 украдени топки по натпревар. Неговото училиште ја одбранило титулата овојпат со само еден пораз и биланс од 26-1. Како резултат на неговите извонредни перформанси тој бил прогласен од државата за Охајо Мистер Баскетбол.
Во следната година тимот на неговото училиште ја загубил државната титула во Дивизијата II што го оставило Џејмс без шанси да се пријави на НБА драфтот 2002. Сепак, веќе следната година Сент Винсент-Сент Мери ја освоиле државната титула во Дивизијата II што била нивната трета државна титула во четири години, Џејмс бил најзаслужен за тоа со просек од 31.6 бода 9.6 скокови, 4.6 асистенции, и 3.4 украдени топки по натпревар.
НБА кариера Кливленд Кавалирс 2003-2004; Руки сезоната Џејмс бил избран од клубот од неговиот роден град, Кливленд Кавалирс, како прв пик на НБА драфтот 2003. Своето деби во НБА лигата го имал на 29 октомври 2003, во поразот на Кавалирс на гости од Сакраменто Кингс со 106-92. Ниту еден друг руки не бил дочекан со толкво медиумско внимание како Леброн Џејмс, околу него постојано биле 10 камери така што тој практични не можел нормално да се загрева. Најпознатите спортски телевизиски куќи во САД како ESPN, ABC, TNT, сите по ред ги откупиле правата за преносот на натпреварот во кој требало да заигра Џејмс. Тој одиграл 42 минути за кој постигнал 25 бода, 9 асистенции, 6 скокови и 4 украдени топки. Веќе во првиот натпревар поставил рекорд за најмногу постигнати бодви од земен средношколец на неговиот НБА деби-натпревар. Веќе во вториот свој натпревар за сезоната, тој го забележал својот прв дабл-дабл во НБА кариерата со учинок од 21 бод и 12 скокови во поразот со 95-86 од Финикс Санс.Stoudemire leads Suns with 23 points game recap ESPN.com, 30 октомври 2003
На 29 ноември 2003, Џејмс постигнал највисоки за сезоната 33 бода и 16 скокови во поразот на домашен терен од Мемфис Гризлис со 115-122.LeBron has double-double in loss game recap ESPN.com, 29 ноември 2003 Околу две недели подоцна, на 13 декември, тој постигнал нов највисок резултат за сезоната уфрлајќи 37 бода во поразот на домашен терен од Бостон Селтикс со 98-105.Pierce's steal in final minute seals it game recap ESPN.com, 13 декември 2003 Сепак, највисокиот број на бодови во својата руки сезона го достигнал на 27 март 2004 година во победата со 107-104 над Њу Џерси Нетс, кога постигнал 41 бод.Cavs halt slide, tie Celtics for 8th spot game recap ESPN.com, 27 март 2004 Со тоа на возраст од 19 години и 87 дена тој станал најмладиот НБА кошаркар кој постигнал 40 бода или повеќе надминувајќи го рекордот на Клифорд Робинсон. Тие 41 бод биле и највисокиот број на бодови постигнати од некој руки играч во сезоната 2003-2004, споделен со Кармело Ентони од Денвер Нагетс.
На крајот на сезоната, тој станал првиот кавалир што ја добил наградата НБА Руки на годината, со завршен просек од 20,9 бода, 5,5 скока и 5,9 асистенции по натпревар, тој исто така станал само третиот играч во историјата на лигата со просек од најмалку 20 бода, 5 скокови и 5 асистенции по натпревар како дебитант. Тој исто така ги добил сите месечни награди за руки на месецот на истокот од октомври до април, и бил избран во Ол-Руки првиот тим. Кливленд ја завршил сезоната со скор 35–47, и не успеале да се пласираат во плејофот и покрај подобрениот резултат за цели 18 победи во однос на претходната сезона.
2004-2008; Растење во голема ѕвезда Во сезоната 2004–2005 Џејмс за првпат бил избран да игра на НБА-ол-стар натпревар, придонесувајќи со 13 бода, 8 скокови и 6 асистенции во победата на истокот. Во текот на сезоната Леброн срушил бројни рекорди. На 19 јануари 2005, во победата на гостувањето кај Портланд Трејлблејзерс тој забележал 27 бода, 11 скокови и 10 асистенции со што станал најмладиот играч во историјата на НБА лигата кој остварил трипл-дабл учинкок.LeBron youngest to get triple-double in Cavs win game recap ESPN.com, 19 јануари 2005 На 20 март 2005, тој постигнал највисоки дотогаш во кариерата 56 бода во поразот на гостувањето кај Торонто Репторс со 105-98, со што на возраст од 20 години и 80 дена станал најмладиот играч во историјата на НБА кој постигнал 50+ бода.James youngest ever to score 50-plus game recap ESPN.com, 20 март 2005 На крајот на сезоната тој имал просек од 27,2 бода, 7,4 скокови, 7,2 асистенции и 2,2 украдени топки по натпревар и бил избран во Ол НБА вториот тим. И покрај добриот скор од 30-20 на почеток на годината, Кавалирс повторно не успеале да се квалификуваат за плејофот, завршувајќи ја сезоната со позитивен скор 42-40.
Во сезоната 2005-2006, Леброн вторпат по ред бил избран да игра на Ол-стар натпреварот и во него тој го предводел истокот до победа со 122-120 уфрлувајќи 29 бода, 6 скокови и 2 асистенции. Така тој станал најмладиот најкорисен играч на Ол-стар натпреварот со 21 година и 57 дена. Во текот на сезоната тој трипати по ред бил избран за играч на неделата, а на крајот собрал пет такви награди. Исто така во периодот од 22 март до 8 април 2006 година, во девет натпревари по ред постигнувал најмалку 35 бода, и така им се придружил на Мајкл Џордан и на Коби Брајант како единствени пред него на кои им успеало ова. На крајот од регуларниот дел од сезоната Џејмс имал просек од 31,4 бода, 7 скокови и 6,6 асистенции по натпревар, па така станал најмладиот играч во историјата на лигата кој на крајот од една сезона имал просек од преку 30 бода по натпревар. Џејмс бил близу да биде избран за најкорисен играч на сезоната, но сепак на крајот завршил како втор во изборот зад Стив Неш. Предводен од Џејмс Кавалирс успеале да се пласираат во плејофот за првпат од 1998 година. Своето деби во плејофот Леброн го имал во првиот натпревар од серијата против Вашингтон Визардс, во кој остварил трипл-дабл (32 бода, 11 скокови и 11 асистенции) со кој им помогнал на Кавалирс да победат со 97-86. Со тоа им се придружил на Џони Мекарти и Меџик Џонсон како единствени играчи кој оствариле трипл-дабл на своето деби во плејофот. Во третиот натпревар од серијата против Визардс, тој го погодил својот прв шут за победа во кариерата, притоа реализирајќи уште еден таков во петтиот натпревар од серијата. Кавалирс на крајот успеале да ги минат Визардс во 6 натпрвевари, но загубиле во вториот круг од Детроит Пистонс во седум натпревари. Во плејофот 2006 Леброн имал просек од 30,8 бода, 8,1 скокови и 5,8 асистенции.
thumb|right|Џејмс во 2007.